Интересни новости и занимливости за животните

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
За темава ме инспирираше една интернет статија која само што ја прочитав.
Гинисов рекорд: родила 24 бебиња

Споделувајте и вие интересни новости поврзани со животните...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Еве една занимливост: Свињите имаат оргазам од 30 минути :eek не знам колку е ова точно ако е така сакам да сум свиња :D
Абе ај,ти за 30 можеш 4 оргазми да имаш:D,не менувај се за свиња:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.

Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Истражувањето кое неодамна го спроведоа група американски научници покажува дека и животните намерно земаат психоактивни растенија.
Американскиот невропсихијатар Дејвид Линден во својата најнова книга наведе дека истражувањето покажало дека животните наводно конзумираат психоактивни растенија и печурки, како и луѓето.
- Иако е тешко целосно за се разберат мотивите на животните, сепак врз основа на голем број случаи може да се заклучи дека животните ги користат тие растенија пред се поради нивното психоактивно дејство, бидејќи тие вообичаено се сиромашни со хранливи материи, рече Линден.
Животните, според него, се свесни се ефектот кој го имаат овие растенија.
Во Габон слоновите, мајмуните, птиците, горилата и голем број други животни ја конзумураат и богата, растение со халуциногено дејство, кое го употребуваат племенските исцелители во традиционалните ритуали.
Според Линден малите слончиња учат да јадат ибога набљудувајќи го однесувањето на постарите членови на нивните крда.
 

Jesus

Истакнат Член
9 јули 2012
26
8
103
30
Тарантулите го менуваат својот скелет , незнам точно на колку месеци , години. Прават гнездо легнуваат и 2-3 дена се во гнездото и за тоа време го исфрлаат стариот и го создаваат новиот .

Една од најотровните змии Тајпан . Кога некој ке биде каснат од овој вид на змија отровот има многу лоши ефекти . Поточно крвта ви излегува од секој отвор на телото (нос , усна шуплина , уши па дури и очи и од кожа т.е од кожните пори ) .

Слонот неможе да скока :D

Слоновите имаат свои ритуали . Поточно кога ке им умре еден член од групата (глутницата) тие барем еднаш неделно доаѓаат до мртвиот труп т.е до коските и ги допираат со сурлата тоа трае некои 10 - 15 минута и си заминуваат . Тоа го пофторуваат 3 - 4 недели .

Ги има многу , доста е сега за сега :D

Можеби нешто од оваа не е точно но јас така сум видел по документарци , така сум прочитал , така сум чул .
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Еве нешто интересно за волците :)

Волците се многу попријателски расположени кон околината отколку што се мисли. Тие селојални до смрт, со силно чувство за посветен фамилијарен живот, при тоа задржувајќи ја својата индивидуалност. Тоа е првиот впечаток што го добиваат научниците кои ги набљудуваат овие суштества. Една од најдобрите и највпечатливите особини на волкот е формирањето на цврста емоционална врска со блиските. Нивните малечки уште во првите неколку недели доживотно се приврзуваат за останатите од групата, а многу тешко ја доживуваат подоцнежната разделба со нив. Оваа нивна карактеристика е особено видлива во случаите кога волкот е одгледан од човек уште од малечко, па тоа подоцна не ја развива „природната агресивност“ која погрешно му се припишува, туку формира силна пријателска врска со човекот и евентуално со кучињата со кои рано дошло во контакт.

Волците се многу верни моногамни суштества. Се врзуваат со само еден партнер за цел живот, а таа врска трае сè додека еден од нив не умре. Дури тогаш другиот тргнува во потрага по нов партнер. Инцестот во глутницата е строго забранет и е можна причина за нејзино распаѓање. Доколку еден волк-мажјак не успее да најде партнерка во рамките на својата територија, тој има право да се пари со женка од друга глутница. Со тоа во научната јавност го добива епитетот „Казанова волк“.

Мирољубивоста на волкот е уште една особина која сигурно ќе ве изненади. Иако владее стереотипот дека тој е агресивен и крволочен убиец, волкот сепак има природна одбивност кон насилството. Најчесто, пред да посегнат кон борба, се обидуваат проблемите да ги решат со гневен продорен контакт со очите кој има за цел да го избрка натрапникот од нивната територија. Тие најголемиот дел од своето време го поминуваат во друштво на други волци, а истражувачите забележале и случаи во кои еден волк прекинува борба помеѓу двајца други од својот вид.

Сепак, тоа не значи дека кај волците ја нема агресивноста. Кога треба да ги заштитат блиските тие можат да покажат многу суровост. Не се двоумат дали да ги употребат забите кога сакаат да се одбранат себе или своите млади, ниту пак кога треба да уловат некој плен или да ја одбранат својата територија. Оваа особина им е неопходна за да преживеат во суровите услови во дивината, при тоа покажувајќи способност за безрезервна соработка со другите членови од глутницата.

Волците се неверојатно интелигентни животни. Биолозите велат дека интелигенцијата на волкот е слична со онаа на најпаметните кучиња. Иако не е лесно да се измери интелигенцијата кај животните, тие сфатиле колку се паметни волците кога во минатото биле ловени од локалните ловци во Минесота, САД. Волците покажале извонредна способност за учење и меморирање кога почнале да бегаат од отворените полиња, веднаш штом слушнале звуци кои ги асоцирале на ловците. Кога ваквите звуци се стишувале, тие се враќале на истото место кое претходно го избегнувале. Дури и самите ловци признаваат дека волкот е голем предизвик кога треба да се улови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14