Искривена перцепција на реалноста

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Како инжинер за комуникации неизбежно ми е да го погледнам говорот од аголот на телекомуникациите. Важен параметар во телекомуникациите за разгледување и анализа го користиме параметарот што покажува со колкав процент од информацијата што ја праќаме ќе пристигне на саканата дестинација и ќе биде разбрана. Или обратниот, колкав е процентот на грешки во преносот. Во светот на телекомуникациите за да пратиш некаква информација до саканото место, информацијата треба да помине низ најразлични третмани, почнувајки од кодирање, модулирање, пренос, демодулација, декодација, синхронизација помеѓу двете точки итн итн, но да не ве замарам со специфичности. Поентата ми е за да може една информација да стигне на саканата дестинација и да биде разбрана потребно е двете страни( испраќачот и примачот) да користат исти протоколи на работа. Но во светот на говорот, протоколите за комуникација произволно се менуваат без да си дадеме сметка за тоа. И си мислиме дека секоја информација што пристигнува до нас и што ја испраќаме не подлежи на грешка, односно комплетно сме уверени дека информацијата што сме ја примиле или пратиле е иста на оригиналот. Поради произволните промени на протоколи за комуникација процентот на грешки расте со секоја промена. Што значи дека голем дел од целата информација што ја имаме меморирано и соодветно концептите добиени од тие информации ни се погрешни. Искривени(згрешени) концепти значи искривена перцепција на реалноста.
Да не должам многу да видиме за што станува збор преку пример кој воедно е и доказ за проблематиката.


Во овој пример сакам да обрнам внимание на конфликтот меѓу две системи кои користат заеднички јазик за комуникација. Односно тврдењето “Чашата е половина полна(празна)” како информација и двете системи(испраќач и примач): математика и физика како прва и филозофија и психологија како втора. Во система создадена од филозофија и психологија (галилеева координатна система во чии правила и закони важат правилата на филозофијата и психологијата или накратко ГФП) трите(од 4) зборчиња се непроменливи, а четвртото зборче е променливо, тогаш двете можни комбинации го дефинираат субјектот кое го дал тоа тврдење. Односно се определува како оптимист или песимист соодветно, или пак поврзувањето на зборовите со човечките карактерни состојби или спомени и интеракцијата помеѓу нив. Додека пак во система ГФМ( галилеева координатна система во која правилата и законите се определуваат од законите на физиката и математиката) тоа тврдење се разгледува како точно или неточно. Но пак за разлика од системата гфп овде како променливи се разгледуваат сите зборчиња но и недостигаат плус променливи(зборчиња) односно, во кој момент од времето се разгледува точноста на тоа тврдење. Во гфм тврдењето “Чашата е половина полна(празна)” би се разгледувало во приближно оваа форма: “;чашата(која е создадена од x материјал има вкупна маса m се движи со брзина v зафаќа простор V во кој имa влијание y за да ја задржи супстанцата или материјата и др.) е ( тука стапуваат на сила променливите од типот на: била, е и ќе. што значи ке ни треба точен момент од времето во кој ќе се докаже вистинитоста на тврдењето, но кога би се зела во предвид и теоријата на Ајнштајн за релативноста на времето,потребни се дополнителни параметри кој зависат од местоположбата на чашата и наблудувачот, брзината со која се движат спрема некоја точка итн(валидноста на тврдењето се определува само од еден наблудувач, затоа што кога би се разлгедувала од двајца наблудувачи резултатот би бил различен за двајцата наблудувачи(а пак да не зборам за потребноста на дополнителни променливи кои ке ја определуваат валидноста на наблудувачот))) половина( во овој сегмент од тврдењето за да се употреби изразот “половина” треба да го знаеме видот на материјата кој всушност се разгледува, дали е половина од вкупниот капацитет на чашата, а пак за да се определи во точен момент од времето вкупната зафатина потребно ни е и математичкото предвидување за тоа колку атоми или молекули излегуваат или влегуваат од зафатината на чашата или на пример кога чашата би била полна со вода со кој интензитет молекулите на водата преминуваат од течна во гасна состојба и обратно) полна или празна( тука треба да се дефинира со која константа дефинирана однапред, ќе се докажува тврдењето). Заради големиот недостиг на променливи во системата ГФМ тврдењето “Чашата е половина полна(празна)” е тотално бесмислено, додека пак во системата ГФП е валидно па дури и разбирливо. Соодветно се наметнува прашањето: Дали изразот ”чашата е половина полна” е правилно пренесена и разбрана помеѓу двајца луѓе што разговараат? Што ако имаме ситуација кога едниот од наблудувачите(еден од двајца пријатели што разговраат) се наоѓа во системата ГФМ, а другар му наблудувач се наоѓа ГФП дали тие некогаш ќе успеат да се разберат? Дури и да успеат некако да се разберат, дали тоа разбирање е валидно и вистинито?

