Издавачките куќи и нивната понуда на квалитет

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Иам прочитано неколко књиге од Кафе Книжарница Три. Да ви кажу прао не сам задовољан од превод, има доста планинско необјасниви зборови, некои неповржани реченице и странице не су правилно распоредени.Пример дваеста страна цела е у букфе,дваес прва пола и дваесфтора празна, па тк да продужи у дваестрету.Не ми е јасна поента на такфи шарени странице
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Иам прочитано неколко књиге од Кафе Книжарница Три. Да ви кажу прао не сам задовољан од превод, има доста планинско необјасниви зборови, некои неповржани реченице и странице не су правилно распоредени.Пример дваеста страна цела е у букфе,дваес прва пола и дваесфтора празна, па тк да продужи у дваестрету.Не ми е јасна поента на такфи шарени странице

Најверојатно се работи за грешка при пречатење. И мене ми се случи така со една книга од Или-Или, па ја заменив. Зошто не пробаш и ти да ја замениш?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Луѓе! Алелуја!!!!! :)
Верувале или не Ѓурѓа има ДОСТА ДОБАР ПРЕВОД.
„Златна гранка“ од Фрејзер е одлично преведена, малку големината на буквите е заморна(вероватно за да скратат на страници), но сепак преводот е одличен, нема изоставено делови И ШТО Е НАЈВАЖНО, МИНИМАЛНИ СЕ ПЕЧАТНИТЕ ГРЕШКИ.
Ова е прва книга од Ѓурѓа што вака пријатно ме изненадила.
Браво дечки, време ви беше.
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Најверојатно се работи за грешка при пречатење. И мене ми се случи така со една книга од Или-Или, па ја заменив. Зошто не пробаш и ти да ја замениш?

Ја гу веќ прочита : ) А не сам гу ни платија. Иде едн чика од град у град и продаа сфакакфи књиге за Книжарницу Три, дава ми књигичке на попуст, ја га часту некое кафенце и такој компензирамо : )
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Океј, ја знам легендата поврзана со преводите и кратењето на Ѓурѓа. Но, размислувам да земам по некоја книга, па ако има некој што ги прочитал нека пише дали вреди да се земат: Фактум на Чарлс Буковски, Волја за моќ на Фридрих Ниче, Волшебник на Владимир Набоков (ако ја има), Опседната куќа на Вирџинија Вулф и Синови на Франц Кафка.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Ако и само ако не можеш да ги најдеш на англиски, а српскиот ти претставува проблем, само тогаш зимај ѓу(б)р(е)ѓа. Од самиот почеток се со интенции да насадат на човек малигни клетки во мозокот. За таков криминал што чинат за пишаниот збор, се запленува роба и одзима лиценца.

Исто би ги додал и Феникс рака под рака. Кој ја читал „Владетелот“ од Макјавели (нивно издание), знае за што зборам. Очобол.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако и само ако не можеш да ги најдеш на англиски, а српскиот ти претставува проблем, само тогаш зимај ѓу(б)р(е)ѓа. Од самиот почеток се со интенции да насадат на човек малигни клетки во мозокот. За таков криминал што чинат за пишаниот збор, се запленува роба и одзима лиценца.

Исто би ги додал и Феникс рака под рака. Кој ја читал „Владетелот“ од Макјавели (нивно издание), знае за што зборам. Очобол.

Ме премисли, не купувам. Плус, ја прогуглав таа на Ниче, оригинално има 600 страни додека оваа на Ѓурѓа има само 100.

Си ја земав "Сопствената соба * Три Гвинеи" на Вирџинија Вулф, издание Конгресен Сервисен Центар, мислам дека имам читано неколку од оваа изд. куќа, слични се на Магор, ми се допаѓаат. Исто и "Lord Arthur Savile's Crime" на Оскар Вајлд која е една од оние новите мали едиции на Penquin, серијал со 80 книгички од по 64 страни. Па си реков ај ќе почнам со Вајл, па ќе видам понатаму.

Инаку, покрај Магор и КСЦ, се уверив во убавината на Harper Collins која е англиска издавачка куќа и нивните книги можат да се најдат во книжарницата Икона за 199 денари (во т.ц. Рамстор мислам дека секој викенд имаат по 10% попуст, што значи 178 денари книга). Дефинитивно најдоброто нешто што го имам пронајдено по книжарнициве.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Во Магор имаше по нешто од Ниче ако веќе бараш, само не сум сигурен дали беше Волја за моќ или Така зборуваше Заратустра ама мислам дека беше првата.