Искреноста е доблест?

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Искреноста е доблест дефинитивно, но за жал на многу особи им смета. |-( Се сметам за искрена личност во границите на нормалата. Треба да се запази преголемата искреност да не преминува во навреда. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Постои еден човек што јас многу го сакам. Всушност постоеше. Некои други луѓе се погрижија веќе да не постои. Се викаше Факундо Кабрал.
Е тој човек, во еден од своите цитати имаше напишано вака „La verdad no es mala el mundo simplemente no esta acostumbrado de la verdad, a pesar de tantas mentiras“, тоа на македонски некако би му дошло „Вистината не е лоша, светот едноставно не е навикнат на вистината, покрај толку многу лаги“.
Јас практикувам да ги кажам работите како што сум ги помислил. Не вградив филтер во мислите и не планирам. Тоа дали некого ќе го навреди или направи среќен е негова работа. Подобро е јас да го кажам во очи она што го мислам и чуствувам отколку подоцна да излезе дека сум „замачкувал“.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Дали искреноста е доблест,или сепак во повекето случаеви испага дека е маана?
Ви се случило ли заради тоа што претежно сте директни и искрени да бидете погрешно протолкувани а со самото тоа и осудувани?
Се сметата ли себе си за искрена личност?

За мене постојат два вида на искреност.
Искреност до степен на сарказам,само колку да се постигне ефектот за да се биде во центарот на внимание.
И искреност во случај кога се плашиме да бидеме неискрени за да не некој ни ја провали лагата.
Доблест е само во случаеви кога не сме сурово искрени,но секако не и наивни.
Искреноста уствари е мок,сила,но ние лугето најчесто сме слаби

Секогаш низ ситуации се провлекува прашањето: Колку човек треба да е, односно смее да биде искрен? До каде треба да оди со искреноста, дури и према самиот себе. Каде е границата која (не) смее да ја помине?

Човекот треба да биде искрен онолку колку што му допуштаат сопствените идеали. Се слагам со тезата дека искреноста не прави ранливи, а луѓето сакаат да ја искористуваат ранливоста и слабоста, затоа што е во нивна корист. Затоа се ставаат и градат различни маски (од професија и статус во општеството до интимен живот, партнер, родители итн.) и кои зависно од своето значење и големина ни даваат сила.

Факт дека таквата маска е само уште една лага, која мора да биде зајакната со нова - правењето слепи и глуви, изгубени во простор и време. Таквото однесување претставува лажлив балон кој долгорочно ќе пукне ради слабостите, однносно нивното разоткривање.

Луѓето имаат способност за откривање на лаги. И секој од нас кој е или бил излажан, го слушнал ѕвончето многу пред конечното сознание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Една од нај битните особини кај човекот е искреноста,
но во исто време и знаењето кога треба а кога не треба да се биде искрен.
Во принцип сакам да бидам и сум искрена но во одредени ситуации за да не повредам некој
можам и да си премолчам или да кажам нешто поинаку.

На пример се спремал некој за свадба или за во град и веќе излегол од дома го сретнуваш и те прашува како изгледам, онака насмеан среќен, и тебе не ти се допаѓа, или е кич или нешто не штима ама немаш срце да кажеш не си океј, оти секако веќе нема што да смениш освен да му ја уништиш забавата на човек. Има такви многу ситуации и моменти...некогаш луѓето за да се направат искрени знаат да повредат некој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Искреноста не може да биде ништо друго освен доблест, и тоа над сите други...
А тоа како некој ќе се носи и справи со вистината која ќе му ја кажеш во лице, онака директно и отворено, е тоа е сосема друга работа и проблематика...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Arkantos

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Да лажам...незнам.
Искрена до крај.
Никогаш се немам....покајано.