1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Искуства со интервју за барање работа

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од Blueberry, 12 февруари 2012.

  1. KaMa(

    KaMa( Полноправен Член

    Зачленет на:
    1 јули 2012
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    32
    Нема да навлегувам многу во темата, само да си "олеснам" од душичкава во врска со последното интервју за работа што го имав.
    Мислам дека следново ќе биде солиден приказ за простотилакот и дебилноста на македонските директори, бидејќи разговоров беше директно со големиот човек. Скратена верзија:


    Директориште: Наброј ми три добри и три лоши работи за тебе
    Јас: Од добрите...амбициозен, желен да придонесам и спремен да учам нови работи
    Директориште: Од овие работи што ги кажа...можеби донекаде се согласувам со учењето. Но другиве...Со вакви одговори што ми ги даде, ова да беше профеесионално интервју, ти ќе паднеше на секое едно поле.
    Јас: За оваа позиција?
    Директориште: За секоја позиција.
    Јас: Мислите за во оваа фирма?
    Директориште: Во секоја фирма! Тоа што треба да се каже на интервју е дека си лојален и дека можеш да следиш наредби без приговор.

    И така си ќутам јас, милион работи ми светнаа на ум, а ниедна не е за кажување, сум дошол на интервју, барам работа, стегај запчиња, остај добар впечаток...

    Директориште: И тука кај нас се потпишува loyalty договор на 3 години. Ако сакаш после тоа да го прекршиш договорот, да си отидеш од тука, прво ќе ни искешираш осум илјади евра.
    Така е, после и во Влада да те бараат, нема мрдање.
     
    На nekoj od negde му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nekoj od negde

    nekoj od negde Нов член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    6
    Od vakvite intervjua koza mi se ezi . Direktori pametnajakovci. Na slednoto inervju ako mi se pogodi vakov ke mi ja otpejam kulturno i bas mi e gajle dali ke ja dobijam rabotata. Robovi li barat nenormalni.
     
  3. KaMa(

    KaMa( Полноправен Член

    Зачленет на:
    1 јули 2012
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    32
    Верувај, ми светнаа десетици добри работи за кажување, ама многу тешко се стигнува до интервју, тоа сите го знаеме, па си премолчев.
    Човекот влезе во просторијата, неколку секунди ми го разгледа резимето, виде каде сум завршил факултет и веднаш ме тагна ВЖЕШТЕНА ГЛАВА. Без јас уста да отворам. И започна...

    "Тоа каде ти си завршил факултет или кои се твоите знаења, на мене и на неа (покажува кон неговата асистентка) не ни значи баш ништо. Кога се влегува во фирма, не можеш да очекуваш дека право ќе те седнат во канцеларија. Прво се почнува со чистење на прагот. Треба да се докажеш. Е после, откако си покажал дека си спремен да работиш, ќе ти дадат да чистиш цела просторија, не само прагот. Ако си доследен и одговорен, ќе ти доверат и цел спрат да чистиш. Е ТЕК ПОСЛЕ може да се разговара за позиција за која си учел."

    Во моментот не можев ни да му ја сватам аналогијата со чистење прагови и спратови, тој и самиот немаше подготвено ништо како настап од страна на фирмата, туку си зборуваше како што му доаѓа.

    Од тоа интервју си заминав помудар.
     
    На Trajche и melpomena им се допаѓа ова.
  4. Ryze

    Ryze Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 октомври 2012
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    20
    Какво е тоа (Елегантно однесување)?
     
  5. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    ке ставиш костум и све шо иди со костумот... сигурно нема да одиш по шорцеви исо апостолки .... гет ит ?
     
  6. Ryze

    Ryze Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 октомври 2012
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    20
    Тоа е елегантно облекување, за разлика од зборот Однесување. Now maybe you get it? :)
     
    На Just Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    охо мала грешка наместо однесување сум прочитал облекување.. моја грешка извини... елегантно однесување што значи? ке влезиш и ке се однесуваш како господид, и како професионалец а не како сељак од планина. ке седнеш на столица нормално а не да се спружиш како што во моментов дома седам јас а најверојатно ити ... гет ит шо сакам да кажам.. имама нешто работа во моментов па не сум во можност да ти образложувам на долго затоа сум вак краток ..
     
  8. boki85

    boki85 Нов член

    Зачленет на:
    12 ноември 2012
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Да се надоврзам на jacal :) пријателе тоа ти што го викаш елегантно однесување , во деловен речник се вика , деловно однесување и коресподенција . Пред се на youtube има милион и едно видео како треба да се однесува човек на интервју а како не . Тука кај нас само во големи странски корпорации пали деловното однесување и кај некои наши поетаблирани фирмички . Додека кај некои (говорејки од мое искуство) благе везе си нема , колку сакаш ти покажувај отменост и деловна едукација , џабе ти е ако не си со минич , или убаво среден , џабе ти е ако немаш некоја врска. Имам аплицирано по сите овие сајтови што ги наведувате низ темата , и исрекено многу ретко кој гледа маил , чисто е пуштен тој оглас колку законски да се испочитува нормата ,инаку ретко кој запослува во асална фирма надоврешен лик а да не е со препораки . Тоа е од мое искуство но не мора да значи нели .. секој со своја мува на капа :)
     
  9. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Не сум била на некое интервју и не знам баш како оди тоа, но од многу луѓе што сум слушала стварно се незадоволни од односот на работодавачите односно од оние кои го прават интервјуто. Не требало да ги прашаш за плата, за работно време, за ова за она. Демек 3 000 евра плата дават па ти не смееш да прашаш. Крајно не професионално и изживувачки уште на старт.
     
  10. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
    Абе копирав западњачки форе наши новопечени Македонски капиталисти. А благе везе си немав. Што е добро искочило од запад? Зимав пример од Америку, држава створена на геноцид на индијанци... добар им е пример.
     

Сподели: