Исповед на деца на разведени родители

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Види Ангелче, твојата исповед нема тебе да ти помогне, освен ако не ти олесни, но можеби ќе ги предомисли оние кои помислиле да се разведат. Во момент на бес некој од родителите мисли дека кавгите немаат крај и дека разводот е спас од овие кризи. Но, кога ја прочитав оваа искрена исповед сфатив дека за децата тоа ќе биде агонија без крај. Мене ми се случило , на мојот сопруг и на многу други да помислат дека: Еве ова е причина да прекинеш, да се разведеш, да го растуриш гнездото кое со години си го градел...Не е дека јас посегнувам, туку дека можеби некој или подобро еден од родителите е доволно да ја започне војната која само ќе опустоши нечии срца. Јас вчера си реков: Не можам да издржам, ќе смогнам сили ќе се разведам,. Нема љубов повеќе, нема ништо меѓу нас. Утрово си реков : Можеби ќе биде подобро, треба да се борам, се останато е предавање. Поголемиот син вчера плачење пред спиење, завчера исто,( но не се случува често).Ако се разведам ќе плаче многу почесто и кога нема да му гледам очи на солзите. Кога ти ги прочитав твоите мислите( чувства), си реков ќе се борам, не сакам твојата болка да ја носат и моите деца. Ти благодарам на искреноста. Верувам дека знаеш кои се вистинските вредности во животот. Повеќето деца од разведени родители, но прифатиле тоа како нормално, ама тоа е ненормално во најголемиот дел од случаите.


Извини што веднаш не ти вратив,бев преокупирана со многу проблеми,воедно и тоа што сега ќе се вратам кај татко ми да живеам.Ќе се вратам на одредено време во Македонија,да си ги видам роднините.Баш ми е мило што мојот текст те врати од помислата да се разведеш.Јас не реков ако мажот или жената не го сака веќе партнерот,има друг'а , се тепаат секој ден,дроги,алкохол во прашање да останат заедно,напротив,тогаш треба да се разделат.Само ми е криво што моите од почеток знаеа дека не им оди а пред мене се правеа како се да е во ред.Јас бев таа што беше збунета и не знаеше каде да оди. Сите исповести од нејзина а и негова страна зборуваат секогаш против другиот,а вистината ја знаат само они.Јас не сум судија,мене ме боли и за тој родител и за другиот.