Изгубен паричник

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
The_Mayor
Никој не спомна овде среќа. Еве пример јас се шетам и си наоѓам новчаник. Си ги земам парите и си ги трошам (исто како што некој ги беше потрошил моите две илјадарки) и верувај нема да имам никаква грижа на совест. Патем, си имам најдено 500-ка и знаев чија е, девојчето беше позади мене и се движеше спротивно од мене, но не ги вратив. Гајле ми е, јас ли треба да се грижам што некој е несмасен? И јас некогаш можеби ќе изгубам пари, но нема никого да колнам ако не ми ги врати. Пред се` тоа би било мое невнимание и негрижливост. И какво збогатување бе другар? Со пари од нечиј новчаник ќе се збогатиш? Абе ајде. Да бидеме реални, најголема сума што би ја нашол е околу 30 000 и тоа ако некој е толкава будала да носи толку пари со себе по улица. Какво богатство бе друже? Богатство не е новчаник со рандом сума кој си го нашол по пат.
И патем гледам мешате тука крадење новчаници со наоѓање новчаници. Не, да најдеш новчаник и да си ги потрошиш парите не е кражба, не е грабеж.
За старт сакам да кажам (facepalm)
Шо зборуваш бе ти чоече, со прости зборови да ти објаснам. Прво и прво тие пари од девојчето си требал да ги вратиш, и да ја осетиш хуманоста во себе. Да знаеш дека тие 500 денари не се големи пари но гестот кој ќе го направиш при враќањето на истите вреди многу повеќе од сумата. Насмевката, благорадноста и среќата на згриженото девојче си требал да ја почувствуваш во твојата душа, а не таа симболична сума да го задоволи твоето его со еден ручек или што и да е. Ти си бе алчен, зошто би дискутирал со тебе, треба да те убедувам што е човечки или што не е? Зарем си слушнал за морални норми, вредности и морални обврски према луѓето? Ако ти си го изгубил својот наовчаник и не ти бил вратен, тоа значи дека на тој наовчаник налетал лик со идентични размислувања како твоите. Ве жалам и двајцата.
Друго нешто, ако некој е несмасен тоа значи да му помогнеме а не да го доуништиме, напротив биди човек и просеветлиго помогнуму, вратиму. Сепак резултат на тоа е кој коефициент на хуманост го поседуваш, тоа е правата вредност на луѓето. Јас ги одценувам по добрината која ја поседуваат а не по материјалните срања, значи за мене може и питачот да биде вистински човек и пријател, а милионерот може да биде едно обично гомно во моите очи.
Трето нешто околу богатството, го споменав во втората реченица која гласи вака: Никогаш во животот не ми претставувало престиж да се збогатам на туѓа несреќа. Колкуа кратка реченица а колку обемно би ја протолкувал.
Оваа мисла претставува коренот на целиот мој пост каде образлижувам дека нескромноста, недуховноста, нехуманоста се луцидни ствари кои колку и да се привлечни треба да го направиме правилниот потег и да ги исфрлиме од нашите карактери.
Некогаш ќе сватиш ГоспоТе, гледај да тоа не биде предоцна- посакувам да слушнеш убави зборови за себе кои ќе влеат гордос во твојата душа за секој минимален хуман чин што ќе го направиш во своето постоење. Еден мудар човек вака изговорил:
You only live once, but if work it right once is enought.
Смениго својот стаф и биди голем човек.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
The_Mayor
Не, тоа што јас сум ги изгубил моите пари и не се вратени е сосема ОК. Јас сум бил негрижлив во некој одреден момент и сум си дозволил да ги изгубам тие пари (моја грешка) и некој си ги нашол и си ги потрошил, супер за него, но не беше тоа поттик јас да постапувам како што постапувам туку едноставно не чувствувам потреба да вратам нешто што сум нашол на улица. Добрината која ја поседуваат ја гледаш во тоа што ќе ти врати некој новчаник? Не знам за тебе, но јас не гледам добрина во тоа.
 

LadyD

Полноправен Член
Имам најдено неколку пати, и секогаш го имам вратено.
Дури последниот пат кога го најдов отворив од причина да видам документи,и имаше 350евра.Го пријавив новчаникот, и во момент кога го пријавував човекот се појави,ми се залагодари и толку.
Некој ќе рече твоја среќа било....абе моја среќа е кога ќе ги добијам(наградно или сл.), но вака на туѓа несреќа, не благодарам.Едноставно исто како да не сум ги нашла.
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
33
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Кога бев да фрлам ѓубре пред мојата градина на паркингот имаше паричник го отворив и имаше неколку илјадарки и лична карта кредитна картичка слики..... Во паричникот најдов МОЈ БРОЈ. И кога го видов тоа се јавив и дојодја да го земат и ми даде 2000 денари ххеххе(party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
немам таква ситуација,инаку реагирам по расположение или инстинкт.имам најдено само 10 денари за овие 30 години :(
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Не знам, знам колку добро би ми дошле тие пари ама знам и како би му било на сопственикот така да би размислила
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lovely*-*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не сум изгубила до сега паричник,ниту сум нашла на улица,меѓутоа на работа еден ден некој го имаше заборавено на пулт,го земавме со колешката,
внатре имаше накај 1000 евра,плус картички и неколку илјади денари и документи.Го баравме по име и презиме на крај дури и во полиција,го најдовме ,
му јавија дека е кај нас паричникот,дојде,си го зема,се заблагодари и си замина.
Не би можела да трошам туѓи пари и туѓа мака,без разлика на тоа што се најдени а не украдени,некако премногу ми работи тука совеста.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Еднаш најдов илјадарка ама не беше во паричник, само така падната и си ја зедов. Ако најдам пари кои не се во паричник не би ги вратил бидејќи нема документи(освен ако има некое ливче каде пишува некоја информација, ама мала е веројатноста).
Ако има документи во паричникот, секако дека би го вратил, ако нема- ај со здравје.
Имам најдено еден паричник во кој имаше 246 ден., немаше документи и ги зедовме. После половина час се расправавме што да им правиме на парите, за на крај да си купиме некои работи.
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Еден убав сончев ден се враќате од работа/школо и гледате на улица пред вас
images

Се вртите да видите дали некој ве гледа и нема никој околу:D
Е сега сум слушнал многу приказни ако има лична карта ќе му ги врателе или не знам што ама темава бара искреност,дали навистина би го вратиле цел паричник или ќе си ги земете парите и ќе си направете ќеф да си купите нешто одамна што сте планирале и документите ќе ги фрлите да ги најде сопственикот...
Ако ви се случило споделете ама пазете некој да не чита да се пронајде па да ви ги бара парите после:D
Епа ја би ги земал без многу мислење и ке си купам нешто (али ефтино)