Индиго деца

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Овој поим се употребува зa личности за кои се смета дека се напреднати во еволуцијата, односно дека се расата која поседува шесто сетило. Се смета дека првите индиго деца биле родени во 20тите години на минатиот век, а првпат поимот бил спомнат околу 1970та година од страна на парапсихологот Ненси Ен.
Степените на „моќност“ кај овие луѓе се различни. Некои се неверојатно интелигентни и едноставно знаат премногу работи за нешта за кои првпат во животот слушнале, додека други поседуваат поразлични и почудни особености: гледање туѓа аура, отпорност на различни болести, телепатија, телекинеза, способност да воспостават комуникација со паранормалниот свет, итн.
Кај овие деца е развиена и така наречената Аџна Чакра т.е. трето око или окото на интуицијата.
За нив се смета дека поседуваат специјална и ретка аура со темно сина (индиго) боја и дека прерано започнуваат со размислувањата за смислата на животот, односно дека нивната самосвест е на највисоко можно ниво уште од самото детство. Имаат тенденција да го променат светот кон подобро и премногу се депримираат кога ќе воочат дека не можат да сторат ништо. Поради таквиот начин на размислување, неретко решаваат да го завршат животот прерано, со самоубиство.
Од друга страна пак, постојат скептици кои сметаат дека овој вид, всушност се само натпросечно интелигентни лица и/или дека поимот е употребуван од страна на родители кои не можат да се помират со недостатоците на своето дете (аутизам, Аспергер), па на тој начин го прават посебно.
Кое е вашето размислување за ваквите луѓе? Дали можеби вие сметате дека сте индиго дете или познавате некој со такви „способности“? Или можеби само спаѓате во групата скептици?
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Прв пат слушам за индиго деца, а почнав да се сомневам дека можеби сум такво дете.. :rolleyes
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Сметам дека постојат вакви деца. Има луѓе (можеби кај нас во Македонија, не) кои воспоставуваат комуникација со мртвите.
Не сум, не познавам некој таков, ама постојат такви деца. 100 % :D
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Интересна работа кај овие индиго деца (и не само деца) ама како поминува времето се повеќе се раѓаат такви, е што изгледаат многу ариевски: плави очи, плава коса, светол тен. Кога ќе пораснат се високи, со одлична градба на телото, имаат јак имунитет, имаат голема физичка сила. И секако сите тие ментални и интелектуални способности кажани во првиот пост. Баш ариевска раса...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прв пат слушам за индиго деца, а почнав да се сомневам дека можеби сум такво дете.. :rolleyes
општо познато е дека секој човек се обидува да имитира симптоми. Сите можат да се сомневаат.
 

девојкатаовен

Полноправен Член
12 јуни 2012
50
50
18
28
Интересна работа кај овие индиго деца (и не само деца) ама како поминува времето се повеќе се раѓаат такви, е што изгледаат многу ариевски: плави очи, плава коса, светол тен. Кога ќе пораснат се високи, со одлична градба на телото, имаат јак имунитет, имаат голема физичка сила. И секако сите тие ментални и интелектуални способности кажани во првиот пост. Баш ариевска раса...


Иииии можеби и мојот дечко е таков.. ги има овие особини :frantic:D
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Можеби не комуницирам со мртви, но сонувам некои ситни работи кои ќе се случат во тоа сум 100% сигурен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Јас не спаѓам во групата на скептици : ) И познавам некои со такфа способност, такфите ги има и на форумоф
Lena е девојката тоес идиго детето , дете на цфеќето : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Многу имам читано за индиго децата и некаде сретнав дека се сметаат за нов степен во еволуцијата на човекот...
Многу интересна појава, сигурна сум дека постојат такви деца, јас лично не познавам, а сигурно до неодамна поинаку сме ги дефинирале таквите....
Читав сега брзо за едно 2-3 годишно детенце...татко му купил некој атлас со сончевиот систем, сакал да го учи синот за планетите, ама детенцево кога ги видело планетите почнало тоа да му раскажува на таткото за нив и тоа до детаљи, ги знаел сите планети, сите сателити, брзини, километри ама баш се’ и нормално таткото останал вчудоневиден...
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Зошто мешате ариевска раса со индиго децата и слично... Нив ги има и во африка и мексико и аргентина и неколкумина во македонија, најчесто во САД. Кристалните, ѕвездените и виножито децата исто така. Тоа се само луѓе кој воочиле дека егото е единствен непријател на човештвото. Создавајќи силно его во детството и раниот пубертет во нивната психа настанува силна борба и опсесивност со прашања како што се "Што е смислата на животот?" и слично. Некој од нив имаат способност за гледање АУРИ, по наше ОРЕОЛИ. Некој од нив се природно информатички надарени и најчесто хуманитарци и емпати (способни луѓе да препознаат туѓо чувство и да се соживеат со него). Ги има насекаде, најчесто по форуми, скриени зад 4 ѕида или во некој си хипи-друштва... ги има и во секакви институции, дури познавам една продавачка овде од маало која е индиго и јасно и се гледа нејзината индиго аура... кристалните деца пак доваѓаат после индиго децата, тие имаат силна кристална светлина... околу нивната душа вибрира силна молекулска форма како кај дијамантот. Имам приметено дека се супер спортисти заради нивната физичка издржливост, додека пак виножито децата најчесто страдаат од аутизам и се осетливи на сите дразби од прироадата... други способности имам слушнато дека се и слушање звуци надалеку и слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo