Изгубен паричник

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Ќе го вратам, ќе ми падне жал затоа што некој го изгубил и сега му е жал за парите, се чуствува неспособен , го вреѓаат, му се смеат и прават будала од него.

Искрено, ако јас го изгубам ќесето најверојатно би се чуствувал исто онака како што човекот што го изгубил се чуствува во тие моменти.Можеби собирал пари за нешто што одамна сакал да си купи?Можеби тоа му е единствените добри пари што по долго време со пот успеал да ги заработи....

Би го вратил во секој случај, па и да ги земам...каква корист?Зарем би ги трошел со мерак?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and InnaLaurie

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
не сум среќко да најдам толку пари...сум нашол само 50ка :) и сум купил нешо благо.....со шоколскит се војвавме низ чаршија...јебига
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Marick14

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Како прво не верувам дека ке најдам. Ако најдам ке го вратам ако има документи. Јас се надевам да најдам некој без документи со многу пари, да можам парите да ги потрошам со мерак, без грижа на совеста.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Прво би подразмислила,али на крај би го вратила...неможам така, ќе имам грижа на совест :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
ДА секако дека би го вратил, без разлика која сум на пари ја има. Никогаш во животот не ми претставувало престиж да се збогатам на туѓа несреќа. Колку лакомост и нечовечност постои меѓу луѓето , понекогаш помислувам дека и сами некој ден ќе се изедат. Зарем тоа рандом богатство кое ќе го најдете на пат изгубено од некој несмасник, за вас значи живот? Зарем треба да се дискутира на темава колку нехумано би ја одиграле својата улога во општествово? Кој се бе тие пари и материлајности што сметате дека ќе ги задоволат вашите потреби вечно? Зарем не знаете дека човековото око е ненаситно?
Ако не ги вратите парите, единствено нешто со што ќе се здобиете е грижата на совест која ќе ве прогонува цел живот. Немој да се редите во положба на политичарите и да го оштетите народот , бидете револуционерни, бидете хумани вратете го тоа што не е ваше. Егоцентричноста е врв каде ѓаволот ја ужива човековата себичност.
Нема ништо подобро од алтруист човек, кој цело свое битие гледа да го задоволи несреќниот народ, кој цел свој живот го усполнува со духовна скромност, рационално ја распределува својата среќа, своето творештво за да задоволи што е можно повеќе души на овој свет. Зад себе остава добри дела за кои генерации ќе говорат едногласно :тој голем човек беше.
Што и да правите времето минува, само да ве потсетам дека секоја погрешна одлука во животот некогаш ќе се појави пред вашите очи но тогаш нема да ја имате таа моќ. Моќта која говори да се направи истото дело после голем изминат период и погрешно време е непотребно, раините остануваат рани, можеби времто ги лечи но не ги заборава.
Тајмингот е битна ствар преку која парадоксот нештата од значајни ги претвара во ирелевантни. Бидете разумни, некој ден и вас ќе ви помогне човек.

Би го вратил нормално, и да ги потрошам парите нема да ги потрошам со ќеф :)
Епааааа.... ќе се молам да нема никакви документи туку само пари .... ииии, да....нема да го вратам.Проклет нека сум ! (worried)
Зависи чиј паричник..ако внатре најдам лична карта од постар човек или незнам со малце пари би глеал да го вратам..али ако си најдам со прилично пари би го зел нормално и не би ги искористил тоа кредитни картички и такви работи доста ми е кешот :rofl

Ги трошам и ич мува не ме лази :rofl
Вие двајца, планирате да го вратите наовчаникот или не планирате?
Не можам да разберам, еднаш да еднаш не, можеби, не знам, ако ова ако она.:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and parvati

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Другарками еден ден иди кај мене цела возбудена и вика најдов новчаник на улица, лелее што да правам дали да отворам да видам ако има документи чиј е. и да го најдиме кој го изгубил.. И отворивме нормално полн беше пари, ама ниту ги избројавме ниту ги чепнавме, кога видовме лична карта новчаникот беше на една девојка која третата другарка кај мене случајно ја познаваше... Веднаш најдовме број од девојчето и кога и се јавивме таа се уште не ни знаеше дека и го нема новчаникот... Нормално и го дадовме одма...После ни кажа, внатре и биле сите пари (евра) за да уплати на факултет на постдипломски, плати, картички со сите пинови запишани,документи, кој знае колку вредеше...
После тоа вика на кој и да кажев дека ми го вративте новчаникот не им се веруваше. Нормално добар ручек падна после тоа..не штедеше ич..(y)

И на крај да не заборавам дека на другарката што го најде новчаникот и го врати, пред некој месец и го украдоа нејзиниот во автобус, во кој ми кажа дека полн бил со пензионери...И после и ја вратиле само личната карта..друго ништо..а платата само што ја извадила цела од картичка и си ја ставила во новчаник пред да и го грабнат....
е ај сега де...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
The_Mayor
Никој не спомна овде среќа. Еве пример јас се шетам и си наоѓам новчаник. Си ги земам парите и си ги трошам (исто како што некој ги беше потрошил моите две илјадарки) и верувај нема да имам никаква грижа на совест. Патем, си имам најдено 500-ка и знаев чија е, девојчето беше позади мене и се движеше спротивно од мене, но не ги вратив. Гајле ми е, јас ли треба да се грижам што некој е несмасен? И јас некогаш можеби ќе изгубам пари, но нема никого да колнам ако не ми ги врати. Пред се` тоа би било мое невнимание и негрижливост. И какво збогатување бе другар? Со пари од нечиј новчаник ќе се збогатиш? Абе ајде. Да бидеме реални, најголема сума што би ја нашол е околу 30 000 и тоа ако некој е толкава будала да носи толку пари со себе по улица. Какво богатство бе друже? Богатство не е новчаник со рандом сума кој си го нашол по пат.
И патем гледам мешате тука крадење новчаници со наоѓање новчаници. Не, да најдеш новчаник и да си ги потрошиш парите не е кражба, не е грабеж.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
И на крај да не заборавам дека на другарката што го најде новчаникот и го врати, пред некој месец и го украдоа нејзиниот во автобус, во кој ми кажа дека полн бил со пензионери...И после и ја вратиле само личната карта..друго ништо..а платата само што ја извадила цела од картичка и си ја ставила во новчаник пред да и го грабнат....
е ај сега де...


тоа и е за памет ...
се што ке најдеш - твое си е !(nod) се што ке изгубиш - епа не било твое (shake)

кажи и друг пат ако најде пак така троа поќе пари - нека ме побара мене, јас ке ги вратам (think) (bandit)

:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Kitty

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ако има документи во него, мојата на моменти морбидна потсвст нема да ми дозволи да ги потрошам.:|

Во сите други случаеви, ќе си ги потрошам и при тоа нема око да ми трепне...добро де, ако ми затрепка ќе си го измијам со крстена водичка :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum