1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Интернет заработка

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од важна, 18 февруари 2012.

  1. важна

    важна Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    552
    Допаѓања:
    694
    Дали сте пробале да заработувате на интернет и дали сте запознаени со начините? За оние што незнаат, читајте подоле :)

    Начини за заработка на интернет:

    1. Microworkers
    На овој сајт можете да заработувате со тоа што ќе извршувате микро (мали) работи и за тоа ќе добивате околу $0.10 долари за секоја извршена микро работа. Најголемата заработка изнесува $0.50 од една микро работа, но за тоа треба да имате добро посетен сајт/блог на кој ќе го објавите она што е побарано од авторот на работата. Идеален сајт за почетници во оваа сфера.

    2. Freelancer
    Овде го нудите својот проект т.е ја нудите вашата услуга. На пример ако вие сте графички дизајнер, нудите дизајнерски услуги и чекате некој да ви понуди да му завршите некоја работа (пр лого, банер итн). Цена можете вие да поставите, а можете и да се договорите со оној кој ќе ги користи вашите услуги.

    3. Fiverr
    Овде вие испраќате понуда што би направиле за $5. На пример: ке направам лого по ваша желба за $5 и чекате да ве исконтактираат.

    4. eHow
    Овде заработувате на таков начин што пишувате "како да" текстови. На пример: како да направите блог итн...

    5. 99designs
    За да работите на сајтов треба да се разбирате од графички дизајн. Се организираат графички натпревари и ако победите ќе заработите пари.
     
    На 4FUN, Hexasto и Selma им се допаѓа ова.
  2. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,640
    јас сум во пла нда почнам да работам на фреланцер инаку имам 4 книги како најлесно да станите фрее ланцер и како да го продадете производото полесно... то се уствари прирачници за фреелансери.. и ова е how ми прај кеф... ке се пробам на двете..
     
    На Hexasto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    ја имам заработено преку илјада долари на нет со warez. сеа acta sopa ме јебе. сто посто пејачиве гладуваат поради неколку албуми што сум аплоудирал. така важна :sreken
     
    На kizzo и Hexasto им се допаѓа ова.
  4. Аце

    Аце Староседелец

    Зачленет на:
    2 март 2012
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    28
    Има многу видови начини на заработка, но во овој пост ќе ги искоментирам начините на важна.

    1. Microworkers - Доколку немате никаков блог заработката на овој сајт иде бавно така да може да се каже дека е губење на време. Пред да биде направен update на сајтов имаше доста работи кои можеа да се завршат. Исто така имаа и проблеми со PayPal им беше блокирана сметката па така да тие кои отвараа кампањи имаа проблеми.

    2. Freelancer - или како што велат сам свој газда. Има навистина многу сајтови кои може да ги понудите вашите услуги и навистина може да се заработи.

    3. Fiverr - доста интересен сајт кој навистина нуди добра заработка, се што треба е да бидете креативни и да понудите тоа што го знаете. На ИБиз Македонија во делот заработка имате тема за Fiverr каде што може да прочитате повеќе околу овој сајт.

    4. eHow - доста стар сајт кој барем еднаш го имате посетено. Пишувате артикли на сајтот и со тоа заработувате.

    5. 99designs - е кај овој сајт треба доста да бидете креативни затоа што конкуренцијата е навистина голема. Има доста креативни луѓе кои изработуваат навистина одлични логоа и други дизајни...

    Постојат и други начини на заработка кои се едноставни, доколку сте напреден во овој дел можете да прочитате повеќе за Affiliate, CPA на ИБиз Македонија.
     
  5. besy

    besy Нов член

    Зачленет на:
    22 мај 2012
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Naturebucks е вебсајт во кој извршувате некои мали задачи(пр. да се регистриратe на некој сајт), откако ке ја извршите задачата следи потврдување,потврдувањето дека задачата е добро исполнета се одвива најчесто 30 минути по завршувањето, а потоа парите ви се на акаунтот. Има два начини на исплата на парите од акаунтот, и тоа:

    -Преку Paypal Минимум за испалата $0.05

    -Преку Amzon Gift Card Минимум за исплата $1, доколку парите ги префрлите на амазон ке можете да ги искористите за купување некој производ од амазон.



    Доколку ви е потребна помош пишете во темава, еве и доказ за исплата!;)

    [​IMG]
     
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    нема леб без мотика
    реферал а? е не кликам
     
    На TIGERWOMAN31SK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,552
    Богами друже многу си заработил, кај ги потроши париве?
     
    На The Tramp, Hip.Hop_MKD, The_Mayor и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Ти седиш на интернетот а пари само пристижу,пристижу
     
    На N|ghtmare_f и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  9. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,835
    Допаѓања:
    6,518
    Има пари на интернет али начинот на кој ти заработуваш е смешен... иако е точно дека исплаќаат али не за секоја завршена работа.
    Околу заработување на интернет само на одеск бате, другото е гола вода.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,214
    Парите заработени со пот се најслатки.
    Е*ате арното,да беше така како што мислеа никој немаше да рмба и да се заморува туку ке си печали на гореспоменатиот начин.
     
    На Dr.Gonzo му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: