Искинати банкноти

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не знам дали има ваква тема, однапред се извинувам ако веќе има.
Е сега вака. Со другар ми шетавме наоколу и ајде ни се пријаде нешто благо ќе одиме да купиме некое чоколадо од продавница. Влегуваме во продавница, земаме чоколадо и пошто другар ми положи за кола ми вика ае јас ќе частам. Вади пари и и ги подава на продавачката а таа мошне непристојно му ги фрли со зборовите 'Не примаме искинати банкноти' пошто била банкнотата залепена со салотејп сосем малку на крајчето. Другар ми ги зеде парите од подот и културно се извинивме и си отидовме. Имавме други пари, не дека немавме, ама самото однесување на продавачката беше толку одвратно што не верувам дека некогаш повеќе ќе свратам таму. Најтрагично беше што во продавницата со нас беа уште три симпатични девојчиња кои со сочувствителна насмевка не испратија додека излегувавме.
Сега ме интересира, дали вие сте се нашле во некоја слична ситуација? Како сте изреагирале? Дали доколку вам ви дадат искината/ залепена банкнота ја земате или се правдате со она 'Дадете ми друга, можно е да не ми ја признаат на друго место'? Можеби некогаш и вам ви се случило да скинете банкнота или да ја исперите во перална со алиштата? Што тогаш?
Бај д веј, надвор од темата, многу ми е одвратно кога продавчката ќе си ги излижи прстите пред да ви врати кусур (puke) Тогаш ја враќам робата со некаков изговор и не ми паѓа на памет да се вратам повторно.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Зашто да ти е гадно кога ќе ги излиже прстите пред да ти врати кусур, па нема да ги јадеш парите за гадно да ти е.

Повеќе пати ми дале скинати пари и не ги враќам освен ако не се ептен скинати. Тие што се малку скинати секаде ми ги примаат, не ми прават проблем.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Искинати банкноти ми се чини може да се носат во банка и да ти дадат нова, но треба јасно да се гледа шифрата на банкнотата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас имам една десетденарка - партал која ја користам кога ќе ми подметнат скината банкнота и онака не ми се исплати да одам во банка и да барам да ми ја сменат туку оваа десетдинарката ми користи како извор на резервни делови, сечам од неа и лепам таму каде што фали, до сега е во ред, кога ќе се потроши ќе тргнам друга скапана десетденарка настрана за иста цел :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Зашто да ти е гадно кога ќе ги излиже прстите пред да ти врати кусур, па нема да ги јадеш парите за гадно да ти е
Нема да ги јадам парите, ама нејзините лиги со парите си ги носам на рацете.
Јас имам една десетденарка - партал која ја користам кога ќе ми подметнат скината банкнота и онака не ми се исплати да одам во банка и да барам да ми ја сменат туку оваа десетдинарката ми користи како извор на резервни делови, сечам од неа и лепам таму каде што фали, до сега е во ред, кога ќе се потроши ќе тргнам друга скапана десетденарка настрана за иста цел :kafe
Е таа десетденарка брате, да си ја чуваш, оти таа ти е цело богатство :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нема да ги јадам парите, ама нејзините лиги со парите си ги носам на рацете.

Е таа десетденарка брате, да си ја чуваш, оти таа ти е цело богатство :)

Продавачката била џукела, не е до тоа дали имало селотејп, да не претерам едно 20% од банкнотите во промет се фалични ама во 99 од 100 случаи ги примаат, освен ако им фали парче, е сега ако приметам таква банкнота ја користам десетденарката за да додадам парче со селотејп и секогаш ги примаат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Нема да ги јадам парите, ама нејзините лиги со парите си ги носам на рацете.
Па и на друго место од каде знаеш дека продавачката пред тоа не ги лижела прстите. Земи си ракавици ако не и немаш гајле.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Имам забележано една тактика која ја користат луѓево( добро и јас понекогаш:giggle). На пр. наместо да платат со 50- денарка, тие плаќаат со 5 десетденарки, но во случај да имаат искината банкнота. Па ја ставаат на средина банкнотата, ги завиткуваат парите, го земаат тоа што го купиле и да ги нема. И никој од продавачиве не ги брка.
Јас еднаш имав една искината банкнота, па ја лепев и на крајот излезе како пластифицирана, малку направи чуден израз на лицето продавачката, ама сепак ја зеде.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
И јас работам во продавница и скоро секој ден мора некој да ми даде малку искината банкнота без разлика на вредноста и нормално дека ја прифаќам во никој случај не сум одбила а да ја дадам истата на некој муштерија при враќање кусур никој не прима таква постара банкнота ко да ја чуваат за во рамка :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Не им прави никаков проблем на продавачките да ја земат, нели после тоа искинатите пари може да си ги однесат во банка банката ги заменува, искинатите пари треба да се повлечат во оптек. Ми се има случено неколку пати да ме вратат во продавница бидејќи имало салотејп на парата, јас немам вратено искината пара, напротив одам во банка плаќам со неа, :giggle