Има нешто таму, најдолу

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
.
знаеш,
тоа толку истоштува, чепкањето внатре, низ себе
вдишуваш, го задржуваш здивот, па затвараш очи и се нурнуваш
лесно е во почетокот, лесно е тука, блиску до површината
помалку притиска
и светлината ја чувствуваш, па полесно гледаш, полесно ти успева да видиш
но темнината те мами
длабочината те повикува
знаеш дека не сакаш да останеш тука, да се вртиш цело време на истото место
а веќе неколку пати си ги превртел сите камења и камчиња, си го поминал секој милиметар, го знаеш на памет, сликата ја чуваш во главата, ја имаш во главата, пред очи ти е во секој миг, си ѕирнал секаде, си видел се`
илјада пати излегуваш над површината, земаш здив и повторно се нурнуваш
и секој пат навлегуваш се` подлабоко
и секој пат здивот го задржуваш се` подолго
а при секое излегување на површината чувствуваш дека имаш се` помалку сила
чувствуваш ко да се трошиш
а сепак продолжуваш…
сепак продолжувам…
знам, најдолу има нешто…
што?
.
 

Ryze

Истакнат Член
13 октомври 2012
39
20
108
In the middle of nowhere
Е сега ме провози и ме прошета низ длабочините на, ако би го нарекле така, наш универзум. Постоеле и убави работи на форумот. Баш сум задоволен шо се придружив. Тоа што го прочитав сега ми доје во прав момент. Благодарам и едно големо БРАВО!!! Па next time јас ке ви напишам нешто од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ама ни е двосмислен јазиков(wasntme)
има нешто таму долу кај што нурнуваш...
лесно е тука блиску до површината...
длабочината те довикува.....
Излегуваш горе на површина,земаш воздух и пак нурнуваш (wasntme):sram
ме фајка срам бе плао,тебе не те фати?(think)
Твоите колумни се така не самобендисани,како човек да ја критикува после,м? :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ама ни е двосмислен јазиков(wasntme)
има нешто таму долу кај што нурнуваш...
лесно е тука блиску до површината...
длабочината те довикува.....
Излегуваш горе на површина,земаш воздух и пак нурнуваш (wasntme):sram
ме фајка срам бе плао,тебе не те фати?(think)
Твоите колумни се така не самобендисани,како човек да ја критикува после,м? :D
бреј, шо ти се вика потсвест
за секс сум пишувала, а не ни знаев :sram

оти бе? јас па обожавам критики :D