1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Иницијација

Дискусија во форумот 'Религија' започната од pozdrav eden topol, 8 април 2018.

  1. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    343

    Неколку пати ќе го прочитам твојот пост. се надевам дека ќе го разберам..благодарам:)

    Знам дека не е тука местото, сакам да те прашам оти навистина незнам..зошто се сече косичка од глава на дете што се крсти(имаше спомна
    то во погорните постови па ми текна) и дали знаеш колку време се чува, што обичаи имаме?

    Некаде имам читано дека во косата има душа, дека не изумира.
    :)
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    Види, обично мене ме интересираат претхристијански обичаи, и нивни реликти во монотеистичките религии, вклучувајќи го христијанството. Во врска со косата од крштевањето, не знам конкретни обичаи и не би сакал да те лажам.

    А што се однесува до прашањето зошто токму косата. Во Стариот Завет, кој е многу повеќе политеизам, него монотеизам, во косата се гледа симбол на сила. Како дел од духот да се манифестира во косата. Аналогно на тоа, кога детето/човекот се крштева и присуство на светата тајна на крштевањето, всушност навлегува во христијанството и ги прима и прифаќа сите закони, налагања и благодети на својот Бог Исус Христос. Во тој миг, кога Бог застанува да му биде заштитник на детето, тоа за возврат мора да даде жртва. Бидејќи Новиот Завет не сака крвна жртва, секогаш жртвопринесувањето е симболичко. Така што, косата која попот ја отсекува во форма на крст е жртвата која ја дава, со ветување дека со сета своја волја и сила ќе го сака, ќе го почитува и ќе му служи на својот Бог.
    Затоа... многу е неправилно што се крштеваат 6 месечни бебиња. Од каде знае родителот дека детето кога ќе порасне ќе му служи на Исус, а не на Хад?
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,554
    Допаѓања:
    811
    Не позајмува. Тоа што постојано наоѓате низ книгите како овие или оние позајмиле од претходниците реално е наследување. Освен кога се работи за профанизирање и прекршување на заветите.

    Тоа што го знаеш како некоја форма египетско учење или систем, хебрејско, римско, гностичко, егзотериското христијанство, потоа исламот, па суфизмот, па богомилите, па темпларите, па алхемичарите и масонеријата, па сега новото време - е постојано предавање на едно исто учење, продолжување на една иста традиција и закон од секогаш, за секогаш...

    Но бидејќи човештвото осознава повеќе и научно и духовно - законот постојано се предава пак и пак...

    На пример ние знаеме дека Законот на Телема нема да е вечен. Доаѓа „друг на тронот на Истокот“ кој што ќе го замени „соколовиот бог на Сонцето“ :)
    Не сме како христијаните, единствените кои пробаа да го профанизираат законот како надворешно обожување преку вера, да се плашиме од „крајот на времињата“ или светот.
    Нашиот свет, ќе исчезне. Зборувам на светот во кој што владее Телема. И тука нема ништо лошо. Потребно е да заврши за да биде подобро! Со нови искушенија...

    Се надевам го погодив некако прашањето. Бидејќи ако напишев само „не позајмува“ ќе дојдеа странци да коментираат во стилот „како не позајмувате“ кога ете ова и ова е како таму и таму од минатото :)
    Денес се променети ритуалите и искушенијата. И перцепцијата на човекот како/кон божественото. И тука има голема разлика во однос на минатото и учењата.

    П.С. Телема не го укина Сонцето, но го помести човештвото во однос на истото. Дуалноста која постоеше, се предефинира сега. Не ја укинавме. Но кажавме дека има пат преку бездната, под која мора да постои дуалност заради разумот - технички кажано. :)
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    Јас повеќе би рекол дека се работи за просто модифицирање на облиците за заведување и прилагодување на веќе воспоставените системи и зацврстените верувања, но ако треба да се рече дека е „предавање на власта“ од еден, на друг властодржец, нека биде така.
    Да, дуалитетот како фантазма дефинитивно постои за зачувување на разумот и ослободувањето од грижа на совест, и дека обидот да се искорени тој дуалитет од христијанскиот Бог е страшна грешка, но дека вистината е во едно од сите учења, а во другити лагата... е nonsense.
     
  5. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,554
    Допаѓања:
    811
    Ти повеќе би сакал светот да е толку едноставен, модифицирање.. за како што велиш, манипулирање... на сила верување во сешто, не дека така од внатре нешто ве предизвикува да се бунтувате или да прифаќате :)

    Ниту споменав властодржец, ниту предавање власт, ниту зборував за верувања и религии иако знам дека ти за тоа зборуваш, уште споменувајќи го романот претходно... За тебе религијата е манипулирање и ништо повеќе. И те разбирам зошто е тоа така, но не можам да ти помогнам околу тоа.
    Како што и не можам да ти помогнам околу ова неразбирање на мојот одговор претходно. Тотално друго зборував од она што ти сега зборуваш.

    Најмалку пак јас споменав дека вистината е ваму, а лагата онаму, како и дуалноста кај христијанскиот бог со мала, голема или средна буква - сами си додавате размисли за да си потврдите нешто и да си продолжите понатаму...
    Жалам што не пронаоѓаш нешто повеќе од она што го зборувам.

     
    #25 Хептаграм XI, 9 април 2018
    Последна промена: 9 април 2018
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    Ако е задоцнето, да не е заборавено, бидејќи немав време, сега решив да ти вратам убаво.
    Од каде виде дека за мене религијата е само манипулирање и ништо повеќе? Не е точно.
    Религиозното чувство е вродено во секој од нас, просто е невозможно да го немаш. Како архетип го носиме. Токму романот Аламут ти го препорачав со таа скриена порака. Мала е границата од верник, човек со религиозно чувство и вистинска вера, до човек што е спремен да се самоубие, да убие или да манипулира во име на своите верувања. Треба да го знаеш само вистинскиот начин на манипулација. Големите вистини не се учат, не се предаваат преку табуизираните ритуали како што е иницијацијата спроведена од било која организација. Можам да ти гарантирам дека било кој шаман, во некое забутано племе, моментално, ја знае многу посуштински вистината за себе и светот што го опкружува, од сите нас заедно. Затоа што од својата вистина не сака да направи „движење“, „просветлување“, туку само себеспознание, и себеисполнение.
    Како и многупати до сега Исус имаше право кога рече „Ќе биде според верата и волјата твоја“, затоа не ми е јасно, како себеспознанието може да ти го води „духовен водач“, никогаш не го сфатив тоа. Не оди аџилакот во лавиринтите на душите на тој начин. Не оди.

    едит: Да не испадне дека не знам што е шаман. Знам дека шаманот е „духовен водич“ на племето, но исто така знам дека „табуизираните вистини“ што шаманот ги предава на своите поданици, не се универзални закони, како што новопечениве духовни водичи сакаат да проповедаат. Шаманот ги предава знаењата за своето племе, за својот свет. Тоа што важи за едно, не важи за друго племе. И нема да ти рече „овде згрешија тие, ние овде сме исправни“, не.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,554
    Допаѓања:
    811
    Колку се има време, толку.. Та секако не сме тука да предаваме лични вистини како апсолутни вистини, муабетиме

    Во иницијаторскиот систем на новиот еон не постои физички духовен водач кој те води било каде. Ритуалите на иницијација се за аспирантот, тој е главниот лик во сето тоа, не иницијаторот. Иницијаторот не предава свое разбирање при тие ритуали. Ритуалите на иницијација не се философски предавања, нема ништо скриено од кандидатот, освенако кандидатот сам си поставува такви мамки... Но толку можам да кажам.
    Сеуште не се разбираме што значи иницијација. Далеку е од верување и религија сфатена во старо еонска форма.

    Во новиот еон, не постои духовен водач како што глаголаш ти, тоа се минати ствари.. Денес зборуваме за врска колега. Сам го одиш патот, но други може и те како да помогнат на уморениот аџија
     

Сподели: