Интимна (исповедна) проза

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Од мојот драг пријател,пензионерските денови изобилуваат со слободно време,но и во исчекување на .......!

Свирете!!!!!

Во глувата јануарска ноќ кога се дреме во зимскиот сон,од далеку допира носталгичен звук на веќе чуена мелодрама.Сетилката ме одалечка во снежните брегови со борови шуми.И таму,на една снежна ветрометина,дахот ми застана пред сонливата тажалка на стариот бор,во осамата заробен,со смрзнати солзи во маглестиот поглед.Но,една сокриена воздишка на минливи возбуди ме зароби.И,за миг Питагора,првиот музиколечебник ми шепна:Музика,музика!Се е музика!
Свирете мандолини,виолини и гитари пред олтарот на стариот бор,свирете го последното танго.Во пазувите заледени на старецот,раштиманата хавајска гитара,испушташе по некој залутал звук.Запејте и вие коледари,опејте Новозорјето - Василица.
И,свирете мандолини,виолини и гитари,последното танго,отсвирете...во зимската идила...
Свирете ,свирете и незапирајте мандолини,виолини и гитари виртуелната Ода на самракот,на заледената пустина на плачот...
Свирете мандолини,виолини и гитари последното танго на заборавот,на илузиите на задграничниот мелос...
Свирете,не во луксузни одаи озвездените хотели,не во богати ресторани,не на имитативните елити,каде совеста е мислена именка.
Свири бунтовно расштимана хавајска гитаро,кога со корка леб и нелупено јаболко чекореше по снежните беспатија да понудиш својата младост и насмевка на болните по села и колиби,по кривулести патеки и беспатија.
Затоа,свирете мандолини,виолина и гитари..засвирете ја одата на радоста,на тагата и на....
Свирете,свирете,музиката е во вас!Откријте ја!
Свирете мандолини,виолини и гитари,ангелски песни за сите деца и мајки на една божја трпеза да седната,радоста да ја споделат.
И ти ,хавајска ,раштимана гитаро исцеди последен акорд на одминување...

И во овој миг,после многу одминали Господови лета,големите снежни навеви,шкрипат под замрзнатите нозе,шепотејќи Ода на снежната убавица зробена во зимскиот сон.Та,Пер сефониа да не беше дремливата пролет?Ќерката на богињата Деметра?Пролетта што ја буди и сончевина зазорува.
Сетилки,сетилки развиорени во снежните дамари,извираат како палимоести заскитани во аурата на длабоките реминисценци и на сите сетила.
Мисловно патувам по долгиот снежен навев,придружуван од двајца соработници и глутница волци,неканети гости.
Чаролија,зимска пасторална симфонија,придружена од волчиот пој,гнев.
Значи,во кризни заложби,волкот на волкот е човек!А човек на човек монструозен парадокс.
И затоа,свирете мандолини,виолини и гитари..свирете без сопир последното танго,панетаизам нека се опи...
Свирете реквием за духовниот мрак.И ти раштимана хавајска гитаро,молкни во вечниот заборав.
Свирете мандолини,виолини и гитари во цветната алеа посеана со трње,каде горчливиот вкус е посилен од благиот мирис на темјанушките...
И затоа свирете мандолини,виолини и гитари во придружба со ангелска химна на Божествените херувими..
Свирете со солзата на свеќата што догорува.
Свирете Питагорејци!
Вие ја внесовте музиката во храмот на хармонијата.
Свирете мандолини,виолини и гитари бидејќи во вселената се е звук и боја.
И вселенскиот брод се движи на звучен погон,во кој сум вселен како слеп патник.
Свири и ти Еолова харфо,во тебе е зачнат првородениот звук на вечноста...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
На тебе кој душава на јарбол ја стави...
...Не е проблем што не ме љубеше. Во срцето никој со сила не може да се вгнезди.Ниту мајка може со сила да си го сака детето.
Јас разбирам се, и љубење и нељубење.
Но, едно не разбирам. Како во животецот мој обичен секогаш ги пуштам тие што не ме љубат? Како посебно од светот да ги одбирам само за мене?
Не си ни прв, ни последем што не ме љубеше. И тој не ме љубеше , а останав годиништа со него како сенка, градејќи го со многу љубов тоа што некој го нарекува дом. Тој немаше замерки, се беше безпрекорно наизглед убаво.Тој никогаш немаше сила да ме погледне во очи и да го каже тоа-не те љубам.
И ти немаше сила да ме погледнеш во очи, само очите да ти ги видев додека мирно зборуваш.
Не е срамно да нељубиш, јас чувствувам кога не ме љубат. Јас знам, препознавам , тоа не е ништо ново...
Ќе ми беше поинакво ако ме љубеше, ќе имаше телово други облици и очите ќе пламнеа. Не е важно сега тоа. И нему и тебе душата ја подарив, во различни времиња. Така знаев , така умеев.
Се присетуваш ли кога те молев да ме оставиш во школката, во мојот оклоп каде бев со години најсигурна.Таму бев заборавена како ситни пари во стара изветвена облека. Посакуваше да дознаеш од каде ми е тагата. Дали тагата ме измислила мене или јас сум ја измислила тагата?
Сакаше да ми ја разголиш тежината. Ти дозволив, те усреќив на мој начин, на твој избор.
Не се грижи. Јас секогаш од пепел се воздигам и градам, сама како волчица. Повторно ѕидови ќе изградам, но овие ќе бидат засекогаш тврдина во која ни сонцето нема да го пуштам. А спомените ќе ги закопам длабоко во тишината ...
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се спремаше да го исклучи мониторот и да го заврши работниот ден.Чистачите веќе започнаа да ги чистат бироата,а таа
задлабочена во работата не ни примети кога сите заминаа.
Тивко и мирно,необично беше да се доживее таква тишина во таа секогаш раздвижена просторија полна со луѓе.
Ја облече својата кожна јакна,
ја зема ташната и папката со документи и договори.
Им посака пријатна вечер на чистачите и се упати до шкафот да ја остави папката,не сакаше да ја носи работата со себе дома.
Вечерта беше прекрасна,само за прошетка,па одлучи да си оди пешки накај дома,пешачењето ја опушташе и исполнуваше враќајќи ја во убавината на денот.
Ја отвори вратата од просторијата каде беа шкафовите и пред лицето и се појави неговата силуета.Тој стоеше пред неа.
Пред неговиот стабилен и така моќен став,таа се губеше,трепереше,доаѓајќи си така мала и несигурна.Тлото под нозете се претвараше во несигурна водена површина,па со стапалата се обидуваше да се закачи за подот,да не би пропаднала.
Подголтна,притискајќи ги усните една над друга,
а во себе се спремаше да ги најде соодветните зборови кои би можела да му ги каже.
Очи во очи со него.Тие очи..
Неверојатно длабоки,полни со..со што?
Познато е нешто на нив, блиско,дофатно.
Ниту тој,ниту таа не изустуваа било каков збор,неколку секунди,кои изгледаа како денови,месеци,години.Како парализирани стоеја и се гледаа.Што гледаше тој во нејзините очи?А таа во неговите?
Се гледаше ли себе во неа и таа во него?
Огледало кое совршено се пресликува,правејќи од два лика еден?
Ниту збор не беше изустен,а се беше кажано..
Кажи нешто..го слуша својот глас,кој ги издаде нејзините мисли.
Се насмевна збунето и да би ја извадила ситуацијата рече:
Мислев кажете..ова..кажете што правите вие овде..?
Вцрвенета и збунета уште повеќе се заплетка во своите зборови.
Тој се насмевна исто..
Се насмеа и таа насмевка засвети како сонце после дожд.Она сонце кое ги милува сите чувства во телото.
Првпат и се насмевна,а веќе пола година им се сечеа студените погледи којзнае зошто,каде и да се сретнеа,небаре беа најголеми непријатели.
Убава насмевка..ми се допаѓа.
Би имала ли нешто против,ако те поканам на пијалок вечерва?
Ја праша директно,како тоа прашање да беше веќе одамна смислено,и често повторувано.
Пијалок?
Сега?
Јас и ти?
Нееее..никако..
повторно помисли во себе,а гласно со одредена порција на самодоверба изговори:
Да,зошто да не?
Одлично,
рече тој и ја отвори ширум вратата за да не стојат заглавени на влезот.Нејзиниот поглед се спушти кон подот и случајно ги скенира неговите цокули..
Рокер во одело...интересно.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica and Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Момент


Сонувај мило..
Ќе дојде самовилата на соништата,
ене ја сокриена на прозорецот,
чека да ги затвориш очињата за да ти шепоти убави приказни
расфрлајќи го над тебе
ѕвездениот прав на соништата.
Затвори ги очињата,
и за неколку минути ќе бидеш
во земјата на чудата.
Јас секогаш сонувам убави соништа мами...ноо..што ако дојде волкот?
И сака да ме украде?
Мама ќе те чува.Како стражар ќе бдее над тебе,длабоко во ноќта чувајќи те од волкот.
А ако те гризне мами?
Посилна е мама од волкот мило,ќе го скроти и ќе ти биде пријател.
И сега
добра ноќ,те сакам.

И јас тебе мама..

Ја имам најсилната мајка на светот Луиџи,знаеш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

молскавична

Нов член
1 јули 2014
5
6
3
Јас, девојка по природа аналитичар. Секогаш резрешувам животни енигми, трагам по одговори ..... што е среќа ... што е љубов .... болка .... оф ќе полудам. Има ли одговори на се дали, сите ли прашања заслужуваат одговор. Понекогаш си велам дека цел живот глумамсовршена девојка, добра ќерка, другарка што секогаш е тука да даде добри совети, таа безгрешната, БЕЗГРЕШНАТА ?! Грешев многупати грешев, можеби ова е прв пат да го кажам тоа на глас.
Можеби е малку глуп? Можеби. Најверојатно не е свесен колку можам да се впиаjм во неговото срце па, луѓе мои јас го можам тоа знам дека го можам. Од каде се појавити зошто баш јас? прашања, прашања, ќе се опуштам ли некогаш. Не, нема знам дека е така не ми е во наравот така сум скроена а верувајте луѓето тешко ги менуваат навиките. Случајно ли е? Сигурно не, не е можно да е случајно ова е плански се е по план. Го прашав зошто јас, од сите зошто јас, ми рече ми се допаѓаш. Ти се допаѓам?! толку ли било едноставно, затоа ли јас поминав многу ноќи во мисла, па дури и кога ке ги склопам очите да сватам дека ме прогонуваш и во сон, наутро, пак ти во мислите колку да ме поздравиш, колку да го почнам денот со тебе, колку да се вознемирам. Ми се допаѓаш, ми рече , сега сум сигурна мажите не се како нас ... не се, немаат потреба секој изустен збор да го анализираат, да го толкуваат, да бараат значење во секој поглед. Секој ден е искушение си велам вечер ќе ме побара сака да ме гушне да ми каже каков му бил денот, сака да го смирам, сака да ми каже нешто што ке биде само наше, само за мене и него. Веруваш ли во знаци, не верувам. А јас пак мислам дека не верувам, а потајно си мислам дека има нешто.
Каква битка водиме јас и ти. Јас непопустлива, а ти горделив. Сакав да ме освои, да ми каже колку многу сум убава и колку многу го возбудувам. Очите ти зборуваат иако не ми кажуваш, и повторно јас непопустлива а ти горделив. Почеток пред почеток. Сакам да бегам зошто не ми даваат да сум сама, оставете ме врескам во себе !
И пак, сама со сите а сама, околу луѓе многу луѓе ... сакаат денот да го убијат со едно бескорисно кафе, стандарден муабет, ме гушат сите, ме гушат. Ги гледам, а не ги гледам ги слушам , а не ги слушам хаххахаха колку било едноставно да се правиш дека ти е грижа за нив. Повторно ја ставив маската пак сум онаа која ја сакаат сите.
Ама мене ти ми требаш, ми треба помош, зошто талкам не се познавам. Сите ние мислиме дека се познаваме себеси, ама не ти си единка една и единствена на оваа планета како тебе нема друг, роден си за да направиш некоја промена, да бидеш не добар, абе најдобар во нешто. Откриј само што. Јас незнам што сакам, која сум и зошто постојам, која е мојата мисија. Се надевав ќе ми помогнеш да дознаам го видов тоа кај тебе. Ама нашето не ни почна се влечеме за јаже никој не паѓа долу на земја, ни јас ни ти. Се смеам ама и душата ми плаче. Ама не ти се давам ќе ги следам знаците во кои мислев неверувам и полека пополека ќе те добијам ќе ти го земам мирот, ќе те полудам, сакам да молиш, да ме проколнуваш, да нема ниту еден дел од денот а не помислиш како поминува мојот, е тогаш тогаш ќе ти се препуштам целосно со тело и дух. Засега те оставам со твојата фантазија, се надевам дека е богата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Дримм

Нов член
4 септември 2014
3
4
3
"Остави ја, не вреди!" - ми велеа. Ме прашуваа што видов толку во неа. "Го видов она што вие не го гледате, што вие никогаш нема да го видите - се видов себе си!" Таа беше supergirl. Буквално. Имаше само 18 години. Работеше во кафуле. Сама заработуваше. А јас бев обичен голтар. Детиште. Несериозно детиште. Затрескано во неа. Ја сакав. Премногу. Таа си играше со мене. Се зафркаваше. Се заебаваше со моите чувства. А пак јас, глупак. И верував. Можеби ќе звучи смешно и глупаво, ама никогаш немаше ништо меѓу нас. Буквално ништо. Ниту еден најмал бакнеж. А ја сакав. Таа знаеше. Го искористуваше тоа. Си поигруваше со мене. Секогаш си фаќаше за дечковци некои сељаци кои само ја искористуваа. Мене не ме ни погледнуваше. Како беше она..."Ја изгуби месечината броејќи ги ѕвездите." Можеби сум помал од нејзе, можеби немаше да имаме којзнае што...Ама љубовта..таа беше искрена, супердевојко

.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Почуствував потреба да му простам за се.
Утрово со уште нерасонети очи.
Почуствував дека омразата и гневот кои ги носев и гаев во себе,
ја блокираат целата моја животна енергија.
Не и дозволуваат на љубовта да струи низ мене.
Секоја една болка,секој еден спомен кој ми создаваше кошмари овие две години ги запишав на еден лист.
Под секоја спомен стоеше..ти простувам..од дното на душава.Ти простувам и те пуштам од себе.
Ми се чини напишав 5-6 листа.Беше болно да ги оживеам сите тие спомени и да ги опростам.Бев толку се закачила за нив што ми постанаа дел од секојдневието.Ме гушеа,ме уништуваа.Стоеја пред мене како штит од љубовта.
Ги почуствував повторно и ги пуштив од себе.
Не сум родена за да мразам.Не сум родена за да бидам гневна на некого,не сум родена да уништувам.Родена сум..за убавите нешта во животот.За апсорбирање на љубовта околу себе.Родена сум да бидам насмеана.Да ширам позитивност.
Да делам насмевки.
Ги земав листовите и ги ставив во една стара конзерва и отидов на балкон.
Ги запалив и гледав како димот се губи во воздухот.
Лошите спомени исчезнаа.Болката исчезна.За миг.
Се почуствував слободно.Почуствував како еден дел од мене живна.
Бев задоволна од себе и од тој чин.
И тргнав насмеано во денот.
Уживав во сонцето и почетокот на есента.Уживав во себе.
Не знам зошто после работа отидов во центарот на градот.Сакав да разгледам што има по продавниците.Всушност барав некој есенски џакет.
Налетав на еден дечко кој седеше на камењата на сред град и пред себе имаше капа за ситни пари,а во рацете држеше парче картон на кој пишуваше:
Ти си прекрасен.
Хммм..Се зачудив малку,на идејата која ја претворил во реалност.
Интуитивно извадив ситни пари и му ставив во капата.
Ме погледна во очи и се насмеа.Се насмеав и јас.
Се разбравме.
Можеби ќе се запраша некој што разбрав..
Верувам во Бог,верувам во Универзумот.Верувам дека ништо не е случајно што ни се случува.
И знам не случајно го сретнав дечкото.
Feedback на мојот чекор утринава.
Бог ме сака.
И се додека е така,знам дека сум на вистинскиот пат.Затоа што се одлучив за љубов,добрина,разбирање..
Колку убав ден..
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Почуствував потреба да му простам за се.
Утрово со уште нерасонети очи.
Почуствував дека омразата и гневот кои ги носев и гаев во себе,
ја блокираат целата моја животна енергија.
Не и дозволуваат на љубовта да струи низ мене.
Секоја една болка,секој еден спомен кој ми создаваше кошмари овие две години ги запишав на еден лист.
Под секоја спомен стоеше..ти простувам..од дното на душава.Ти простувам и те пуштам од себе.
Ми се чини напишав 5-6 листа.Беше болно да ги оживеам сите тие спомени и да ги опростам.Бев толку се закачила за нив што ми постанаа дел од секојдневието.Ме гушеа,ме уништуваа.Стоеја пред мене како штит од љубовта.
Ги почуствував повторно и ги пуштив од себе.
Не сум родена за да мразам.Не сум родена за да бидам гневна на некого,не сум родена да уништувам.Родена сум..за убавите нешта во животот.За апсорбирање на љубовта околу себе.Родена сум да бидам насмеана.Да ширам позитивност.
Да делам насмевки.
Ги земав листовите и ги ставив во една стара конзерва и отидов на балкон.
Ги запалив и гледав како димот се губи во воздухот.
Лошите спомени исчезнаа.Болката исчезна.За миг.
Се почуствував слободно.Почуствував како еден дел од мене живна.
Бев задоволна од себе и од тој чин.
И тргнав насмеано во денот.
Уживав во сонцето и почетокот на есента.Уживав во себе.
Не знам зошто после работа отидов во центарот на градот.Сакав да разгледам што има по продавниците.Всушност барав некој есенски џакет.
Налетав на еден дечко кој седеше на камењата на сред град и пред себе имаше капа за ситни пари,а во рацете држеше парче картон на кој пишуваше:
Ти си прекрасен.
Хммм..Се зачудив малку,на идејата која ја претворил во реалност.
Интуитивно извадив ситни пари и му ставив во капата.
Ме погледна во очи и се насмеа.Се насмеав и јас.
Се разбравме.
Можеби ќе се запраша некој што разбрав..
Верувам во Бог,верувам во Универзумот.Верувам дека ништо не е случајно што ни се случува.
И знам не случајно го сретнав дечкото.
Feedback на мојот чекор утринава.
Бог ме сака.
И се додека е така,знам дека сум на вистинскиот пат.Затоа што се одлучив за љубов,добрина,разбирање..
Колку убав ден..
Тоа е веќе добар почеток:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Едно збогување
Дојди, дојди само да ти ги погледнам очите-рече. Ги имаш очите на татко ми, длабоки, зелени кога си тажна ,а пожотуваат како на мачка кога си бесна. Но се повеќе се зелени како обетките .
И јас уморна од животот дојдов. Те погледнав во очи , ги собрав устињата за да не изговорам се што посакав да изговорам.
Ќе ти ги изедам усните. Дај ми само еднаш по дваесет години да те бакнам...само еднаш и никогаш повеќе -кажа.
Не- реков. Памети ги тие усни кои те љубеа, овие се мртви, не љубат никого, ниту тебе...
Дозволи ме да те допрам-промрмори.
Имаме деца, имаме ...
Луд си, штом гледаш млада девојка во лице на средновечна жена.
Можеш да се потпишеш и да мислиш негова си, но не си, никогаш и нема да бидеш, знај! Ти секогаш беше и остана моја, не си свесна , кого залажуваш?
Не сум ничија. Јас само лутам во мојата самотија до смрт.
Дојди, само еднаш да те прегрнам, дојди, немаме време , времето лета...
Уморна сум. Уморна сум од себе , од се. Следниот пат се ќе ти дозволам , за да почувствуваш колку сум мртва, за да осетиш дека не живеам...
П.С. Немаше следен пат на земјата
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
@ на сите кои ќе се препознаат
Таа беше темнина. Животот ја создаде таква.Таа можеше да направи се, освен да биде среќна. Таа зборуваше и кога молчеше.
Таа беше и маж и жена секогаш кога мораше да биде, а најмногу само сакаше да биде жена и ништо повеќе од тоа.
Со годините се трудеше да ја убие жената во себе и до некаде успеваше во тоа. И тогаш кога помисли дека се смири во својата тага и кога со сигурност се прогласи мртва, не беше така.
Мртва сум -секој ден повторуваше.
Секое утро ги прецртуваше деновите на календарот со некаква леснотија и скриена радост како чекирање на карта во еден правец надвор од пеколот.
Имаше задача, таа сепак мораше да си ја исполни задачата која и беше доверена пред 15 години. Никој неможеше да го стори тоа наместо неа.
Понекогаш тивко низ усни ќе процедеше за себе-Има ли крај, Господе?
Годините поминуваа, ја изветоперуваа, но душата беше се попразна. А таа душа имаше место да го збере цел свет. Кога би почнала да раскажува каде се била и со кого вечерала, и секогаш иста, скромна ,понизна.
На мравките се поклонуваше, лавот го гледаше во очи без страв,дрвјата ги гушкаше. Луѓето ја гледаа чудно кога во паркот ги гушкаше дрвјата. и ја прашуваа. Таа ќе им шепнеше , па дрвјата нема кој да ги гушка, морааат на едно место да стојат цел живот...
Порано таа сонуваше,трудејќи да си ги исполни соновите. Навистина и се исполнија соништата ,освен еден-да биде среќна жена.
И како што Ви реков дека кога беше убедена дека и мртва може да се живее, и човек може да биде помртов во животот одколку кога е умрен, се појави светлина.
Светлина во човечки облик засветли неповикана, небарана, како гром.
Таа не ја довикуваше,само понекогаш во долгите ноќи скришно ќе се помолеше во себе-Господе, дај ми малку светлина, да видам.
Но, таа не мислеше на човек,никогаш.
Тој не беше свесен дека носи во рацете невидлив факел, дека осветлува, и луѓето го препознаваат. Неговата насмевка гушкаше, а зборовите беа лечебни. Доволно беше само да го гледа. Очите и ги полнеше со убавина. Понекогаш плачеше без причина, од чиста мира, понекогаш само се смееше. И доволно беше, прекрасно беше.
Во ноќите на полната месечина секогаш и недостасуваше. Како плима го поплавуваше нејзиното тело, се будеше како жена. Тоа не беше ниту умно , ниту дозволено. Не беше ниту општествено, а чувај боже -ниту морално оправдано.
Таа сега не беше ниту мртва доволно, ниту жива целосно. Едноставно заглавена меѓу животот и смртта.
Ни таму, ни ваму. Најтешка состојба на душата. Тој секогаш се појавуваше кога беше потребен во нејзините мисли,извираше како поток.
Не беше фер да ја користи неговата светлина за да темнината полесно ја живее. Сто пати го праша дали му е терет. Но тој зачудено ја гледаше, за каков терет зборува кога таа немаше желби, или некои побарувања. Тој само културно така се правеше дека незнае. Тој знаеше се , баш се од нејзиниот живот,па и многу повеќе за неа одколку што таа знаеше за себе.
Таа се чудеше и се прашуваше кој ли можел да го испрати во оваа темнина. Чија ли порака носи?
Но едно знаеше дека ништо не беше случајно. Од кого и да беше пратен, тој успеа да си поигра со неа и да и докаже дека сепак жива е....