Историски знаменитости од вашата околина

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Македонија е богата со историја, тоа го докажуваат многубројните градби на нејзина територија. Градени од освојувачи или бранители, тие се културно-историско богатство.

Тврдината Маркови Кули, всушност, го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Опкружена со стрмни падини покриени со монументални гранитни карпи, некогашната населба се наоѓа на 120 до 180 метри висок рид. Во тврдината се откриени остатоци кои укажуваат на постоење раноантичка населба - Керамија. Во римскиот период, оваа мала селска населба се проширила во југозападното подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една ранохристијанска базилика. Населбата била сместена јужно од акрополата, на околу 3,6 хектари. На нејзиниот северен ѕид до денес стои двојна порта, како и голема стражарска куќа, поставена помеѓу влезовите. На јужниот ѕид стојат добро сочувани три кули.

5482404.jpg


Обѕидието на овој терен потекнува од XIII до XIV век и се наоѓа во добра состојба. Ѕидовите се со широчина од околу еден метар, изградени од послаб варовнички малтер и се потпираат на големите варовнички карпи. Акрополата била поделена на помали простории со внатрешни преградни ѕидови. Тука се наоѓал и дворецот на кралот Волкашин и Марко. Во западниот дел се наоѓаат гробови всечени во карпа. Во XIV век овој дел служел како привремено прибежиште на околните жители од турската наезда.

31208734.jpg


По смртта на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Според некои историски наоди, оваа тврдина до втората половина на XIII век и подоцна ја бранеле само 40 војници. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија. Така, во подножјето на Маркови Кули се развила населба со разретчена структура, поделена во неколку маала, секое со своја црква. Оваа нова населба од XIV век го добила името Варош, под кое постои и денес.

54861052.jpg


***
Споделете некое историска градба/место во вашата околина
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Струмичко Кале (Цареви Кули)
Струмичкото Кале, познато како Цареви кули, е тврдина од 11 век која се наоѓа над градот Струмица.
248px-North_Czar%27s_Tower_in_Strumica%2C_Macedonia.jpg

Местоположба
Царевите кули се издигаат над југозападната периферија на Струмица каде се крстосувале значајни антички патишта: патот Астибо — Астраион — Добер — Идоменае — Тесалоника (денешен Штип — Струмица — Валандово — Дојран — Солун); патот кон Стримон на исток (денешен Петрич) и кон Стенае на
запад (денес оди само до Конче, а не и до Демир Капија)[1].
Ова кале се наоѓа на надморска височина од 445 метри и од таму е можна прегледност и контрола над целата струмичка котлина[2]. Калето можело полесно да се брани и кога не би било утврдено, затоа што со стрмнина е обиколено од сите страни. Ваквата местоположба на тврдината и овозможува едновремено да ги контролира трите влеза во градот.
Подградието на градот се простирало во северното подножје на ридот, на високата тераса на која денес лежи најстариот дел на Струмица. И тоа било опфатено со ѕидини, а надвор од овој простор се ширела некрополата (кај старата пошта). Во овој дел биле откопани гробови од хеленистичко време (3 век п.н.е.) и римскиот период (3 век).
Калето имало специфична правоаголна основа голема 21.60 х 8 метри. На целиот простор од тврдината се наоѓаат темели од куќи за живеење и поголеми градби од друг карактер. Површината на калето изнесува 3.654 м²[3].
Историја
Од 986 до 1018 година Струмица се наоѓала во рамките на Самоиловото царство и на неговите наследници. Од 1018 до 1330 година егзистирала во рамките на Византија, со покуси прекини од крајот на 12 до средината на 13 век. Имено тогаш со неа владееле локалниот феудалец Добромир Хрс (од околу 1185 до 1202 година), а потоа наизменично Бугарите, Латините од Солун и царевите од Никеја. Србите ја зеле Струмица во 1330 година, а Османлиите во 1385 или
1395 година. Во турскиот период Струмица постоела како градче со мешано турско и христијанско население и седиште на една голема каза.
250px-Macedonia_location_map.svg.png


Антички период
Најстарите остатоци за постоење на град на ова место датираат од раниот енеолит каде при истражувањето во 2000-тите била пронајдена куќа односно праисториска населба која била расположена на самата падина. Од овој период исто така биле пронајдени фрагменти на садова керамика. Над оваа т.н. куќа била пронајдена втора фаза, најверојатно од доцниот енеолит. Од оваа населба исто така биле откриени многу фрагменти на садова керамика од раниот енеолит како и некои други отилитарни предмети кои на некој начин биле употребувани во секојдневниот живот на жителите на населбата.
Во 168 п.н.е. Македонија паднала под римски протекторат и била поделена на четири мериди, а Астраион припаднал на втората мерида. Во 148 п.н.е. Македонија станала римска провинција. Под името Астраион градот или тврдината за првпат во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 п.н.е., во врска со убиството на Деметриј братот на македонскиот крал Персеј (179-168 п.н.е.), односно синот на Филип V (221-179). Името Астраион градот го добил по пајонското племе, Астраи.
Од овој период потекнуваат монети на кој е претставен богот Аполон како и монети со ликот на Филип Македонски. Од периодот кога Струмица се наоѓала под власта на Римската република и Римската империја, била откриена и некропола. Во текот на овој период не е познато дали постоела некаква тврдина. Истражувањата покажале на ритуал на погребување преку кремирање на покојниците со богат фундус на садови и друг материјал материјал како накит, монети.
Од овој период исто така биле пронајдени и пет јами вкопани во карпа од кои некои со огромни димензии. Т.н. Јама 5 има широчина 5х5 метри и 4 метри длабочина. Од овие јами биле откриени огромна количина керамика со црн фирнајз и фрагменти на црвенофигурална керамика, накит, фибули од малоазиски тип, оловни проектили со натпис, македонски монети на Филип II и Аминта III и Филип V, неколку фрагментирани железни копја, култови на Кибела и Хермес потврдени преку нивни теракотни претстави, пар на златни обетки со негроидни глави и уште еден пар на златни обетки со лавји протоми[4] како и ламба со ликот на Александар Македонски[5].
200px-Czar%27s_Tower_in_Strumica%2C_Macedonia.JPG


Византиско-словенски период
Во текот на рановизантискиот период била изградена првата тврдина на денешниот локалитет иако не е познато како изгледала. Од тој период односно 4 век биле пронајдени монети на Констатин и Диоклецијан во некрополата. Најверојатно во следните векови на овие простори не постоел живот на ова подрачје за да повторно бидат пронајдени остатоци од 11 век.
Историјата на оваа тврдина е поврзана за постоењето на самиот град. Во времето на Самоиловото царство, самиот цар ја знаел дека навлегувањата на византиските сили доаѓале од југоисточниот дел односно од Тракија и Серско поле па по долината на река Струма.
Ваквиот избор на Струмица бил сосема погоден. Од страна на Византиците тврдината била наречувана „задоблачна", бидејќи „луѓето кои седеле на ѕидиштата, кога се гледаат од рамницата, изгледале како птици“[6].
Во Беласичката битка според некои историчари се смета дека Самоил или се наоѓал во Струмичката тврдина или бил префрлен во тврдината по катастрофалниот пораз од Византија по кое од страна на неговиот син Гаврило Радомир го одвел кон тврдината во Прилеп[7]. Во периодот по битката на Беласица, византискиот император Василиј II им наредил на своите војводи, да ги преминат ридовите околу Струмица и да ги запалат ѕидините за да му ги исчистат сите пречки на патот кој води кон Солун. По добиената голема победа, Василиј II тргнал кон тврдината во Струмица, но наскоро еден друг настан го натерал да се откаже од нејзиното опсадување и да отстапи кон исток, од каде што и дошол. Имено, византискиот император му наредил на Солунскиот стратег Теофилакт Вотанијат со една единица да го расчисти патот кон Струмица од југ, од кај Костурино и Чам Чифлик. Византискиот одред бил одненадеж дочекан од заседи од македонските стражи кои со една теснина го уништиле, напаѓајќи го со камења и стрели. Византиците претрпеле потполн пораз, а самиот Теофилакт Вотанијат паднал, наводно, прободен од копјето на самиот Гаврило Радомир[8] по кое следувало и ослепување на самоиловите војници кај селото Водоча[9].
За периодот од 12 век во текот на ископувањата биле пронајдени бакарни скифати и 4300 византиски монети[10].


Поглед кон Струмица од Цареви кули
Кон крајот на 12 век и смртта на Мануел I Коминн Византија значително ослабила а на регионот околу Струмица се осамостоил Добромир Хрс кој покрај Струмица за свое седиште го избрал и Просек. Во текот на овој период има најмногу податоци за тоа како изгледал животот кон крајот на 12 век во тврдините. Тврдината била чувана од страна на 200 до 300 војници[11]. Се смета дека тврдината била заземена од страна на Византија во 1201 година.
Во следниот период тврдината била под власта на Севастокрар Стрез, на мелничкиот господар Алексиј Слав. Кон крајот на 13 и почетокот на 14 век Цареви кули одиграле значајна улога во српско-византиските судири каде е спомената тврдината. Во почетокот на 14 век, византискиот емисар во дворот на српските кралеви Никифор Грегора, се задржал неколку дена во Струмица каде што нашол заштита во градот и во едно од своите писма до Андроник Зарида во 1326 година запишал:
...Следното утро по цел ден одење стигнавме во едно гратче, над облаците, што се вели, Струмица, така некако наречено од месното население, сместено на една откината и ѓаволски висока планина, така што тие што седеа на тврдината, гледани од долината, прилегаа на птици...[12
Османлиски период
Тврдината најверојатно околу 1334 година била освоена од страна на срскиот цар Душан[13] а веќе кон крајот на 14 век (1385 или 1395 година), градот заедно со тврдината паднал под османлиско владеење. Во текот на 15 век е познато дека Османлиите извршиле одредени активности и поправки на самата тврдина за да веќе кон крајот на 15 век и почетокот на 16 век тврдината го изгуби своето стратешко значење. Во периодот во 16 век на тврдината престојувала само една мала стража составена од неколку војници за да во 17 век тврдината биде целосно напуштена.[14] За напуштањето на тврдината имаат споменато и османлиските патеписци Евлија Челебија и Хаџи Калфа и дека во неа имало само некои чобани кои што овде биле на некој начин засолнети помеѓу руините на тврдината[15]. Хаџи Калфа во врска со градот напишал:
... тој е сместен под еден брег, на чиј врв се наоѓа опустело гратче[16]. Водата се доведува по канали и се распределува на џамиите, бањите и бавчите...[17].​
Во текот на овој период започнало населување на муслиманско население и градот се проширил кон денешниот Стар град и Стара чаршија по кое тврдината изгубила секакво значење.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Денешно време
Денешно време




Внатрешноста на кулата која служела како цистерна
Според истражувањата, тврдината била користена во времето на Балканските војни и двете светски војни. Во деновите пред ослободувањето на Струмица, во ноември 1944 година една германска единица се утврдила овде за да ги контролира едновремено трите влеза во градот[18].
Во текот на 2000-те години бил направен проект за реконструкција на локaлитетот Цареви Кули преку програмата за прекугранична соработка со Општина Петрич од Република Бугарија[19] и истиот бил финансиран од Европската агенција за реконструкција и од сопствени средства на општината.
Целиот проект е поделен во пет фази и тоа:
  • I -фаза инфраструктура
  • II- фаза истражување
  • III- фаза конзервација
  • IV- фаза реконструкција
  • V - фаза - презентација и одржување на две работилници во сферата на културата
Опис на тврдината
Западен дел

Тврдината позната како Цареви кули била поделена во два главни дела, западеи и јужен. Западниот дел кој се наоѓал на тесниот врв бил опфатен со внатрешен ѕид и со четири кули. Овој дел бил резервиран за воениот гарнизон. Највисокиот северозападен дел со еден внатрешен ѕид бил издвоен во акропола[21].
Северен дел

Северната страна на тврдината е многу стрмна, а камениот материјал е трошен и се осипува. На неколку места пороите направиле големи дупки. Во средината на падината се наоѓаат остатоци на една мала, еднокорабна градба, можеби црквичка, од која се зачувани источниот и јужниот ѕид. Ѕидовите се малтерисани, но врз малтерот не е забележуваат траги од боја или цртеж, што би покажувало дека градбата била црква. Не е јасно како е приоѓало кон оваа градба, но многу е веројатно дека постоел пат кој бил однесен од пороите, заедно со северната половина од објектот и нејзиниот свод. Материјалот од разрушените ѕидови, во поголеми компактни блокови, може да се види расфрлан по стрмата падина.
Јужен дел

Пространата падина што се протега јужно, југоисточно, источно и североисточно од акрополата, била опфатена со надворешниот градски ѕид и се користела како станбен простор. Во овој дел се наоѓаат бројни темели од помали градби за живеење и работилници.
Ѕидини

По самите рабови на тврдината се наоѓаат остатоци од одбрамбен ѕид од кои западниот, во должина од 14 метри и денес е добро видлив. Овој одбрамбен ѕид тече околу платото и ја следи конфигурацијата на теренот по речиси иста изохипса. Покрај овој бедем на врвот на ридот, постојат уште неколку бедеми кои се протегаат на северната страна во неколку појаси. Овие појаси најверојатно допираат до самиот град Струмица[22].
Главниот влез на тврдината се наоѓал на јужната страна. Влезот бил фланкиран со две правоаголни кули, од кои југозападната и денес е сочувана, иако во нарушена состојба. Што се однесува до југоисточната кула, таа се издигала сè до земјотресот кој ги погодил овие краишта во триесетите години на 20 век. Влезот на јужната страна бил организиран со мост, кој веројатно бил подвижен во некои периоди и кој го премостувал вештачки направениот длабок дол поврзувајќи го со гребенот јужно од влезот.

Внатрешност

Кули



Поглед кон кулата
Од некогашната тврдина денеска се согледуваат на северната и северозападната страна остатоци од четири кули додека на источната страна одвај се наѕираат остатоците на една тркалеста кула која веројатно го маркирала влезот на тврдината.
Кулите најверојатно биле изградени во времето на Константин Дејанов[23]. Двете кули кои се наоѓаат во западниот дел од калето биле обновувани во текот на 12 век и 14 век.
Најзачувана и најинтересна е кулата во внатрешноста на тврдината кој најверојатно била изградена најдоцна до 12 век. Оваа кула претставува донжон кула (главна кула)[24] која однадвор е во форма на издолжен шестоаголник и издадени остри краишта а внатре има правоаголна основа и имала два или повеќе ката. Во оваа кула се наоѓала дождовница односно внатрешноста во сутеренот била обложена со хидростатична изолација и служела како цистерна за вода. Во внатрешнота на ѕидовите е гледаат лежиштата на меѓукатните контрукции изградени од дрво. Димензиите на ѕидовите мерени однадвор се: 5,50 х 12,5 метри, дебели околу 3 метри, а во клуновите и над 3 метри. Највисокиот дел од зачуваниот ѕид изнесува околу 9 метри височина.
Југоисточната кула заедно делови од кулата на југозападната страна го формирале влезот на јужната страна. Влезот најверојатно функционирал со подвижен мост[25]. Оваа кула била срушена во земјотресот од 1931 година[26].


Поглед кон предавателот на МРТВ и трафостаницата под кои се наоѓаат темелите на црквата
Педесетина метри северно од кулата се наоѓа издлабена во земјата четвороаголна просторија - цистерна. За оваа просторија се претпоставува дека била цистерна за вода или складиште за храна; жито, вино итн.
Црква

При реконструкцијата на Цареви кули била откриена средновековна црква која датира од крајот на 12 век и почетокот на 13 век. Од оваа црква бил изваден богат фрескоживопис[27] и една монета која е имитација на латинска или бугарска монета кое значи дека црквата најверојатно датира од 13 век[28]. Пред олтарниот простор на црквата бил пронајден крст на кој бил прикажен светител и натпис Георгио, што укажало дека можеби оваа црква била посветена на Свети Ѓорги. Црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза. Самата црква служела како придворна капела за посадата на тврдината, а покрај неа биле откриени десетици гробови со остатоци на антрополошки материјал, некои од нив богати со накит.
Црквата била пронајдена околу изградениот предавател на МРТВ кој датира од пред 30-тина години а еден дел од црквата бил срушен со поставување на трафостаницата која се наоѓа до самиот превавател. Оавен тоа, археолозите откриле и траги од палење.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Саат Кула

Изградена: 1825/1826.
Часовникот е поставен во 1858 г. Висина од 55 метри. Ја градел Перо Лауц по нарачка на Саид Ага. Во долниот дел има табла на која со арапски букви пишува:
"Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..."
Прилепчани уште го нарекуваат Прчикур, и кулата симболизира машкост.
Поради инакривување на кулата лани се започнати работи за стабилизација и стопирање на накривувањето.

77041925.jpg


89151686.jpg


99878831.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Kisserboy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Саат Кула

Изградена: 1825/1826.
Часовникот е поставен во 1858 г. Висина од 55 метри. Ја градел Перо Лауц по нарачка на Саид Ага. Во долниот дел има табла на која со арапски букви пишува:
"Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..."
Прилепчани уште го нарекуваат Прчикур, и кулата симболизира машкост.
Поради инакривување на кулата лани се започнати работи за стабилизација и стопирање на накривувањето.


Зарем во Прилеп постојат вакви чудесии? :eek:

Прилепчани уште го нарекуваат Прчикур, и кулата симболизира машкост.

Тоа е таа мала, суптилна но бескрајно значајна цивилизациска разлика. Во Англија саатот би го нарекле Олд Ник, Гренд Чарли или нешто слично. Тука саатот им асоцирал на к*р...:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and The Tramp

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Зарем во Прилеп постојат вакви чудесии? :eek:
Тоа е таа мала, суптилна но бескрајно значајна цивилизациска разлика. Во Англија саатот би го нарекле Олд Ник, Гренд Чарли или нешто слично. Тука саатот им асоцирал на к*р...:rofl
Прилеп и се е можно ;)
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2920&stID=67844
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=102610&idg=6&idb=1545&rubrika=Revija
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ами ај сефтето и за Куманово да го удрам.
Има доста вакви знаменитости, но овие се некои од поголемите обележја.

Мегалитска опсерваторија Кокино
kokino%202.jpg

Погледот од местово е нешто што само може да се доживее. Небото кога е чисто, просторот изгледа бесконечен.
Во 2005 НАСА ѝ го доделува четвртото место на листата на највредни опсерватории во светот, а веројатно потекнува од околу 1800та година пред наша ера.
Се смета дека била светилиште каде се принесувале предмети во чест на божества.

Спомен-обележје Зебрњак
1_1.jpg

Изградено во чест на војниците кои загинале во битката кај Куманово.
За жал, ова е само остатокот кој Бугарите не успеале да го срушат. Нагоре имало огромна кула, а долу се чувале посмртните остатоци од некои од загинатите.

Спомен Костурница
1574916.jpg

За жал, нема некои поголеми слики кои убаво го доловуваат местово.
Изградено во чест на паднатите борци во Народно-Ослободителната Војна. Тука лежат и нивните посмртни останки.
Долу има убаво паркче и игралиште, но е доста напуштено место поради локацијата, а има огромен потенцијал за преубав парк.

Други поинтересни на кои сега ми текнува се општинската зграда и зградата на занаетчискиот дом, двете со специфични градби, спомен-куќата на Карпош, живкова карпа и секако - Батко Ѓорѓија и познатите бандери. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Prashina

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Спомен костурницата во Кавадарци
28075482.jpg


Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци, па и пошироко на Тиквешијата.
Претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски ѕидови. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен дел во форма на амфитеатар.
Во долниот дел се влегува преку двете железни порти (јужна и северна) на кои се претставени гроздови. Тие водат кон отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите.Тука се наоѓаат дваесетина мермерни плочи на кои се испишани вкупно 328 имиња на борци загинати во НОВ.
Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре , се влегува во затворениот дел кој е поделен на два спрата кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои симболизираат прозорци.

4-1.jpg


Маркова кула
kula004.jpg


Се претпоставува дека е изградена уште пред населувањето на турците во овој крај.
Изградена е од камен и малтер во височина од 20 метри и има 5 ката. Кулата нема прозорци на првите два ката а влезот се наоѓа на вториот кат до каде се изградени камени скалила. На третиот кат има само еден мал прозорец а на четвртиот и петиот има по три прозорци со железни решетки. Отворот за одбрана се наоѓа на четвртиот кат.
Внатрешноста на кулата била изградена од дрво, но денес е речиси целосно уништена.
Марковата кула како и сите кули изградени во тој период имала одбрамбена функција за градот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius