Импресии од новогодишната ноќ

alekoh

Нов член
31 декември 2014
6
4
3
Да си почнам како шо е атерот...

Среќна нова на сите форумџии и форумџики, ви посакувам се најдобро понатака, онака искрено и од срце, да знајте.

Јас оваа година работно ја завршив, келнерски ја пречекав новата(па од Охрид сум шо сакате друго) и да ви кажам право топ си поминав. Онака добро ми дојде малце да бидам настрана од цело лудило и да ви кажам право многу ми беа интересни луѓево вечерва. Ко да ќе немат друга нова година, т.е како ова да е последна ноќ кај шо се излезени. Али секој си ја доживуват на свој начин и тука немат збор. На крај сите беа убај...посебно девојките - иако понекогаш тие нивни 16 личет на 26 години сепак важно е да се забавуваме!

Вие со шо ќе се пофалите(или пожалите) за најлудата ноќ? Некој предлог за втора вечер би бил одличен плус :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кршење на традиција, си прилегнав рано очекувајќи светот на соништата да емитува подобра програма од онаа во реалноста ама и таму ништо...мрак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and I am me

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Си легнав рано. И онака не и придавам значење на таканаречената нг ноќ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Екстремно студена вечер. Не знам како успеав да ја трефнам баш оваа најстудена Новогодишна вечер да отидам на Скопска Црна Гора, it's beyond me. Друштвото ми беше супер, ем јас и дечко ми, ем најдобрата другарка со нејзиниот, ем уште неколку луѓенца. Вкусот за музика на луѓето кои пуштаа песни беше ужасен, едноставно грозен... бљак. Точно 10 саати (од 7 пред полноќ до 5 после полноќ) се трештеше повраќаница од српска музика, искрено се зачудив дека постојат толку шабанарски песни. На крајот ми беше дури и мило што конечно си заминав. Ако нешто ме истурка низ таа тортура која блештеше од звучниците. беше храната. Превкусно свинско мевце (јас човекот што ретко јаде свинско, конечно уживав во такво месо), 2 млечни салати, кифлички и Captain Morgan. Ако нешто можам да издвојам од целата вечер тоа е вожњата накај дома во 6 - 6 ипол часот наутро, симнувајќи се од горе пополека започна да се разденува, што совршено одговараше со огромната количина на снег која го опколуваше патот. Милина!
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во 12 на улица пред зграда како и секоја година со друштво гледајќи го огнометот.
Интересно ми беше следново..
Ми постана традиција секоја нова да кршам чаша на улица(мој некој личен ритуал за добар почеток,уствари ќеиф ми е да скршам чаша)па и оваа година како и секоја го направ тоа.На другарка ми и се сиѓаше идејата па и она го направи истото.Направивме грешка што тоа го изведовме пред очите на децата(мое едно и од пријателите 2)па кога го видоа тоа не осудуваа со прашања зошто,како и како тоа не било ок:)(на 6,7 и 10 годишна возраст се).Другарка ми се извади од ситуацијата со реченицата:
Тоа беше идеја на Лена..Супер..се осеќав како кршач на некои норми и правила кои ние сме им ги покажале,па морав да се правдам(што стварно не е лесно кога се впушташ во дискусија со деца)
Откако ги оставивме децата во рацете на бејбиситерот за таа вечер,се преселивме на фина журка со блиски драги луѓе.Ја добив најубавата љубовна изјава до сега во животов..Сите ѕвезди ми беа симнати и закачени како орден на градиве,колку романтично (inlove)
Ја завршив вечерта ѕмиздрејќи дека едвај чекам да си одам дома и колку ми е мил креветот,чекајќи саат и пол на такси на-5 степени и олеснувајќи си го желудникот во блискиот парк(ми олесни стварно до душе з'ш не поднесувам алкохол и многу ама стварно многу ретко го пијам)..
Денес сум цел ден во модус hangover..
Добар старт во секој случај.
Ќе биде ова добра година,сигурна сум во тоа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу изморено. Поради пристигнувањето во истиот ден во градот, ми преостанаа некои 3-4 часа некаков мизерен одмор кој го искористив максимално што можев, па после појдовме со другарите прво на улицата Ваци, па се маткавме навака натака и на крај завршивме на плоштадот со некое свинско гиро кое маџарите ни го наплатија ептен мрсно. Греано вино за здравица, огномет во последните 2 часа од минатата година, некоја полуетно музика, народот весел и позитивен, ми долеа енергија за до кај 1 ипол, после правац дома у хотел и во наредните 10 часа кома.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ние и уште еден пар, се изнапрејадивме како свињи, го заспав малиот кај 10, поигравме карти и кај 3 саатот в кревет...
Со други зборови, лудо и незаборавно...:D
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Убаво ми беше дома.Пошо и онака секоја вечер останувам минимум до 1 оваа ноќ не ми беше ништо посебно. Си кснавме, си пивнавме, зошто ете морало трпезата да е полна. Шок за организмот после 2 месеци диета. Дремев околу 23 часот, се расонив со огнометот, изгледав некој филм и у кревет. И ич не ми е криво што не лудував, зошто нај убаво си поминав.
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Лудило дo 22бев нa работа дoдекa си oтдoв 23 вечерaв сo мoите и oп 12:00 и вo 12:15 снема струја убaвини пoубaвo здравје