Еден друг концепт кој е погрешно разбран(не толку многу погрешен колку што е интересен) е зборчето допир. На пример кога двајца луге ке направат hi5, дали тие се допираат? Толку очигледен одговор, што ве наведува да помислите дека е трик прашање. Не сте многу далеку од вистината. Ние всушност никогаш ништо не допираме. Допирните точки само се деформираат и единствено само таа деформација се испрака на мозокот кој ја декодира како допир.
Толку едноставен концепт, а толку погрешно разбран. Но што со многусложните концепти? Како на пример: љубов, пријателство, семејство, религија, морал итн итн итн. Концепти колку сакаш, изградени од информација која откривме дека не секогаш е достоверна на оригиналот. Што значи многу од тие концепти што ни го градат карактерот се фалсификати. Хммм но во тој случај, што е реално и вистинито?


Одговорот, очигледно, треба да го осветли и најтемното катче во просторот.

п.с Плус уште еден аргумент за во темата "Постои ли избор".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Само не ми се допаѓа насловот. Не постои искривена перцепција на реалноста, исто така не постои ниту вистинска, правилна перцепција на реалноста... Затоа што реалност претставува сето она што ние го перципираме и реалноста е таква или онаква во зависност од нашата перцепција. Реалноста зависи од нашата перцепција... а од што зависи нашата перцепција?
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Сигурно на искривена перцепција на реалност подразбирал под она што мнозинството го смета за реалност. Она што повеќето од нас го сметаме за реалност. А тоа да, дека тешко е да се одреди реалноста сама по себе и нејзината перцепција.
Ако за мене е реално да гледам кловнови со искривени фаци насекаде и да бидам океј со тоа, за другите не е. Другите би ме сметале за луда, тотално откачена. Затоа и не можам да се потсмевам на оние луѓе со психичко пореметување, од истата причина. Тој има сосема друга реалност. Тоа за него е реалност.
Перцепцијата и реалноста секогаш се заедно. Перцепцијата за реалност може да ни зависи и од околината. Ако сите околу тебе велат дека небото е кафено, епа кафено е. :)
Толку едноставен концепт, а толку погрешно разбран. Но што со многусложните концепти? Како на пример: љубов, пријателство, семејство, религија, морал итн итн итн. Концепти колку сакаш, изградени од информација која откривме дека не секогаш е достоверна на оригиналот. Што значи многу од тие концепти што ни го градат карактерот се фалсификати.

Тие концепти не се фалсификати, се додека не погледнеш од друг агол и не одлучеш ти самиот да не се потпираш повеќе на тие концепти. За многу други, тие концепти се правилното нешто. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јин и јанг. Нема комплетно точна или искривена перцепција.
Затоа и се вика перцепција, дразба, лично примање т.е. доживување на работите. Поради тоа и не може да биде цврсто дефинирана, бидејќи зависи од ред фактори, како и нашите размислувања и сензори.
Просто кажано, може да се спореди со играње Глув Телефон. Почнува од една точка, а завршува во сосема друг правец токму поради различната перцепција (на звукот, во овој случај), што не значи дека не е апсолутно (не)точно, бидејќи во одреден момент сме го перцепирале ко такво.
Инаку за концептот...концептот е апстрактна идеја, така да подложен е на промени базирано баш на таа наша перцепција.

Што филозофија лупнав...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and kones

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Само не ми се допаѓа насловот. Не постои искривена перцепција на реалноста, исто така не постои ниту вистинска, правилна перцепција на реалноста... Затоа што реалност претставува сето она што ние го перципираме и реалноста е таква или онаква во зависност од нашата перцепција. Реалноста зависи од нашата перцепција... а од што зависи нашата перцепција?

Оригиналниот наслов беше "Дефекти на говорниот јазик" но потоа сватив дека нема дефекти во говорниот јазик, туку има дефекти во користењето на говорниот јазик. А од што зависи нашата перцепција? За другите не знам ама за мене лично се научив да си го слушам срцето, зошто во спротивно плаќам високи цени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo