Има ли вистина во рекламите

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам точно во која држава ќе се казнувало за рекламирање на производи кои немаат ништо со тврдењата во рекламата,па некако ме бендиса оваа идеја и мислам дека треба навистина економскиве пропаганди,маркетинзиве,да пројдат на едно преверификување.Знаеме за што служат рекламите,која им е целта,но кога станува збор за козметички производи,лекови,храна идр. треба дебело да се проверат,од цела реклама за еден производ дали има 20% вистина,а да не збориме за штетноста и контраиндикациите кои ги содржат а никој не ги спомнува.Смешна е рекламата на пр.за четири недели бидете без брчки или некој волшебен препарат што ке ви ја врати витката става без да се изгладнувате итн. Прашањето ми е дали мислите дека треба да се казнуваат производителите ако рекламираат невистини?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, corki and malo

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Yep тоа ти е false advertising. Забрането е секаде во поразвиените држави. Веројатно и кај нас.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Секако дека лажното рекламирање треба да биде забрането, но мене нешто друго ми падна на памет кога го прочитав насловот на темата. Многу од рекламите, можеби и повеке од 99% од нив се наменети за манипулација на масата. Некои од нив се со цел за подобро да го продадат производот, некои за да наметнат тренд и во наредните неколку сезони, но некои и за да ви го променат целосниот животен стил.
Мене најмногу ме иритираат рекламите за кока кола.
Кока кола секогаш во своите реклами ја потенцира семејната атмосвера, задоволството на членовите од семејството што се заедно за ручек или за новогодишните празници, не подсетува на тоа колку делењето и помагањето е благородно, па не засмејува, па не расплакува по малку... сето тоа убаво склопено со сите позадински ефекти. На тој начин кока кола створи еден модерен стил на живот кој треба да го следи секое модерно семејство. Иако родителите по цел ден се на работа, а децата на компјутер, иско не си посветуваат ни пет минути еден на друг, можеби за време на ручек сепак ке седнат заедно со шишето кока кола на маса и ке бидат задоволни бидејки ке се чувствуваат модерно, исто како ликовите од рекламите. Другарите се среќаваат во кафич и наместо да разговараат задлабочени се во своите телефони, но битно пијат кока кола и блиски се, модерни се, си помагаат мегусебно, се засмејуваат се тешат (бидеки така кажуваат на рекламите). Но која е вистината? Кока кола поседува најголемо количество од водата за пиење на планетава. Во некои предели на Индија и Африка ги поседува единствените извори на вода и таа вода им е недостапна на тамошните жители. Додека кока кола рекламира модерен стил на живот, среќно семејство, хуманост и среќни празници, во реалноста луѓе умираат поради недостаток од вода за пиење.
Ова не може да се забрани или регулира со закон, за вакви работи треба нашата свест да реагира.
Потоа
Рекламите за пиво поврзани со спортот.
Ова е донекаде разбирливо бидејки едните ги спонзорираат другите... Но, на тие реклами лугето пијат од огромни кригли или од шишиња а притоа до нив има уште десет полни гајби, истото го гледаме и дома кога има спортски натпревар на телевизија. никогаш не се пие толку пиво као за време на тие спортски натпревари, а од некоја друга страна истите тие што локаат од таа течност ке ни кажат дека спортот е добар за здравјето пред се, но и е битен за социјализацијата и како една добра превентива од лошите навики и девијантните појави. Родителите кои се плашат нивното дете да не забега во лошо друштво, да не се дрогира или пие, уште од мало го запишуваат на спорт, а истите тие родители пијат големи количества на алкохол додека ги следат тие натпревари. Рекламите за спорт се и реклами за пиво, а алкохолот е она кое најмалку оди со спорт.
И ова секако не може да се забрани со закон, но нашата свест може да реагира.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

Знаеш, многу е добро што тие работи не можат да се забранат со закон, оти така се навлегува во еден друг аспект кој е многу поопасен, а тоа е наметнување на дозволени и недозволени мисли. Некој ќе рече не смее да се поврзува алкохол со спорт, друг ќе рече не смее да се поврзуваат убави жени со автомобили, трет ќе рече не смее нешто трето, па ќе се направи листа на правилни и неправилни асоцијации, за на крајот некој да одлучи дека за твое добро е да се воведе контрола и на мислите па ќе ни вградуваат чипови кои ќе следат дури и што сонуваш. Така оди тоа.
Рекламите треба да се сфатат пред сѐ како креативност и забава, а не нешто кое е не знам каков закон. А ако некој така лесно може да биде изманипулиран и да верува 100% во она што на реклама го гледа, ќе биде изманипулиран ако не од реклами, тогаш од друго нешто. Индустриите си се борат за профит, ако го нема на едно поле, ќе го бараат на друго.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Едно е проверка на реклама на прозивод, а друго е проверка на производот со рекламата.
Па да бидам искрен, сеуште ја немам сретнато верверицата од еурокремот, или кравата од Милка.
Рекламата служи за запознавање на производот со потенцијалниот купувач. И добра реклама не значи секогаш добар производ, и обратно.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Знаеш, многу е добро што тие работи не можат да се забранат со закон, оти така се навлегува во еден друг аспект кој е многу поопасен, а тоа е наметнување на дозволени и недозволени мисли. Некој ќе рече не смее да се поврзува алкохол со спорт, друг ќе рече не смее да се поврзуваат убави жени со автомобили, трет ќе рече не смее нешто трето, па ќе се направи листа на правилни и неправилни асоцијации, за на крајот некој да одлучи дека за твое добро е да се воведе контрола и на мислите па ќе ни вградуваат чипови кои ќе следат дури и што сонуваш. Така оди тоа.
Рекламите треба да се сфатат пред сѐ како креативност и забава, а не нешто кое е не знам каков закон. А ако некој така лесно може да биде изманипулиран и да верува 100% во она што на реклама го гледа, ќе биде изманипулиран ако не од реклами, тогаш од друго нешто. Индустриите си се борат за профит, ако го нема на едно поле, ќе го бараат на друго.
Токму така, се согласувам, но од друга страна рекламите се исто така едно средство за контрола над човековиот ум. Можеби засега нема вградување на чипови (да предпоставиме дека е така), но со постојаното рекламирање на одредени производи многу лесно се наметнува мислата кај човекот. Она што ти го наведе како можна последица од евентуалната забрана на рекламите е исто така и можна последица и од емитувањето на самите реклами. На речиси секоја реклама ги слушаме овие реченици:
-Ние го одбравме најдоброто за вас; Ние знаеме што е најдобро за вас; Ние ке ве доведеме до посакуваната цел; Со наша помош вие ке успеете до вашата цел; Нашиот производ можете да го носите секаде; Нашиот производ ги остварува вашите соништа; Секој/а модерен/на и современ/а маж/жена го посакува нашиот производ; Досега не сте почувствувале нешто како нашиот производ; За прв пат толку лесно до осварувањето на вашите соништа благодарение на нашиот производ; Нашиот производ е докажано најдобар; Со нашиот производ вие сте прекрасни без многу напор...
Гледајки реклами ние всушност несакајки и несвесно прибираме информации дека сето она што ни треба е некаде надвор и истото може да се купи. Дека сето она што ни треба, треба да го очекуваме од друг. Создаваме чувство дека сите околу нас работат за нашата среќа, удобност, убавина и здравје и ние им се отвораме на истите без разлика дали се тоа козметички производи, храна, лекови, облека или политички партии. Сите тие на кои единствена цел им е да профитираат од нас во случајов се поставуваат како наши спасители. ни ја нудат сигурноста на дланка, единствено што треба да направиме е да им ја поклониме нашата доверба и да им дозволиме тие да се погрижат за нас. Која замка стои зад сето тоа? Секој човек кога ке подлегне на нешто такво си ја продава слободата, односно, свесно или несвесно дозволува да стане нечиј роб. Човекот уште од најрана возраст е учен да ги слуша поискусните и постарите. Никогаш никој не го учел да одлучува сам за себе и наметнуван му е стравот од донесувањето на свои сопствени одлуки кои навистина го прават среќен, бидејки истите едноставно не се прифатливи за општеството. На тој начин човекот по малку збунет, од една страна неговото вистинско јас, од друга страна сето она што е наметнато, почнува да не ги разликува нештата едно од друго и на крајот реагира така што тој мисли дека се слуша себеси, а всушност го слуша сето она што му е наметнувано, трупано и трупано со години во неговата мала глава затоа што од некаде има чувство дека тоа е правилно, дека така треба.
Кога на човекот му треба паста за заби купува Colgate, не затоа што е добра, туку затоа што е нај рекламирана. Одете на заболекар и прашајте ги какво мислење имаат за таа паста за заби.
Кога на жената и требаат влошки купува Always ultra затоа што се нај рекламирани и покрај фактот дека предизвикуваат голем број на инфекции и алергии кај жените за разлика од оние пообичните влошки кои поретко се рекламираат, но за да се биде модерен денес се се трпи.
А што се се трпи за убавина пак, ме фаќа страв при самата помисла на сите тие естетски корекции, третмани, неудобни чевли и облека, пудри кои буквално ја цементираат кожата и сл. Но тој изглед нам ни се рекламира. На жената и е наметната таа погрешна слика за идеалниот женски изглед. Таквиот изглед упорно, масовно, агресивно се рекламира веке со години наназад и ако рекламите беа само обична занимација додека грицкаме пред TV или додека разлистуваме списанија, тогаш зошто толкав одзив на истите?
Да не набројувам уште, поентата ми е дека потрошувачите се слепи за позадината на самата реклама. Не разбираат дека се излажани, искористени и ограбени на некој начин. На производителот не му е гајле за вас, за вашето здравје, семејство, убавина, за вашите соништа и животни цели. Производителот ги сака вашите пари, но ке ве убеди дека вие сте оној за кого е создаден неговиот производ, ке ве убеди дека тој производ ви е неопходен и дека е најдобар помегу конкуренцијата и најстрашно од се, ке ве убеди дека ако сакате да сте во чекор со времето, да сте современи и модерни, мора да го имате тој производ, во спротивно ке бидете старомодни, досадни, заостанати, неинформирани, грди и сл.
Најчесто оние производи кои најмногу се рекламираат се производи со најлош квалитет и се штетни по човековото физичко или ментално здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
според мене би требало да се казнуваат таквите реклами
тука најмногу би требало да се вбројат рекламите за храна каде рекламираат превкусна и на изглед и на вкус храна а кога ќе го отворите производот добивате нешто трето
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Мене исти ми се и тие кои велат дека кај нив е “решението“ и тие другите кои велат велат оние првите ме лажат. И едните и другите сакаат од нешто да ме спасат, да ми помогнат да не правам грешки, некаде да ме однесат... И едните и другите ми ја вреѓаат способноста за расудување и самостојно донесување на одлуки.

Рекламите за кока-кола ми се многу убави и забавни, скоцкани со вкус и дизајнерска естетика. А ете, кока-кола не пијам, не ми е убава.
 
Во ред е сето тоа, мислам, на ваков начин треба повеќето да размислуваат, но за жал не е така.
А што е со рекламите за брзо слабеење? Рекламираат секакви шејкови, напитоци, притоа лажат дека истите имаат некаква нутритивна вредност. Овие производи се многу опасни по здравјето, посебно за младите луѓе баш во оние години кога се полни со комплекси и преокупирани со својот надворешен изглед, а од друга страна тогаш најмногу треба да растат и да се развиваат. Со тие напитоци и други слични производи може сериозно да се оштети здравјето и да се поремети хормоналниот баланс на организмот.
На таа возраст младите луѓе не размислуваат како што размислуваш ти и многу лесно се одлучуваат да купат ваков производ и понекогаш и го кријат тоа од своите родители доколку родителите не одобруваат.
Последици може да има секакви, од анемија до траен стерилитет. Дали овие реклами треба да бидат забранети?
 
Рекламирањето на цигари е забрането, башка на секоја кутија има одвратни предупредувачки фотографии. Јас уште пушам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nekoe