Кавадарци

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Немаше ваква тема па отворив

во почеток еден филм на кавадаречки дијалект

 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од воведниот пост прочитавме одлични информации за Кавадарци, каде се наоѓа, кога е основан, колку жители има, кои се познати градски локации, места на кои може да се ужива во локалната кујна, кои познати личности потекнуваат од таму, историски знаменитости... i feel i know everything about kavadartzi, thanks to this thread :D

Среќа што не кликнав на видеото, ќе следеше overload...
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Од воведниот пост прочитавме одлични информации за Кавадарци, каде се наоѓа, кога е основан, колку жители има, кои се познати градски локации, места на кои може да се ужива во локалната кујна, кои познати личности потекнуваат од таму, историски знаменитости... i feel i know everything about kavadartzi, thanks to this thread :D

Среќа што не кликнав на видеото, ќе следеше overload...

Ако си толку паметен ти земи напиши ги тие информации,ајде...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Основни податоци:
Седиште на Општина Кавадарци, Вардарски СР.
Поштенски број: МК1430
Повикувачки број: 043/4ХХХХХ
Автомобилска ознака: KA (поранешна: VE-J?/VE-K?)
Надморска висина: ~230 m
Население: 37000 (97% Македонци)

Познат по грозјето, виното и црвениот убиец. И по вечното ривалство со Неготино (Повардарско).
Познато и по Цацко од Конопиште.

 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Општина Кавадарци зафаќа површина од 992,44 км квадратни и има 39,04 жители на км2 густина на населеност. Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, Р'жаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Образование :


-високо: Универзитет Св Кирил и Методиј и Универзитет Гоце Делчев - Дисперзирани студии

-средно: СОУ „Киро Спанџов - Брко“ ,СОЗШУ „Ѓорче Петров“ ,СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

-основно: Тоде Хаџи Тефов,Димката Ангелов Габерот ,Страшо Пинџур,Тошо Велков-Пепето и Гоце Делчев.

800px-The_ossuary_monument_in_Kavadarci.jpg


СПОМЕН КОСТУРНИЦА

403px-Monument_-_Tikve%C5%A1_Uprising.jpg


СПОМЕНИК ВО КАВАДАРЦИ ПОСВЕТЕН НА ЖРТВИТЕ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ

800px-Makedonija%2C_Kavadarci_-_most_na_reci_Luda_Mara.JPG


МОСТ НА РЕКАТА ЛУДА МАРА
 
Последна промена од модератор:

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Убаво вака слики што сте постирале, но тоа не кажува ништо за градот.
Се убаво, ми се допаѓа тоа што е релативно мирно место за живеење, ефтино, сеуште постојат гостопримливи луѓе, мало и удобно гратче. Но каде се другите работи?
Јас нема да хејтам многу зашто стварно не е фер :zelen
Искрено стариот плоштад ми беше многу поубав од овој, можеби затоа што имам спомени од детството таму, или пак затоа што фонтани и мали замислени антички театри делуваат малку кич. Во ред е да се модернизира градот јас оправдувам се и сешто, само оваа замисла за плоштадот не ми се допаѓа. Да не го тупам јас за плоштадот ќе кажам ете дека за реновирањето на кејот имам само позитивни критики.
Малку за луѓето.
Во последните две-три години цела помлада генерација е затуцана по кафани и биртии, на пејачка, салата и ракија и мене тоа ми е навистина многу жално. Уште по жално е што кавадаречката (О)младина критериумите за добра забава ги има спуштено на едно така ниско ниво, што едни аматери од музичари со репертоар од 3 песни можат да им остават впечаток дека "растуриле''.
Се помалку има седенки со гитари, пиење утринско кафе во Бриони додека уживаш во прекрасниот парк, каде залутаните исплашени погледи од верверичките те прават уште по среќен, посета на излетничките места ДУРИ и тогаш кога не е 1 Мај, слободна прошетка до костурницата без да ти е страв да сретнеш некое џанки... Ми недостига сето тоа, но како што забележувам заменето е со 5 часовно дремење во некоја кафана, или пиење кафе 2 саати во некој кафич затоа што друга идеја за забава и не постои.
Убав град ни е Кавадарци - луѓето не чинат. :zelen
Раздвиженост се забележува во Септември кога се одржува манифестацијата Тиквешки Гроздобер. Е тогаш градот се буди од мртвите и позитивната енергија струи низ воздухот. Многу сум сигурна дека за таквата енергија е заслужен алкохолот. :zelen
Во последните чинам две години се одржува и Т'к Так Фест во чест на Трајко Каров, каде младите имаат можност да се забавуваат со бендови од Македонија. Но, слабо народ слабооо. Кој сака да слуша Мизар или Ареа, стари или некои добри нови рок бендови? Нормално, поинтересно е на певаљка во кафана, на DJ во некој кафич или дискотека. И така се по ред.
Изгледам како многу револтирана од сето ова, но реалноста е таа. Знам дека ова постои во секој град, но јас лично многу се нервирам па морав да пишам. :zelen
Ве чекам на собиранка :giggle

