Инцест

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Немало табу теми а? Еве една и тоа ептен табу. Ретко кој зборува за инцестот, освен ако слушнеме на тв и тоа ќе биде, после тоа одма се заборава. :)

За тие што не знаат, инцестот е сексуален однос помеѓу луѓе што се во крвно сродство. Како што знаеме децата родени од ваков однос имаат многу негативни работи, од ментална ретардација до физички и психички аномалии, поради вкрстувањето на лошите гени кои се исти кај двата родитела.

Колку што знам инцестот забранет е во сите држави но тоа не ги спречува некои да го применуваат, можеби некаде не е нека ме поправи некој.
Порано а и сега најчести случаи на инцест има кај кралските семејства, за да нели не се мешаат со други. Имаше едни брат и сестра од Германија кои биле заедно и имале 3-4 деца така мислам, и се бореле да го легализираат инцестот.

Што мислите за инцестот и за тие што го одобруваат?
Би биле ли против да се легализира?

Ајде штом сакате табу еве табу. Глупи одговори никако.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and MoonFairy

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Тие што го одобруваат сексуалниот,односно интимниот однос помеѓу двајца од блиско сродство си е нивна работа и немам што да мислам јас место нив за нивното размислување,а и за оние што не одобруваат.
Каква легализација е потребна неможам да сфатам.
Мој прв братучед се ожени со негова трета братучеда и децата немаат аномалии.
Туку едно ме интересира,што подразбира креаторов на темава под глупи одговори?
А по малку исто ме интересира и неговото мислење околу темава.:kafe
 
Креаторот на темата под глупи одговори мисли на ваквите: "Тоа се болни луѓе", "Треба да се убијат" и слични такви. Појасно? Мило ми е ако ти е.

Исто како што кај нас е забрането да се венчаат двајца од ист пол, така е забрането и за двајца кои се иста крв. Е сега не знам дали важи за подалечни роднини, како во твојот пример, но за блиски мислам дека е забрането.
Јас сум против, колку и да се сакаат самата помисла дека се роднини ми е чудна. Не сум сретнал до сега таков случај, а ако сретнам нема да имам ништо против туку само ми е чудно. Од толку луѓе зар во најблизок да се заљубиш некако не ми оди.

За децата, во твојот пример детето немало аномалии, изгледа дека тие се малце подалечни роднини но да биле поблиски не знам дали ќе немало.

Ете го моето мислење.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Најмногу се грозам од случаи кога роден татко ги користи сопствените ќерки (па и синови) за сексуално задоволување...едноставно ми се превртува целата утроба...
Никако не можам да разберам како може воопшто да добие сексуален нагон кон роденото дете...
Што ли им поминува низ глава на тие луѓе, како го доживуваат својот пород, со какви очи го гледаат? А уште повеќе ме интересира, што мислат после чинот (без разлика дали бил доброволен или присилен)? Свесно ли го прават тоа? Дали ги гризе совест или пак се тешки социопати и психопати, па не чувствуваат никаква вина или каење?
Или воопшто...да те привлече и “запали“ братот, братучедот, вујкото, чичкото?! :eek
Едноставно ми е неприродно и крајно одвратно...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: khz777 and Аркантос

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не ме занимаат оние случаи каде двајца братучеди имале избор и по слободна воља решиле дека сакаат да бидат заедно, ни па на нив ми текнува кога ќе слушнам инцест. Нивна работа, никој тука не бил принуден со сила да биде со некого, што сакаат нека си прават, ако тие се спремни да се борат и да преминат преку се, нивна работа, јас нема што да кажувам дали е во ред или не. Можам само да стојам од страна и да ги оговарам со комшиите.

Додека, за мене инцест се случаеви кои најдлабоко ги осудувам, случаеви кога родител сексуално си го злоставува своето дете. Или ок близок роднина злоставува своја крв, против негова воља, насилно, за некои болни сексуални потреби на кои не можам да им најдам логика. И тука не треба да се зборува и осудува, тука треба да се дејствува и казнува.

Е сега, не ми е јасно прашањето за дали сме сакале да се легализира инцесот.... Дали тоа значи дека со негова легализација оној психо на кој ќе му текне сексуално да го злоставува пример синот, нема да одговара пред законот зошто инцесот е легален?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Добро глупо е поставено прашањето, не дали сакате туку доколку утре има гласање за да се легализира како би гласале. Или на пример ќе се легализира без да се гласа и дали би биле против. Тоа мислев.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Пред неколку години еден тип вајда наш или на соседиве не знам ми збореше баш за ова, ама он имал односи со мајка му. Прво си мислев се заебава со мене, па ја будала уште го разубедував како може така не е во ред тоа абе глупа. Туку он бил со мајка му пошто не сакале семејниот буџет да го делат со "странци", а паралелно со тоа мајка му да биде задоволна и он да си има сигурна и богата иднина.
Како можат? :О Не дека не го одобрувам туку да би можела и во затвор би ги пикнала и сиот имот би им го земала.
 
Ова навистина??!
Баш онака си збореше како општел со мајка му?!
Што луѓе ќе беа бе тоа?
Е неможам и неможам да се изначудам...
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ова навистина??!
Баш онака си збореше како општел со мајка му?!
Што луѓе ќе беа бе тоа?
Е неможам и неможам да се изначудам...
Е вистина вистина и јас се чудев, се детално ми имаше објаснето, штета што не ми текна да го запамтам муабетот.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
spanske-serije.jpg

Освен во шпански серии, честа тема и во ефтини хорори, ќе залутаат глупа тинејџери во некое гратче или село (обавезно барем една од тинејџерките мора да е плава или да има енормни цицки) ... природно таму има една бензинска со чудни вработени, нема сигнал од мобилен ама мештаните се вешти во сјебување на моторот на колата на посетителите и одеднаш некој почнува да напаѓа со секира или моторна пила.
Локалните жители се со језиви фаци, продукт на вековен инбридинг, инцестуозни односи кои довеле до создавање на крвожедни манијаци кои убиваат тинејџери а последна страда плавушата, на најкрвав можен начин.

Шо знам, ако се работи за автентична љубав на обострано согласни лица би било без веза државата да им се меша, проблемот е во потомството...
А дека е табу секако дека е, ретко кој би си признал и себе си дека во некои рани пубертетски денови знаел да негува нималку платонски тенденции кон да речеме... втора братучеда (или обратно) :D
Тоа е фаза која се надминува, ништо страшно, е сега на 1 случај во 200 може и да не се надмине и после проблеми...