1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Исповед на деца на разведени родители

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од FallenAngel, 11 април 2013.

  1. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.


    Толку за вечерва...
    Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...
     
    На Mesecina, O'Connell, TheCountess и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Ова како предизвик нешто?
    Кој ќе се осмели?
     
    На Peace, TheKitten, existence и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Да видиме дали некој сака воопшто да зборува за тоа или не.
     
  4. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Мислам дека со горенаведеното прашање
    навлегуваш во премногу интимна сфера.

    Он:
    Да се биде дете на разведени родители воопшто не е толку лошо.
    Ако двајцата останат во добар пријателски контакт,
    подеднакво се грижат за доброто на тоа дете
    а и му посветуваат доволно љубов не би требало да има проблем.
    Проблемот е ако родителите преку детето ги заштитуваат индивидуалните потреби,
    се осветуваат еден на друг,
    запаѓаат во депресии и се одаваат на алкохол,
    дрога и слично.
    Тоа би представувало проблем за детето.
    Кога како ти што наведе горе,
    те користел татко ти за своите потреби,
    ( не е важно какви)
    зборувајќи ти како мајка ти не го сака,
    со тоа прави,
    ако ти не успееш да ја убедиш мајка ти да му се врати да се чувствуваш виновна,
    тоа е проблем.
    Тоа за мене е манипулација.
    Можеби не мислел ништо лошо,
    но приметувам дека не мислел, а тоа е лоша карактеристика за еден возрасен човек.
    Незнам дали сето ова што го кажуваш е само
    FAKE,
    или реална вистина,но сепак мислам дека треба да се обратиш кај некој кој професионално може да ти помогне да го акцептираш и преработиш тоа.
    Постои опасност сето тоа да го префрлиш на твоите деца( без да сакаш).
     
    На Sarita, Peace, Аркантос и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    `nuff said.

    Иако темава би поттикнала интерес, сепак никое дете кое е од разведени родители не е доволно улаво вака јавно да си го пласира својот интимен живот. Освен по колумни, далеку повеќе разглобено и додадени нишки на фикција.
     
    На Furby, Luckky, JaMi и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Бидете среќни ако се здрави, живи и покрај вас кога ви се потребни.
    Се друго е драма.
     
    На Luckky, Aaliyah, Saladin и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,755
    Допаѓања:
    1,002
    Ти не си ништо крива и не треба да се обвинуваш себе си за глупостите на твоите родители. Зошто те терал тој да зборуваш убаво пред мајкати, зарем тој направил нешто лошо па сака да го прикрие со убавите зборови на детето и поради него автоматски мајка ти да останеше тука?
    Откај знаеш татко ти какви далавери правел штом те терал да зборуваш убаво за него?

    -Ова е само мое мислење онака површински,формално. Немам никаква злонамера, само сакам да подискутираме, може?
     
    На O'Connell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    Ова што ќе го напишам е поттикнато од мое лично искуство како дете на разведени родители...
    И ќе ти кажам едно НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ....така да не ја сфаќај целата ситуација како трагична драма зашто не е и не дозволувај да те погоди или да анализираш зошто и како, зашто таквите мисли ќе те уништат....не е лесно, ама без секој и без се’ се можи...
    Ти си премногу млада, цел живот е пред тебе и те чекаат уште многу искушенија, а верувај разводот на твоите родители е само едно од нив...немој во ниеден момент да дозволиш разводот на твоите родители да ти ја искриви сликата и вредноста на бракот...бракот е света заедница а ако твоите не успеале, ќе успееш ти...главта горе и биди силна...
     
    На Sarita, Licno taa, parvati и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606


    Има во веков и светов луѓе со потешки и далеку помачни судбини од твојата а разводот во денешно време е се почест важно е да не си била физички или психички малтретирана.
    и тоа не ти е цел да си ја оправдуваш својата неспособност, со тоа што уперуваш вина на твоите родители секој си има свој живот те изгледале те чувале натака сама одиш во животот, во кој нема пријатели, роднини, и вистинска љубов се е една голема лага на кило.
    Ама живот е да се живее со секојдневна борба и верба во никого.
     
    На Just Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  10. malata..

    malata.. Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2013
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    42
    И моите се исто така разведени уште откако знам за себе.. понекогаш кога ќе видам цело семејство собрано на купче ми се кине срце и се прашувам зошто животот е толку суров... а понекогаш пак сум толку среќна поради тоа, искрено ни сама не знам зошто..
    ...чудна работа....
    Но да, мораме да го прифатиме тоа како што е и да продолжиме со крената глава, затоа што понатака следат уште многу искушенија а разводот е едно од нив, како што кажа и LittleButterfly
     
    На Sarita му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: