Иницијација

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Мислам дека @Хептаграм XI треба да отвори тема за сите оние што ги занима телемата и сакаат да поставуваат прашања.
Мене ме занима што поточно значи иницијацијата?
Дали навистина иницијацијата е моментот на душата, кога човек ќе стане свесен за својата душа?
Кој е мотивот за да се тргне на тој пат за да бидеш иницијант во некој ред(или неред)??
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Иницијација не е поврзана само со Телема и Редот О.Т.О. на кој што припаѓам. Морав да го нагласам ова за да не се добие погрешен впечаток во врска со овие ствари.
Слободното ѕидарство има иницијации, самото крштевање во христијанската црква е една форма на „иницијација“, што јас не се сложувам дека треба да се прави на дете, бидејќи... па има многу бидејќи, но не е за толкување тука.

Иницијацијата значи воведување и ништо повеќе. Како што Јога значи Соединетост и ништо повеќе. Се друго е бладање на неупатените во овие ствари, на оние кои сакаат да знаат, но немаат храброст да побараат пристап и да поминат. Поставување на индивидуата во координатниот систем на учењето или Редот во кој што пристапува, да кажам, значи иницијација. Сигурно не сте ја читале „Магика без Солзи“ на Кроули или пак делата на Пајк или разните масонски книги кои содржат по некоја информација плус за овие ствари (нормално, ниту збор за тајните на овие Редови).

Истото ќе го најдете и како одговор на официјалната страница на О.Т.О. Македонија, во делот Најчесто Поставувани Прашања:
П. Што е иницијација?
О. Генерално кажано, Иницијацијата имплицира почеток или воведување. Во О.Т.О. тоа е физичка церемонија која вообичаено служи за неколку цели. Степенот Минервал ги запознава кандидатите со Телемитските Мистерии преку драмска алегорија и симболи.“
- Прашања за Минервал

Мотивот за да некој побара иницијација било каде е бесконечен колку и универзумот. Не постои конечен одговор. Секоја индивидуа е апсолутна, слободна, како ѕвезда која ита по својот пат... колку подобро се познава, толку подобро патува низ бесконечното. Секој наоѓа она што најмногу му треба за највнатрешното :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Практикувате симболично или суштинско сакатење на неофитот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Практикувате симболично или суштинско сакатење на неофитот?
Дефинирај сакатење и бидејќи по некоја логика „сакатење“ потсетува на уништување или деформирање во негативна конотација, зошто би сакале да сакатиме некој во било која форма, кој што во иднина ќе биде рамо до рамо со нас?
Искасапени сигурно не сакам да стојат до мене, нема да може да помогнат ако јас паднам некаде по патот .. :)

Знаеш иницијаторски системи кои ги касапат намерно луѓето кои бараат иницијација во ницните редови?

П.С. Неофит = нов аспирант?
 
Последна промена:

М, знам антропологија, историја на човештво и религии, фолклористика и во сѐ што ти набројав убаво го имам научено иницијацискиот „обичај“ за различни „позиции“, а гледајќи дека ти си поминал еден „карактеристичен“ премин мислев ќе сфатиш за какво сакатење станува збор. Исто така, сакам да знаеш дека не беше прашање со кое сакав да навредам, осудам, или исмеам, туку за да ја сфатам суштината на редот, култот (иако од блиц гледање на страната, сфатив дека не сакате да се нарекувате култ).
Тоа е обредно сакатење и воопшто не треба да значи дека човекот што ќе е до тебе „е осакатен“ туку значи дека има „белег“ на телото што ќе му ја означи транзицијата на успешната иницијација. Пример, иако станува збор за митско племе, за да биде јасна разликата во „сакатењето“ така ќе ти објаснам. Во племето Амазонки, ова е ловечко општеството, девојките биле ловџики, и кога оделе во изолација (зборуваме за тогашна вистинска изолација), покрај сите искушенија, првото искушение било, да ја преживеат ампутацијата на левата града... Логички, морало да можат постабилно да ги чуваат стрелите. И ова ти е типично и језиво дури сакатење...
Ама, пример на подоцнежниве монотеистички религии, кога машките се обрезуваат, исто така е „сакатење“ преминува „подготовка за премин од еден во друг стадиум“, ама тоа не е језиво, дури и е хигиенско сакатење...
А симболичното сакатење: еве христијаните, кога се крштеваш ти отсекуваат коса од главата.

Е сега, да објаснам зошто одбивам да употребам друг збор. Иницијацијата како „вовед, премин“, претставува подготовка на иницијантот: духовна и физичка, за да ги истрпи сите искушенија, а искушенијата можат да бидат секакви... во кои од себе оттргнува многу напластени и непотребни особини за она во што се претвора... и се ваја во друга личност. Тој „елемент“ што потоа отсуствува е како тапија за она што го минал. А и секако, отстранувањето на работи, секако се сакатење.
Влегуваш во затвор, иницијант си во затвор, ти ја шишаат косата. Мора да си осакатен, оти слободата ти е осакатена секако.
Влегуваш во манастир, иницијант си монах, ти ја менуваат облеката, се изолираш, а ако ја преминеш иницијацијата, го менуваш и името. Две сакатења, едно за напуштање на овој свет, еден за чистилиштето, и едно за пустиножителскиот живот кој ќе го отпочнеш.

А неофит, би му дошло синоним за иницијант, токму поради тоа „нов аспирант“.
 
Последна промена:

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Затоа прашав, знаев дека ќе можеш да напишеш многу подобар пост од прашањето :)

Нема сакатење во системот на О.Т.О. при иницијација ниту на духовен ниту физички аспект, ништо не ти земаат како симболика или слично за да те „калемат“ да се совпаднеш со некаков калап или да имаш „белег“ дека си инициран.

И тоа е така заради Законот на Телема, кој што е прифатен од О.Т.О. .

Менувањето не е сакатење, зборувам за делот каде што зборуваш за монах и неговото „менување“. Сакатење е насилно одземање на нешто кое е дел од кандидатот (симболично или не), а тоа во иницијацијата во новиот еон го нема. :)
Може да се каже дека ти дава иницијацијата, наместо да ти одзема...

Ако го правиме истото како и оние пред нас, нема да бидеме различни од нив и ќе нема всушност нов стадиум за човештвото како што учиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Отвори која сакаш антрополошка книга, или најди антрополошка енциклопедија, уствари не. Можеш најблиску да стигнеш до една книга на македонска фолклористка, се вика „Фолклорни и социјални фосили“ - од Нина Анастасова Шкрињариќ, а исто така можеш од неа да ја отвориш „Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд“ - мада оваа вторава е повеќе специјализирана за книжевност, ќе сфатиш зошто уствари јас го користам зборот „сакатење“ а го мислам истото што и ти.

Да се биде монах, треба да не подлегнуваш на овоземните страсти, овоземните слабости, да го почитуваш оностраното на поинаков начин од обичниот човек. Ако си бил Мартин во овостраната страст, после замонашувањето си станал Јоан, ти го сакатиш единиот идентитет, впрочем наполно го убиваш... И не е насилно... ти мораш сам да ги оттргнеш тие работи од себе, со цел повисоко духовно исполнение, и постигнување на зацртаната цел. Затоа има еден обид за успешно поминување на иницијација, па уште еден обид, сѐ додека не станеш зрел член за одредена институција, организација или пак состојба.
Некогаш зборовите од лексикон... во жаргон на одредена проблематика не го означуваат токму истото како и лексиконот, тоа како паметен човек го знаеш...:)

Во суштина, сите религиски облици имаат ист принцип, само сменети облици. Ист фантазам, друга идеологија
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Знам дека сум тотално неука и неупатена во оваа тема, но ете, со ваша помош и вашите одговори нешто и ќе поднаучам..Сакам да прашам, оти навистина сега не ми е јасно, зошто мора човек да биде иницијант во некој ред, зошто мора да почитува некои правила, да биде обележен со посебна гардероба или избричена глава и др....ај разбирам дека нешто се случило во неговото тело, во неговата душа, дали разочарувње од материјалниот свет, од пријателите, дали од депресија..но мора ли да оди во било каков ред?
Зарем не може без заедница да ги практикува сите тие воздржувања, без љубов, без секс, да гладув, да се изолира..ете пр. монахињите да ги земам(незнам дали да им се дивиш на храброста или да им се чудиш) се откажале од привилегијата мајчинство, се во име на љубов кон бога...но немора во манастир да оди?

Дали овие редови привлекуваат на разни начини свои иницијанти користејќи ја нивната слабост?
Барем монасите не плаќаат чланарина како во ОТО заедницата, таму па некој се богати...
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Навистина си тотално неука и неупатена, а може да бидеш и упатена и доволно запознаена со овие ствари... не знам зошто имаш потреба да зборуваш за овие ствари кои се далеку од тебе премногу...

И во мојот прв пост ти реков иако ти не читаш што ти пишува некој ако не ти чини напишаното по се изгледа, или не сакаш да се заморуваш да учиш нови ствари:
„Мотивот за да некој побара иницијација било каде е бесконечен колку и универзумот. Не постои конечен одговор. Секоја индивидуа е апсолутна, слободна, како ѕвезда која ита по својот пат... колку подобро се познава, толку подобро патува низ бесконечното. Секој наоѓа она што најмногу му треба за највнатрешното“.
Значи тоа зошто некој бара, тебе не треба да те засегнува. Зошто ти не бараш, е твоја работа и ничија друга. Може да зборуваш за себе... штом не гледаш потреба од иницијација, значи таа не е за тебе или сега во овој момент а може и за цел живот на Земјата. Пак твоја ствар.

Сега зборуваш за христијанството и монасите со ова одблежеување, откажување, правила, гардероба или за иницијации во тајни Редови?
Монасите немаат потреба од пари, мирјаните се доволни за да ги билдаат касите на манастирите! ;)
И не се монасите депримирани луѓе, иако не се сложувам дека е потребно цел живот да бидеш надвор од светот... што христијанка си ти, да се чуди човек. Нека ве има повеќе како тебе.

Знаеш колку е чланарина во О.Т.О. и зошто се плаќа? Второто не очекувам да знаеш зошто, но знам дека ќе имаш теории зошто :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Навистина си тотално неука и неупатена, а може да бидеш и упатена и доволно запознаена со овие ствари... не знам зошто имаш потреба да зборуваш за овие ствари кои се далеку од тебе премногу...

И во мојот прв пост ти реков иако ти не читаш што ти пишува некој ако не ти чини напишаното по се изгледа, или не сакаш да се заморуваш да учиш нови ствари:
„Мотивот за да некој побара иницијација било каде е бесконечен колку и универзумот. Не постои конечен одговор. Секоја индивидуа е апсолутна, слободна, како ѕвезда која ита по својот пат... колку подобро се познава, толку подобро патува низ бесконечното. Секој наоѓа она што најмногу му треба за највнатрешното“.
Значи тоа зошто некој бара, тебе не треба да те засегнува. Зошто ти не бараш, е твоја работа и ничија друга. Може да зборуваш за себе... штом не гледаш потреба од иницијација, значи таа не е за тебе или сега во овој момент а може и за цел живот на Земјата. Пак твоја ствар.

Сега зборуваш за христијанството и монасите со ова одблежеување, откажување, правила, гардероба или за иницијации во тајни Редови?
Монасите немаат потреба од пари, мирјаните се доволни за да ги билдаат касите на манастирите! ;)
И не се монасите депримирани луѓе... што христијанка си ти, да се чуди човек. Нека ве има повеќе како тебе.

Знаеш колку е чланарина во О.Т.О. и зошто се плаќа? Второто не очекувам да знаеш зошто, но знам дека ќе имаш теории зошто :)

Знам Хепта колку плаќате членарина, прочитав во условите кои ги имате пишано за да конкурирате за иницијанти во ОТО..меќу другото не ми е јасно зошто не примате лица кои биле осудени на затвор(значи не може секој)
Монасите не се депримирани луѓе, ДА...види ние имаме малку чудно мислење за животот во манастирите, дека таму е живот на тагата, на неслободата..но некој да те услови 6 мес. да живееш во изолација, да ти наметне правила, да се откажеш од светов, од материјалното, од нагоните и др...да пројдеш пат на пеколот и после тоа да те примат во нивни редови и да ти опнат мантија и марама!?
Иницијантите ги доживувам како жртвени јагниња, преку нивните маки да се читаат светите писма, да се раскажува приказни и др..(знам дека сами си го одбрале тој пат).
Каква христијанка сум..хаххахаха...обична, како и многубројните ко мене..не ми треба никаква заедница, никаков ред, не сакам да му плаќам на никој чланарина, сакам да се облакам јас како мислам, да јадам јас што сакам итд.