Интимна (исповедна) проза

martin4etoooo

Нов член
12 април 2012
21
17
3
28
Таа само него го сакаше
На улицата „Мики-Кики“ живееше една девојка по име Ана.Девојката живееше среќно,но никогаш не почувствувала љубов.Имаше другарки и другари и сите ја сакаа бидјќи таа им беше оптимист и секогаш беше ведра и насмеана.Беше трета година и не беше одлична ученичка,но се трудеше максимално колку што може,а тоа го ценеа сите нејзини професорки.Сепак судбината на Ана се смени кога го виде него-убавиот Тони.Тој беше четврта година и секако беше најголемиот фраер во неговото друштово.Секогаш имаше по неколку девојки во негова близина а тој на сите им се обраќаше со :„маче“, „срце“ итн.Ана секој ден се повеќе и се повеќе се вљубуваше во него.По некое време тој ја забележа и започна да и праќа знаци,да и се смешка со што Ана се надеваше дека еден ден можеби ќе има нешто помеѓу нив двајца.Беше Вторник и Ана губеше прв час,па затоа со нејзините другарки седеа на клупата пред училиштето.Тони стоеше со неколку негови другари малку понастрана од Ана.Во еден момент извади шприц од џебот и големата игла влезе во неговата рака.Ана се исплаши кога го виде сето тоа и сфати дека тој се дрогира.Нејзините другарки се обидуваа да и покажат дека тој не е за неа,но се беше попусто.Таа само него го сакаше.По извесно време Ана започна да им вели на другарки дека ќе го смени па макар и по цена на животот,со што нејзините другарки започнале да се плашат за нејзиниот живот.Сите скоро дознаа дека Ана го сака најголмиот фраер во училиштето.Неговите другари му велеа:„Брат таа е луда по тебе.Ваква шанса не се пропушта.Ајде брат оди и биди со неа па после откачи ја !“
Нешто се случи со Тони па еден ден ја фати Ана за рака и и рече:„Слушам некои гласини точни ли се?
Ана се вцрвене и само изусит:„Да точни се!“
Во тој миг Тони се доближи до неа и ја бакна.Ана живееше за тој миг,сонуваше за тој миг и конечно и се исполни.Така беа неколку минути и потоа Тони и рече:„Јас ти ја исполнив желбата сега ти си на ред.“
Во тој миг во очите на Ана се појавија неколку солзи,но сепак го праша:„Што сакаш од мене?“
Тони и се насмевна и и рече:„Јас се дрогирам и ти тоа го знаеш,те бакнав бидејќи слушнав дека ќе си сторела се за мене.Затоа ако ме сакаш толку силно тогаш и ти земи дрога!“
Ана ништо не изусти само потврди со главата „ДА“.Во тој момент Тони извади два шприца и едниот го впери во Ана а другиот во него.Тој веќе беше навикнат,но Ана...
На нејзиното лице се појавија неколку солизи,болката ја уништуваше.Тони ја погали по лицето а таа со спокоен поглед изусти:„Те сакав само тебе и секогаш ќе те сакам само тебе.Ти благодарам што бар за миг беше мој.“
Ги затвори своите очи,со спокој замина на другиот свет бидејќи мигот за кој таа живееше и се испони.По неколку дена почина и Тони од преголема доза на дрога и го погребаа да Ана за да бидат засекогаш еден покрај друг и покрај тоа што Тони не ја заслужуваше Ана таа него го сакаше.Зад себе го остави семејството и пријателите со преголема болка во срцето.
Љубовта е убава,но само кога е возвратена.Ана го сакаше само Тони,но тој не ја заслужуваше.Таа го даде и последниот здив за него,а тој ниту тоа не го ценеше.Затоа борете се за љубовта која вреди,а за другото оставете тоа само ќе си дојде бидејќи се што е твое ќе си дојде,а тоа што не е твое никогаш и нема да биде твое.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva, Scars31 and Caci

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Затоа борете се за љубовта која вреди,а за другото оставете тоа само ќе си дојде бидејќи се што е твое ќе си дојде,а тоа што не е твое никогаш и нема да биде твое.​
Ова не ми се доапаѓа и имам замерки во стилот на пишување на некои места ама приказната е океј​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: martin4etoooo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас ќе одам малце оф топик ама да прашам: Зошто за секој текст отвораш нова тема?
Си има мислам посебна тема за наши дела, вака непрегледно и пренатрупано ќе стане ако сите почнат така.
Само добронамерен совет, иначе продолжи си со пишувањето, добро ти оди за твоја возраст. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: martin4etoooo

martin4etoooo

Нов член
12 април 2012
21
17
3
28
Јас ќе одам малце оф топик ама да прашам: Зошто за секој текст отвораш нова тема?
Си има мислам посебна тема за наши дела, вака непрегледно и пренатрупано ќе стане ако сите почнат така.
Само добронамерен совет, иначе продолжи си со пишувањето, добро ти оди за твоја возраст. :)
Добро ;)