П.С За да не биде се толку црно во мојот пост еве ви малку да се насмееме:
Кавадаречки речник:
1. Здраво колега,одамна не сме се виделе.....Кај си бе да те е..м
2. Паднав.....Се еба се срина.
3 .Навистина?..... Шо лафиш бе?
4. Не се согласувам со вас.....Не е така таа
5. Јас не се согласувам по ова прашање.....Кој ве е*е сите
6. Која функција ја има господинот ?..... Кој к*р фактор е он тука?
7. Господинот е многу образован..... Он е голем пе*ер
8. Вашата секретарка е многу љубезна..... Ја е... ли ти оваа бе ?
9. Ќе ве молам излезете..... Ај, гитла од тука
10. Не сме заинтересирани за реклама..... Кој к*р ќе ни е нас реклама


1. Како е на кавадаречки жолто ?
- Ж'то.
2. Како е многу жолто ?
- Ногу ж'то.
3. Како е многу многу жолто ?
- Ногу ногу ж'то.
4. Како е многу многу многу жолто ?
- Ж'то у п...у матер.

гром удари - м'ња м'сна
направи го - онади го
туѓинец во ноќта - јабанѓија у никое време
сунчане скале - лесвица на припек
Никола Тесла - Коло прашалката
жолт, долг волк - ж'т, д'г, в'к
ве молам - не се прави п***р
вие се шегувате со мене - ама ти си го ладиш со мене изглеа
почнав да перам облека - курдисав алишта да перам
имаш земјоделска убавина - ѓоа мотика си у фацата
тргна - киниса
тргна работата - киниса да курдисуе
туркам - чуркам
 

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
М'ња м'сна :D

Чекај озбилно реката се вика Луда Мара? Aма некоја пубертетлиска мокра Мара со тесна половина и долга нога,али добро е не е ко Сава, па да ги јава градските мостчиња.Убаво кејче, али плоштадот ми личи на некое севернокорејско бетонско парче на кое виселе безброј осудени тела, биле сечени пијани кавадаречки глави и од тука ги праќале шпиуните на Голи Оток од моментот кога Цацко лично го пречекал Тито за да му врачи орден на храброста поради што тој му го е*а мамето нацистичко на чичко Хитлер. Мнооооооооооооооогу добро вино праите (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
М'ња м'сна :D

Чекај озбилно реката се вика Луда Мара? Aма некоја пубертетлиска мокра Мара со тесна половина и долга нога,али добро е не е ко Сава, па да ги јава градските мостчиња.Убаво кејче, али плоштадот ми личи на некое севернокорејско бетонско парче на кое виселе безброј осудени тела, биле сечени пијани кавадаречки глави и од тука ги праќале шпиуните на Голи Оток од моментот кога Цацко лично го пречекал Тито за да му врачи орден на храброста поради што тој му го е*а мамето нацистичко на чичко Хитлер. Мнооооооооооооооогу добро вино праите (y)
Луда Мара затоа што секое друго име на река е мејнстрим. Таква река, онаква река...Вака да се знае. :zelen
Шала на страна, демек името го добила заради тоа што има многу низок водостој на лето, па во пролет и есен или кога има обилни дождови може да надојде за краток временски период како ''луда'' и да ни го поплави градчето :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Луда Мара затоа што секое друго име на река е мејнстрим. Таква река, онаква река...Вака да се знае. :zelen
Шала на страна, демек името го добила заради тоа што има многу низок водостој на лето, па во пролет и есен или кога има обилни дождови може да надојде за краток временски период како ''луда'' и да ни го поплави градчето :D
Still better than Гомнарка :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel and Aleksis