Им благодарам на...

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Секако дека прво би им се заблагодарила на мајка ми и на татко ми, што сум на овој свет. Им благодарам на тоа што ме воспитале како што треба, и се трудат да ме изведат на вистинскиот пат, и тоа им успева. Им се заблагодарувам за тоа што имаат потполна доверба во мене, иако многу пати сум ги разочарала. Му благодарам на брат ми, затоа што без него, животот не би ми бил ист. Братот е најдобар другар, подарен од БОГА. Заштитник. Во добро и во лошо. Моето семејство ми е најважно на свет.
Им благодарам на моите две најдобри другарки, што се тука секогаш, знам на кого да се потпрам, да се смееме за глупости, и да плачеме заедно. Му благодарам на мојот дечко, што е најдобар дечко на свет, и ме чува како принцеза. Те сакам!

Вие на кому би му рекле благодарам?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and jasmina

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Им благодарам на мама и тато, што ме сакаат најмногу на свет, што биле со мене кога ми е најтешко, што ме разбираат... Им благодарам на мојата баба, која веќе не е меѓу живите, што ме сакаше најмногу, што ми ги подари највредните работи на мене, му благодарам на моето кученце Туфи, и тоа веќе е мртво, што ми беше најдобар другар, и што ми помина детството со него, и што секогаш ме слушаше кога имав некоја мака и се исповедував на него, неможеше да ми возврати, но кога јас бев тажна, таа знеше... му благодарам на чичко ми, кој ме сакаше многу и кој беше подготвен да направи се за мене, но и тој си одите... благодарам и на мојот дечко, бидејќи благодарение на него јас осетив како е да бидеш навистина заљубен... Тоа се личностите кои мене ми беа се, а дел од нив веќе немам...:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Fifi

Полноправен Член
15 февруари 2012
30
40
18
31
Прво на моите родители затоа што ме воспитале како што треба, ме научиле на многу нешта, затоа што слободно можам да ги сметам за најаверни пријатели на кои можам да се доверам. Потоа да им заблагодарам на моето друштво кое се мое второ семејство и со кои секогаш сме си тука едни за други, без разлика дали е за добро или лошо, дали е за забава или за плачење. Го сметам сиромав човекот што покрај себе немал вакви другарки и другари. Да си заблагодарам на самата себе си затоа што имам желба за живот, за промени и за успех, затоа што се трудам да ги постигнам моите цели, некогаш повеќе, некогаш помалку .. И да им заблагодарам на сите други кои се тука во моето секојдневие и ми го прават денот поубав:sreken:sreken
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Им благодарам на мама и тато што направиле да постојам, и им благодарам на моите другарки што се присутни во мојот живот, на кои можам да се потпрам кога и да посакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
На моиве дома, шо ме поддржуват у било шо и шо знаат да ми стават граница.
На Бог, за внатрешниот мир и памет.
На сите шо у било кој момент ме трпат а не се платени за тоа! :**