Интимна (исповедна) проза

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Concluding....

- И... Како си помина вечерва? - ја праша додека таа тонеше во неговите прегратки.
- Прекрасно... Секој момент мислам...Кога повторно ќе се видиме?
- Утре, мила... Но те молам дојди попладне.
- Зошто толку доцна?
- Треба да завршам на работа неш...


.... Се будеше полека. Ги отвори очите. Лежеше во непознат кревет. Глува тишина. Белите ѕидови се слеваа со бојата на постелнината. Тежок мирис на лек. Толку тежок што ја здоболе главата. Ја допре. Непознат матерјал, туѓ слој на кожа. Рапав со брчки. Ги слушаше пискавите звуци како доаѓаа одстрана. Како телефон. Ја обзеде чувтво на паника. Проба да се помрдне но не успеа. Залепена за креветот, спремна за мачење до смрт. Посака да е на друго место. Ги затвори очите повторно. Не иде... Нешто не е во ред овде. Требаше да се разбуди. Слушаше тап звук на крцкање. Некој конечно ќе и` објасни што се случува.
- Каде сум? - го праша човекот со бел мантил.
- Смирете се... Имавте сообраќајна несреќа. Сега сте во градската болница во Верона.
Ја обзеде немир. Сакаше да исчезне уште истиот миг.
- Колку време сум тука? - плашливо, со глас на трепет шепотеше.
- Три дена... Имате мал потрес на мозокот.
- Што се случи? - гласот се повеќе и` се истенчуваше завршувајќи со плачлив извик.
- Удривте во Камион. Автомобилот се преврте и потоа застана пред самата провалија. Среќа останавте живи...
Таа слушаше но не и` беше јасно. Главоболките ја притискаа за креветот.
- Одморете... пробајте да ги оддалечите мислите одовде. Сетете се на некоја среќна случка во вашето детство.
- Што ќе биде со мене? - го праша со извик полн со агонија.
- Ќе биде се` во ред. - ја тешеше. - Уште утре ви гарантирам дека ќе се чувствувате подобро, а за неполни пет дена ќе можете да заминете дома.
- Но...- сакаше да продолжи но главоболката ја замолчи.

To be concluded...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Bibi@

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Concluding...
вадеше. Растеретување, Болката престана. Мал бран на студ ја полази по стапалата. Си ги покри со ќебе. Ги склопи очите и потона.
- Кажи ми што ти е?- ја гледаше со нежен поглед.
- Ништо...
- Не е ништо... Знаеш дека можеш да ми веруваш...
- Да ти верувам??? Зарем заслужуваш?
- Знам дека бев глупак, но те молам разбери ме... Не ми е лесно...
- Ах ти ќе ми кажеш... Како можеше?
- Немој сега...Знаеш добро зошто така постапив...
- Не... не знам повеќе ништо! Не те познавам тебе!!!
- Ај ти се молам...
- Што ми се молиш.... Не значи тоа дека ако не можам да...
Се разбуди со јака главоболка. Срипа од креветот и се погледна во огледлото. Завојот веќе одамна и` беше изваден. Пиеше некои апчиња колку да се врати во нормалата. Цел месец труење за да си го поврати животот во нормален тек. Посегна по кутивчето. Што ако...земе повеќе? Дали сите грижи ќе престанат тука?“
Го преврте кутивчето на дланка. Се ронеше составот од внатре, истурајќи се на дланката во форма на мали тркалца. Десет. Не, петнаесет. Не, дваесет... ги броеше. Го фрли кутивчето на земја. Се замисли. Го слушаше него како дише покрај неа шепотејќи и`:
- Врати се кај мене...врати се...
И` се стркала солза по образот. Посегна со другата рака по едно тркалце. Го допре со двата прста и го подигна.
- Жал ми е но не победи. – си го слушна сопствениот глас како прекорно го затишува неговиот. Ја симна раката надоле, истурајќи ја содржината на масата.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Го остави, си замина.Гледајќи ја како си оди, остана без зборови. Незнаеше дали е сон или јаве. Не беше при себе,незнаеше ни самиот што да прави. Викна по неа. „Чекај“ изусти тој. Но, таа не се заврте, туку си го продолжи патот. Беше и таа со солзи во очите. Знаеше дека тоа што го направи не е единствениот начин да испадне од ситуацијата, но мораше. А тој, тој остана на колена, викајќи и молејќи по неа. Таа повеќе не се врати. Си замина од него, од неговиот живот. Не остави ниту трага ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Lena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Утре. Ипак да се надоврзам сериски, една епизода еден ден.
иначе ако не можеш да издржиш еве ти нешо тро слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Овде пишувајте ваши лични раскази.
Темата можете да ја изберете.

Еве еден од мене :)


Се сеќаваш ли на нашата прва средба?Се сеќаваш ли на нашите први допири?Кога ме бакна со твоите слатки и меки усни?Никогаш нема да го заборавам 10 август 2010. Твојот роденден.Твојот 30 ти роденден.Беше 4 часот наутро, а ти слатко си спиеше во моите прегратки.Јас бев будна и те набљудував како дишеш.Ништо поубаво ми се нема случено.Ме топлеше со твоите меки и силни раце.Одеднаш се сврте и ме бакна.А јас само тивко ти реков:

Среќен роденден злато мое!Те сакам!Ти веднаш одскокна од креветот и почна да се смееш.Само што сакав да одам да се туширам ти ме турна на креветот и почна да ме соблекуваш.Ми ги фати рацете и легна над мене.Немаше каде да бегам.Почна слатко да ме бакнуваш по вратот и телото.Сето тоа ме полудуваше а ти тоа добро го знаеше.Целата горев и неможев да ти оддолеам злато мое.На тивката Лажу ме почна да ме соблекуваш надолу.Почна нежно да ме милуваш и бакнуваш.Цело време велеше: Моја си , моја си Нина!Јас почнав да се смеам.Половина час милување и гушкање и од сета уживанција ги затворив очите.Одеднаш осетив нешто убаво во мене.Тоа беше најслаткото чувство во мојот живот.


После ова луда игра која траеше едно 15 сетина минути отидов во купатилото.Откако се вратив чаршафот беше променет и овој сега беше плав.Одеднаш јас истрчав во твоите прегратки а ти ми рече : Ова беше најубавиот подарок за мојот роденден што некогаш сум го добил!Те сакам мила моја!


Огладневме.Откако се истуширавме јас почнав да ја правам салатата а ти омлетот.Откако се беше готово ти седна до мене и ја зеде мојата дланка и ме бакна.Толку нежно и убаво.Само да знаев дека тоа е нашиот последен бакнеж и последно видување...




Откако доручкувавме јас отидов во дневната да раскренам.Ти ги изми садовите и го фрли ѓубрето.Откако завршив отидов да ги ставам алиштата во пералната и тогаш се случи чудото господово во мене од твоја страна.


За жал после тоа ти истиот ден загина во сообраќајна несреќа.


Денес после толку време собрав храброст син ти да го донесам на гробот а тој рече :

Тато зошто ја остави мама да тагува , зошто не дојде на мојот роденден и првиот ден во училиште. ? Ми фалиш тато те сакам.

Само нашите сенки се гледаа во гробиштата кои потиштени се враќаа дома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
ЕВЕ ЕДЕН ОД МЕНЕ ...


„ Немој твоите успеси, да те удрат во главата, бидејки твоите порзи ке те удрат во срцето“.
Животот е една голема борба, која секој ја живее на начин на кој мисли дека е најдобро.Качувајки се по скалилата на успехот некои луѓе често забораваат, каде почнува првата од скала, па се издигуваат виско, не помислувајки дека животот е еден круг.. а тие скалила по кои се качуваат се само оската која ротира ..Можеби денес сме горе, но иднината е непредвидлива, можеби уште утре ке бидиме на местото од каде што сме почнале, на колена повторно обидувајки се да почнеме нешто ново да се искачиме ...
Тлото е секогаш битно во животот на еден човек.. Рекле не заборавај од каде доаѓаш бидејки животот е тој кој најсурово ке те потсети. Кога нема каде, ке мораш назад, а ако нема назад, тогаш си едно големо ништо, твоите успеси се само бројки, а луѓето кои си ги сретнал качувајки се нагоре и не си ги ни погледнал ке бидат единствените кои може да ти помогнат. Но со кој образ ке застаниш пред нив да молиш за помош?
Во тие ситуации ја свајкаме вредноста на животот , ги отвораме очите и знаеме дека почетокот е многу битен, она место на кое стоиш гледајки кон иднината е тоа место кое гарантира успех, ако не се сеќаваш на него, си изгубил многу.
Патувајќи низ времепловот наречен живот согледуваме различни ситуации, а тоа се сите успеси кои сме ги постигнале надминувајки ги и продолжувајки со крената глава напред кон целта.. но сепак постои едно место кое никогаш не го забораваме.. местото на кое ги направивме првите чекори, местото на кое прв пат тргнавме кон животот. Тоа е исто како дете кое штотуку проодува, затрчувајки тргнува напред но секогаш се враќа на местото од каде што тргнало, во прегратките на мајката која го чека да му честита за постигнатиот успех. Зошто кога тоа дете се сеќава на почетната точка не можеме и ние, толку мало, чисто невино сеуште не го заборави она место од каде што тргна а ние воздрасните пак обратно.. кога ке тргнеме кон успехот, посакувајки уште и уште паметиме се, но забораваме од каде тргнавме ..
Тешки се моментите на пораз, во животот, сите сме ги имале.. сме биле на колена почнувајки од почеток, но успеваат само оние најдобрите .. оние кои не забораваат, оние кои се враќаат на почеток и тргнуваат напред.. кога немаш каде, назад е единствената опција која ти преостанува, не ја заборавај.. патувајки , привремено сврти се назад за да провериш до каде си стигнал..
А пак доколку она што го имаш е доволно за да имаш добар живот не заборавај дека одењето понатаму не секогаш носи добро.. Ако на сила го рушиш она што го имаш, за да добиеш повеќе, не носи ништо добро .. остануваат поразите кои болат повеќе од отворена рана..
Затоа секогаш кога ке тргниш напред , сетисе дека што и да е назад секогаш постои ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Мирисот на пожолтени страници и пролетта, ме потсеќа на тебе.
На црвените коси и зелените лисја, на допирот на твојата рака.
Позајмени книги.
Позајмена надеж.
Позајмен разум.
Позајмено тело, за да те згрее додека патиш.
А на тебе ли да ти го вратам очајот, што сега не можам да го искоренам од себе?
А бесот?
Или тие се само за мене, да останат тука.
Проклет бес, ме јаде одвнатре.
Јас не знам да бидам како тебе ладна и сурова, без тронка човечност.
Уживаш да нанесуваш болка на друг.
Не сакам да те наречам со правилното име, иако не верувам дека ќе те боли.
Ми одзеде се.
Ама баш се.
Повторно не можам да сонувам.
Легнувам како трупец на преницата, оставајќи трага на безличен човек.
На гостин.
И во својата постела сум гостин.
Само така на поминување, очајно барајќи ги соништата.
Подадена рака од друг, за спас, за насмевка.
Дали да ја подадам мојата?
А што ако испадне како тебе?!
Бес, огромен бес.
Ти покажувам заби како волчица, очајно бранејќи ја и таа трошка на достоинство што ми остана.
И пак прашувам, што ако е тој како тебе?!!!!