Изгубен/украден телефон

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали некој од вас му бил украден или пак го изгубил телефонот?
Дали сте го пријавиле?
Дали ја знаете постапката на пронаоѓање на телефонот?
Дали знаете колку време трае?
После колку време одкако сме го изгубиле може да се пријави?
Дали по пронаоѓањето ќе му биде вратен телефонот на сопственикот?

Украден не еден туку 3 телефона.
Пријавив прво во оператор за да ми ги исклучат броевите.Потоа се јавив во полиција каде што ми рекоа да појдам во прва полициска станица.
Отидов, дадов изјава ми рекоа дека ќе се потрудат да ги најдат.Потоа ме пратија кај инспекторот на станицата да разговарам со него затоа што и пари ми украдоа и спаѓа под тешка кражба.
После точно 3 месеца HTC-то ми го најдоа цело исполупано и пукнат екран.Семејство го „нашло“ телефонот на улица и го земале дома.И го користеле.Си ги сликале децата, се снимале и на крај решиле и да си стават картица и да си зборат.Кога им дошло полиција рекле дека го нашле и дека им било страв да одат во полиција.И тоа за тоа.
Барав МВР да ми ги соопшти имињата на тие што го нашле телефонот, нема теорија.
Сеуште барам дебели врски за да ги најдам имињата, да им ја украдам куќата/колата и да кажам дека ми било страв да пријавам и дека ги најдов на улица.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Пред 4 години продавачки ми украдоа телефон во Црна Гора. Не знам точно што модел беше, знам Сони Ериксон беше. Џабе беше и одење в полиција и се. Жива среќа што бројот беше Црногорски, па татко ми го блокираше. За наоѓање, мало сутра... 2 телефона имам изгубено, ко в земја да пропаднаа... Ни полиција ни космофон (денешен ONE) не помогнаа...
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Махер за губење телефони, за да ми го украдат или слична дешавка, за наоѓање тапа џонсон, татко ми е по тие работи, и после се јавува на тој шо го изгубил, на некој близок а нив ич не им чуе и нормално си го задржуваме, али иронијата е шо ја губам од по 100 евра мобилени а наоѓаме сони ериксони 310 и слични (facepalm) Еднаш имам најдено мобилен у такси и ја глупа наместо да си го земам ја му го дадов на таксистот што тврдеше дека е негов а немаше везе, да тибам охриѓанецот (со извинење на муж ми The_Mayor пошо тој е посебен Охриѓанец (hug))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and Bum-Bum