Иницијација

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Знам Хепта колку плаќате членарина, прочитав во условите кои ги имате пишано за да конкурирате за иницијанти во ОТО..меќу другото не ми е јасно зошто не примате лица кои биле осудени на затвор(значи не може секој)
Монасите не се депримирани луѓе, ДА...види ние имаме малку чудно мислење за животот во манастирите, дека таму е живот на тагата, на неслободата..но некој да те услови 6 мес. да живееш во изолација, да ти наметне правила, да се откажеш од светов, од материјалното, од нагоните и др...да пројдеш пат на пеколот и после тоа да те примат во нивни редови и да ти опнат мантија и марама!?
Иницијантите ги доживувам како жртвени јагниња, преку нивните маки да се читаат светите писма, да се раскажува приказни и др..(знам дека сами си го одбрале тој пат).
Каква христијанка сум..хаххахаха...обична, како и многубројните ко мене..не ми треба никаква заедница, никаков ред, не сакам да му плаќам на никој чланарина, сакам да се облакам јас како мислам, да јадам јас што сакам итд.
Крстена си?
Одиш во црква за празници?
Носиш масло, палиш свеќа?
Викаш поп да ти пее погача за слава?
Како не плаќаш „членарина“?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Крстена си?
Одиш во црква за празници?
Носиш масло, палиш свеќа?
Викаш поп да ти пее погача за слава?
Како не плаќаш „членарина“?
Немам куќна слава.
Масло не носам никогаш.
Крстена сум и палам свеќа само кога одам во црква на Божиќ и на Велигден.
Месечна чланарина како што плаќаат телемитите не плаќам.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@pozdrav eden topol
Тоа што не ти е јасно во врска со О.Т.О. зошто бараме полнолетни, неосудувани итн итн ако малку размислиш ќе дојдеш до потребниот одговор.
Ти зборуваше за монасите:
„ зошто мора да почитува некои правила, да биде обележен со посебна гардероба или избричена глава и др....ај разбирам дека нешто се случило во неговото тело, во неговата душа, дали разочарувње од материјалниот свет, од пријателите, дали од депресија..но мора ли да оди во било каков ред?
Зарем не може без заедница да ги практикува сите тие воздржувања, без љубов, без секс, да гладув, да се изолира..ете пр. монахињите да ги земам“

Сега велиш друго... одлучи се и имај став за работите што те интересираат, иако знам дека ништо од ова не те интересира.
И да, ти си дел од мноштвото други, што се нарекуваат своеволно христијани, а од христијанство не знаат ни една јота, што е добро.

Штом не ти треба ништо од ова, што зборуваш за ова? Подобро истражувај она што те интерсира отколку вакви ствари да се заморуваш да ги дискутираш тотално неупатена и неука...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
@pozdrav eden topol
Тоа што не ти е јасно во врска со О.Т.О. зошто бараме полнолетни, неосудувани итн итн ако малку размислиш ќе дојдеш до потребниот одговор.
Ти зборуваше за монасите:
„ зошто мора да почитува некои правила, да биде обележен со посебна гардероба или избричена глава и др....ај разбирам дека нешто се случило во неговото тело, во неговата душа, дали разочарувње од материјалниот свет, од пријателите, дали од депресија..но мора ли да оди во било каков ред?
Зарем не може без заедница да ги практикува сите тие воздржувања, без љубов, без секс, да гладув, да се изолира..ете пр. монахињите да ги земам“

Сега велиш друго... одлучи се и имај став за работите што те интересираат, иако знам дека ништо од ова не те интересира.
Штом не ти треба ништо од ова, што зборуваш за ова? Подобро истражувај она што те интерсира отколку вакви ствари да се заморуваш да ги дискутираш тотално неупатена и неука...
Нека не те навредува моето незнаење, но познавајќи го твоето и знаењето на други што коментираат овде на форумов, верувај дека вреди повеќе од колку да се замарам и да барам книги да читам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Нека не те навредува моето незнаење, но познавајќи го твоето и знаењето на други што коментираат овде на форумов, верувај дека вреди повеќе од колку да се замарам и да барам книги да читам.
Не е точно. Ова е мое мислење, засновано на моето читање книги (обични и свети). Значи е субјективно, а штом е субјективно, може е погрешно.
Еве, јас, од политеизам, до хиндуизам, преку христијанство до вакви помали религии(редови, култови) како О.Т.О за која сега почнувам да ги истражувам, ги гледам низ призма на: манипулирање со нечии вистински верувања, со цел земање на што поголеми пари.
Плус, како не почитуваш правила за христијанството? Што е тоа напразно зборување?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нека не те навредува моето незнаење, но познавајќи го твоето и знаењето на други што коментираат овде на форумов, верувај дека вреди повеќе од колку да се замарам и да барам книги да читам.
Тотално погрешен став. Да ме читаше, ќе знаеше дека јас апсолутно сите ги советувам да не ме слушаат јас што зборувам и да не се потпираат на моите размисли како апсолутен став на ОТО или пак дека не постои друго толкување на поимите поврзани со Телема и иницијација , туку да бараат книги и искуство поврзани со стварите кои ги зборувам површно (бидејќи не можам се да зборувам јавно.

Не треба да сте од оние луѓе кои бараат кратки патеки кон некоја цел.
Ти не бараш знаење и искуство значи, ти бараш сказни за да ги раскажуваш пред другите.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ти не бараш знаење и искуство значи, ти бараш сказни за да ги раскажуваш пред другите.
Малку ќе избегам од темата, но морав, ако до сега не си ја исчитал, те молам погледни ја „Аламут“ од Бартол. Роман е, но зборува за многу суштински работи околу разликата помеѓу верувањето, знаењето, спознавањето, извртувањето на вистини и фанатизмот.

Всушност, @pozdrav eden topol прочитај ја и ти, тука ќе видиш што значи изолација за иницијација, ама малку поинаква иницијација, бидејќи има различни видови на истата :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Штом се споменува во оваа книга Ишмаилизмот и сигурно тајните редови на Hashâshīn, ќе се најде време да се прочита :)
Иако не сум голем фан на вакви романи...
Сигурно ќе се прикаже едно езотериско учење дека може да го замати умот на оние кои ќе се зафатат да го проучуваат и да го искористат истото...
Дека врвот го узурпира законот :)

Ама ок, роман си е роман.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
.
Плус, како не почитуваш правила за христијанството? Што е тоа напразно зборување?

Нема да кажам НА ЖАЛОСТ, оти ниту ми е жал, ниту ми е страм..но Аркантосе, зарем постои прав верник на овој свет кој стопроцентно го живее животот како што бог ни налага и како што пишува во светите писма?
Нема ниту еден.
Напразно зборување нема, оти и во празното има нешто што ќе ти даде некоја мисла.

Не треба да сте од оние луѓе кои бараат кратки патеки кон некоја цел.
Ти не бараш знаење и искуство значи, ти бараш сказни за да ги раскажуваш пред другите.[/QUOTE]

Признавам дека сакам кратки патеки, но што има лошо во тоа Хепта?
Сите не сме исти, но затоа твоето долгогодишно пишување на форуминекаде и кај некого вродува со плод...па и да раскажувам за телемата, за тебе или за Абрахас, сето тоа ќе биде позитивна критика, интересна сказна:)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Штом се споменува во оваа книга Ишмаилизмот и сигурно тајните редови на Hashâshīn, ќе се најде време да се прочита :)
Иако не сум голем фан на вакви романи...
Сигурно ќе се прикаже едно езотериско учење дека може да го замати умот на оние кои ќе се зафатат да го проучуваат и да го искористат истото...
Дека врвот го узурпира законот :)

Ама ок, роман си е роман.
Романот е резултат на долгогодишно истражување за тајните редови на Асесините, точно, да, тоа е тематиката на сите вакви романи. Но, идејата за овој роман ми дојде кога ги читав постовите на @pozdrav eden topol.
Токму затоа, нема да ме мрзи да ја земам книгата и да препишам еден пасус, можеби ќе ме сфати што сакам да ѝ кажам.
„Никој, освен Алах и непознатото небо веќе нема надн ас. За двјацата знаеме многу малку. Така што можеме, еднаш засекогаш, да ја затвориме книгата со неодгатнати гатанки... Сега засега, доволно ми е од светот. Не знам подобра работа од тоа, чекајќи во ова засолниште на одгатнување на последната гатанка, да ја довршам до последната подробност бајката за нашите верни деца. На старецот што го познава светото му личи на луѓето да им го открива светот преку приказни и метафори. Колку работа има уште пред мене! За наивните прости верници мора да измислам илјада и една приказна за почетокот и настанувањето на светот, за џенетот и џенемот, за пророците, за Мухамед, Али и Махди. Вториот степен, верниците што војуваат, бара, пред сѐ, јасен правилник со сите заповеди и забрани. Бајките ќе мора да ги оковам со начела и ќе мора да им составам цела книга со основите на нашето учење. На федаините мора да им ги откријам првите големи тајни на исмаилството. Куранот, демек е комплицирана книга на која ѝ е потребен посебен клуч да се протолкува. Уште повисоките, оние што ќе бидат зрели да станат даи, ќе слушнат дека ниту Куранот не ги содржи последните тајни. Тие подеднакво се распоредени во сите релегии. Оние, што ќе служат да станат покраински даи, ќе го дознаат страшното врховно начело на исмаилството: Ништо не е вистинито, сѐ е дозволено. Но ние, кои ги држиме во рацете сите конци на овој механизам, ќе ги зачуваме нашите последни мисли за себе“.

Нема да кажам НА ЖАЛОСТ, оти ниту ми е жал, ниту ми е страм..но Аркантосе, зарем постои прав верник на овој свет кој стопроцентно го живее животот како што бог ни налага и како што пишува во светите писма?
Нема ниту еден.
Напразно зборување нема, оти и во празното има нешто што ќе ти даде некоја мисла.
Ако зборуваш за христијанскиот Бог, можам да ти кажам дека тој не рекол дека не треба да грешиш, дека треба од почеток до крај да ги почитуваш неговите правила и ниту еднаш да не паднеш, но рекол дека гревовите можеш да ги измиеш со вистински пост, искрено покајание, молитва и вистинска вера и љубов. Да, има и непростливи гревови, но само сети се на Лот и ќе сфатиш за што ти зборувам. Ако не знаеш кој е Лот, ете ти уште една тема на гуглање.
И не можеш да речеш дека нема ниту еден... Има еден аргентински поет, кој многупати до сега сум го цитирал низ постовиве... вели: кој рече дека не постои љубов на оваа планета, само што една бомба предизвикува поголема бучава од милион прегратки.
Така е и со вистинските верници.

Посебно прашање, до @Хептаграм XI:
Знам дека темава не е за тоа, но цел ден ви ги читам работите на блогот и страната, и иако знам дека што и да прашам, поради непосветеноста во редот не би можел да ми ги одгатнеш целосните суштини... и не го барам тоа, но ме интересира,
дали вашето учење се позајмува со идеите на Тајната книга на Богомилството, или можеби со Хермес Трисмегистос, бидејќи во основа, ова е продолжена рака на манихејството, колку и да е со „затскриена“ тематика...
 
Последна промена: