Инспиративни текстови кои поттикнуваат размислување

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јажето на животот
Како што човекот поминуваше покрај слоновите, одеднаш застана, збунет поради фактот дека овие огромни животни беа чувани само со едно мало и тенко јаже врзано за нивните предни нозе. Нема синџири, нема кафез. Очигледно беше дека слоновите можат во секој момент со леснотија да го скинат јажето и да избегаат - но тоа не беше така.
Во близина го здогледа нивниот тренер и го праша зошто слоновите само стојат без да направат никаков обид да избегаат. "Тоа е затоа што", рече тренерот, "кога беа млади и помали ги врзувавме со истото јаже. Тогаш беше доволно цврсто за да ги држи. Како што растеа, тие беа уверени дека неможат да избегаат и дека јажето се уште може да ги сопре. Тоа е се уште така"
Човекот беше вчудоневиден. Овие животни можат со голема леснотија да избегаат од заробеништво но поради нивното поранешно искуство и верување дека неможат, сега се принудени да седат каде што се.
Како и кај слоновите, колку од нас во животот се уште си мислиме дека неможеме да
постигнеме нешто поради неуспехот кој сме го имале порано?!
Грешките и неуспесите се дел од животните лекции. Никогаш не смееме да се откажеме од борбата за подобар живот!

(http://www.divianarts.com/?p=28354)
Ако имате уште некоја споделете ја :)
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Во брак или не, треба да го прочитате ова ...


Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи.
Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто?
Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував!
Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна.
Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно.
Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак.
Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање.
И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир.
Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија.
Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа.
На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен.
Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно.
Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата.
Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка.
Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод.
Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели.
Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг ....
Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе.
Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак!
Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи.
Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале.
Непознат автор
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина.
Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив, па отидов и тропнав.
“Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас.
Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса.
Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети.
“Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам.
“Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана”
“Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот.
“Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо.
“Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи.
“Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува.
Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?”
Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо.
Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”.
Возевме во тишина до адресата што ми ја даде.
Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша:
“Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата.
“Ништо” – реков.
“Но треба да заработиш за живот” – ме прекори.
“Постојат и други патници” – се намевнав.
Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто.
“Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти.
Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот.
Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се.
Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи!
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change

Беше околу 8:30 часот кога едно преокупирано утро еден постар господин во осумдесеттите години пристигна за да прими неколку конци на неговиот прст.Тој кажа дека се брза и дека има закажано во 9:00 часот.

Му реков да седне да го прегледам.знаев дека ќе чека со часови за да го прегледа некој друг.Видов како гледа на часовникот загрижено и решив да му помогнам бидејќи ионака немав друг пациент.

По прегледот,раната беше добро санирана.Почнавме мал разговор додека ја средувам раната.Го прашав дали има закажано кај уште некој доктор бидејќи се брза.Господинот ми одговори дека нема и рече дека мора да оди во домот за стари и изнемоштени лица и да појадува со неговата жена.

Го прашав за нејзиното здравје.Тој ми одговори дека таа е сместена таму некое време откако станала жртва на Алцхајмеровата болест.Потоа го запрашав дали таа ќе се лути ако тој закасни.
Одговори дека таа повеќе не знае кој е тој и не може да го препознава веќе пет години.
Го прашав зачудено: “И ти се уште одиш секое утро иако таа веќе не знае кој си ти?“
Тој се насмеа и ме фати за рака и рече: “Таа не ме знае,но јас се уште знам која е таа“

Се трудев да ги задржам солзите откако замина.
Си помислив,“Ете таква љубов сакам во мојот живот“

Вистинската љубов не е физичка,таа е прифаќање на се што е ,било,ќе биде или нема да биде.



 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and karen

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Не сакам да бидам дел од никого.Јас сум целина!
Не сакам да му припаѓам на никого.Јас не сум предмет!
Не сакам да потпаѓам на туѓи мислења.Јас имам свое!
Не сакам да прифатам дека нешто не можам.Јас можам се!
Не сакам да ги следам другите.Јас сакам да бидам водач!
Не сакам да чекам да ми дојде нешто.Јас доаѓам до саканото!
Не сакам грешките да ме уништат.Јас ќе ги уништам нив!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
"Четири илјади лица ќе бидат ангажирани во општините на јавни работи. Проектот ќе стартува летово, а ќе трае шест месеци. Од страна на општините ќе бидат ангажирани 2.000 лица, а исто толку ќе бидат ангажирани од Владата, која има обезбедно 1,5 милиони евра.
Сега во овие услови на новата должничка криза во Европа, Владата и општините им излегуваат во пресрет на невработените и ќе им помогнат привремено во одреден временски интервал да стекнат приходи, да обезбедат средства за себе и своите семејства, а и општините ќе имаат корист бидејќи ќе се реализираат јавни работи преку кои ќе се подобрат условите за живот."

Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Вработување за 6 месеци на оние кои се пријавени у Завод за да 6 месеци се сметаат како врабоетни, да се скинат од листата и да се напраи фиктивно зголемување на вработеноста, само за 6 месеци, со тоа што у наредната година, истите тие ќе немаат право да се пријават у Завод за плави картони.
И, оп, нема невработени у Македонија. Бравооо.
Многу инспиративен текст за животот на младиот и средновековниот човек во една зафрлена савана која светот го гледа само од нејзина перспектива, пошто кога ќе излезе надвор од нејзиното трло, сфаќа дека е светлосни години наназад од било која западно-европска држава. У секој поглед. Буквално.
А срам ми е да ја пишам компарацијата, дефинитивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Животно ехо
Еден ден, некој човек со својот син се шетал во шумата. Одеднаш момчето застанало бидејќи било изморено и извикало: „Ахх...“
Ненадејно се слушнал глас кој доаѓал од планината: „Ахх...“
Момчето било обземено од љубопитноста па прашало: „Кој си ти?“
Ама, одговорот кој го добило, бил:
„Кој си ти?“
Ова го налутило, па повторно извикало: „Кукавицо!“
Гласот одговорил: „Кукавицо!“ Момчето го погледнало својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“
„Сине“, рекол таткото, „Внимавај подобро...“Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам!“
Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“
Таткото повторно викнал: „Прекрасен си!“Гласот рекол: „Прекрасен си!“ - момчето стоело изненадено, ама сè уште не сфатило што се случува.
Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, тоа всушност е живот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела.
Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов.
Ако сакаш повеќе добрина, пружи повеќе добрина.
Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај разбирање и почит.

Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела!“
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
ТРГОВЕЦОТ И НЕГОВИТЕ ЧЕТИРИ ЖЕНИ

ЧЕТВРТАТА ЖЕНА ја сакаше најмногу. Ја обожаваше, ја даруваше со скапоцени поклони, се грижеше за неа најмногу и ѝ даруваше само најдобро.
Многу ја сакаше и ТРЕТАТА ЖЕНА. Беше горд на неа и често ја покажув
аше на своите пријатели. Но, секогаш се плашеше да не го остави и да замине со друг.
Секако дека ја сакаше и својата ВТОРА ЖЕНА.
Таа беше многу внимателна, стрплива и во неа имаше голема доверба. Секогаш кога ќе наидеше на некој проблем, трчаше кај неа и таа секогаш му помагаше да ги совлада прапреките полесно.
А ПРВАТА ЖЕНА му беше многу приврзан партнер. Му помагаше во работата и во одржувањето на целото богатство. Но, неа и не ја сакаше многу, но таа за возврат го сакаше неизмерно.
. . .
Еден ден трговецот се разболе. Чувствуваше дека му се ближи времето и дека за кратко ќе умре. Помисли на својот богат живот па рече: „Имам четири жени, но кога ќе умрам ќе бидам сам, многу осамен...“

Тогаш ја запраша ЧЕТВРТАТА ЖЕНА: „Те сакав најмногу, ти купував најубави нешта. Те опсипав со внимание. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Никако“ одговори четвртата жена без ниеден друг звор.

Тогаш трговецот ја запраша ТРЕТАТА ЖЕНА: „Те сакав цел живот. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Не!“ одговори третата жена. „Животот на земјата е премногу добар, ќе се премажам после твојата смрт.“ Срцето на трговецот се смрзна од ладниот одговор.

Тогаш ја запраша ВТОРАТА ЖЕНА: „Секогаш бев кај тебе кога ми требаше помош. И сега барам од тебе помош. Сега кога умирам, ќе дојдеш ли со мене да ми правиш друштво?“ „Жал ми е, овојпат не можам да ти помогнам.“ одговори втората жена. „Најмногу што можам е да те закопам.“ Одговорот го покоси како гром.

Тогаш се слушна глас: „Јас идам со тебе, каде и да одиш.“ Трговецот се сврте и ја виде својата ПРВА ЖЕНА. Беше така слаба и превиткана како да е изгладнета. Заблагодарувајќи се жално, трговецот рече: „Требаше за тебе да се грижам повеќе додеја сеуште можев.“



Всушност, сите ние имаме четири жени во својот живот...

ЧЕТВРТАТА ЖЕНА Е НАШЕТО ТЕЛО... Без оглед колку го негуваме и му посветуваме внимание, ќе не напушти кога ќе умреме.

ТРЕТАТА ЖЕНА Е НАШАТА ЛАКОМОСТ, СТАТУС И БОГАТСТВО... Кога ќе умреме, сѐ ќе замине кај други.

ВТОРАТА ЖЕНА Е СЕМЕЈСТВОТО И НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ... Без оглед колку ни биле блиски за време на животот, не може да дојдат со нас во гробот.

ПРВАТА ЖЕНА Е НЕШТО ШТО НЕ МОЖЕШ ДА ГО ВИДИШ - ТВОЈАТА ДУША.
Често е потисната и не се гледа од материјалните богатства кои нѐ опкружуваат. Но, единствено таа нѐ прати секогаш.

--------------------------------------

Можеби е добро да се погрижиме за неа СЕГА наместо да плачеме на смртната постела.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Колачиња

Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи.
Седна во чекалницата за да не ја вознем
ирува никој. До неа беше столица со кутија колачи, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: види молим те, да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев...
Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче во пакетчето. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче.
Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната.
Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста.
ЗАКЛУЧОК:
Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ.
Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !!!
Во животот постојат 5 работи кои не може да се вратат:
- Каменот кој е фрлен;
- Зборот откога ќе се изусти;
- Можноста откога ќе се изгуби;
- Времето кога ќе помине;
- ЉУБОВТА ЗА КОЈА НЕ СЕ БОРИ;