1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Искуства: Живот под кирија

Дискусија во форумот 'Дом' започната од Glory, 28 април 2015.

  1. Перомикик

    Перомикик Нов член

    Зачленет на:
    19 август 2015
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Се согласувам, но Јас како наемодател, реагирав на моментот дека понекогаш вистината има и друга страна. Да секој кој уредно плаќа има право на приватност.
    Штетите предизвикани намерно треба да се платат, но нормалната амортизација, треба да е вкалкулирана во цената за месечниот наем. Не ми е познат студентскиот живот во друг град и не би можел да дискутирам од аспект на наемо примач.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,071
    Допаѓања:
    6,999
    Мое искуство од друга перпектива: со години над мене живееше еден пар под кирија. Со години не поплавуваа и тоа на повеќе места, неколку пати во кујната, еднаш или два пати се случи и во дневната, а најмногу во тоалетот. Се до едно утро кога во 6 саатот не разбуди вистинска поплава. Се будам зошто ги слушам како мајка ми и баба ми викаат, идам во дневна, што да видам. Од едниот кош од таванот, шиба вода. Абе како од чешма пуштена, шиба. Дневната ни пливаше цел ден во вода, среќа паркетот не се крена. Таванот беше лом, целиот распукнат, висеше малтер. Водата кога течеше се прошири низ каналите за струја (или така некако) зошто во сите соби течеше од кај сјалицата. Така да, насекаде таванот беше распукан, но не како во дневната, прав хорор. Со недели смрдеше на мокар малтер, многу работи ни се оштетија. А кој плати за тоа? Ние. Газдата на станот ниту се појави, ниту сакаше на ќираџиите да им помогне на било каков начин. Тие пак ни ветуваа дека кога ќе се малтерисува и кречи, ќе ни исплатат за штетата. Во меѓувреме се преселија и тоа беше тоа. Да не урочам, еве веќе година дена вселени се млад пар кој неодамна доби бебенце и до сега не сме имале никаков проблем. Така да, се случува навистина на некои да не им е грижа за местото во кое живеат под кирија и си прават што сакаат.
     
  3. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,055
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Најужасно искуство во животот ! Во последниот стан газдарицата живееше на прв спрат, јас и брат ми на трети спрат. Културно пред да си одиме и кажавме зошто сакаше да ни ја покачи киријата. Жената кога не бевме дома го зеде лап топот на брат ми, ја заклучи вратата со образложение дека ќе заминиме без да платиме. Каква лудача... да не коментирам дека многу често се качуваше кај нас и ни раскажуваше за нејзиниот љубовен живот и за куќа некоја што ја имала на село и за покојниот маж. Под кирија никакоооо
     
  4. bliznaci

    bliznaci Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    207
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Има и ќираџии што прават проблеми.Пред ја да се вселам во станот,ќиријашите го ишкртаа зидот.Уште и дрски и безобразни со мајка ми,со кое право така зборат.Ако не е нивен станот,не значи дека треба така да се однесуваат.
    Не можевме да ги најдеме за оштета да ни платат.И други ни правеле штета,правеле галама и ги избркавме.
    Комшиите само се јавуваа на мајка ми и се жалеа дека во ниедно време викаат куп луѓе и е бучно.
    Ете какви можат и ќиријашите да бидат.
     
  5. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Машки
    Епа затоа не е добро да си кираџија,или ете,да живееш под кирија!
     
  6. bliznaci

    bliznaci Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    207
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Добро,ете некој е ќираџија,има од двете страни безобразни.Не е во ред да ти иде газдата кога сака ненајавен,подобро е да се јави и да праша дали е некој во станот.Може да се случи некој од нас,студентите да се одмара,а газдата чука на врата.Ја не би му седела на таков,одма би заминала.
    Второ,не е во ред ќираџијата да му прави нервози на газдата,во смисла да му се жалат на галама и на секој ден викање друштво.Сепак е подобро во стан,зашто некако поголема е слободата,ама не онаа негативната,како што дадов пример.
    Зависи каков ќе запознаеш.
     
  7. incule

    incule Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    533
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Немам лоши искуства,до сега сите биле ок
     

Сподели: