1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Извонредни уметници

Дискусија во форумот 'Дводимензионална уметност' започната од MissChievous, 26 февруари 2012.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Karen Opstelten
    нажалост неможам да ставам нејзини слики
    но верувам дека има на гугл.
    Налетав пред некој ден на нејзини дела и навистина се воодушевив.
    Имено во своите дела таа слика соништа.
    Ги доловува сликите кои и се појавуваат во сонот.
    Интересно за гледање.
     
  2. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Значи, се' започнало кога во куќата на глувиот – „ла љуинта дел сордо“ (така го нарекле живеалиштето на Гоја, кој бил наглув, исто како и Бетовен), дошол еден шпански големец за да нарача портрет од големиот Шпанец. На портретот требало да биде насликана неговата преубава сопруга. Наскоро тие се договориле околу формалностите и Гоја започнал со изработка на делото.

    Но Маја била толку привлечна и шармантна, што Гоја го прекршил правилото за немешање во интимните аспекти на моделот и тие влегле во љубовна врска. И тоа не било се', уметникот, фасциниран од убавината на својот модел отишол уште подалеку, тој почнал да ја слика нејзината екстраординарна голотија, за да ја овековечи таа неверојатна привлечност, едноставно, да го сподели тоа еротско лудило со светот, еден ден. Деновите минувале и се претвориле во месеци, а Гоја не можел да престане со двојното уживање, да се води љубов со убавицата Маја, а воедно да се презервира таа убавина за вечноста.

    Но сопругот станал сомничав, а љубомората подгреана од гласините, кои почнале да руморат низ Мадрид, го натерале да скова план за брза и инкогнита посета на ателјето на Гоја, за да се увери во вистинитоста на аферата. И тука почнува едно грозничаво сценарио.

    Некаде пред полноќ, убавата аристократка Маја му испраќа на уметникот кодош, кој го предупредува дека утредента нејзиниот сопруг ќе дојде во ненајавена посета за да се увери во веродостојноста на гласините кои го зафатиле градот. Гоја е во паника, но брзо наоѓа решение. Тој ангажира една проститутка од мадридскиот полусвет и ја носи во своето студио. Таму тој ја облекува проститутката во скапоцена облека, во која требало да ја наслика преубавата Маја. Тој почнува грозничаво да слика, користејќи фактички два модела. Првиот е проститутката, од каде ја презема фигурата и драпериите од облеката, а вториот е сликата на голата Маја, од каде ги пресликува главата и рацете. Тој работи фуриозно, можеби најенергично во својот живот и, тоа утро тој ја довршува сликата сликајќи ала прима, а тоа е начин на сликање кој се користел во фрескосликарството, за брзо исликување на огромните катедрални површини. За разлика од масленото сликарство на платно од тоа време, кое подразбирало бавна постапка поради многуте слоеви што барале време за сушење, Гоја во ова свое френетично уметничко искуство насликал се' од прва. Боите гореле на ова платно. Искуството било ново. Таква свежина на една слика овој уметник се' уште не видел, и не само тој. Таа ноќ бил роден импресионизмот во неговата крипто-верзија, а со овој феномен е иницирана и појавата на модерната уметност, како антиципација.

    Чудесни се патиштата на уметноста, би прокоментирал некој вљубеник во делото на овој шпански гениј. Утредента сопругот на Маја се уверил во неверодостојноста на гласините, а уште понеуверлив во точноста на аферата бил исцрпениот и депресивен изглед на уметникот. „Та зар овој несреќник би можел да ми биде конкурент”, помислил во себе гордиот сопруг.

    Како и да е, без оглед на моралните конотации на оваа случка, денес овие два портрета се гордост на шпанската сликарска уметност.
    [​IMG]

    Текстот е превземен од колумната на Ацо Станковски од Утрински весник ама ми се виде интересна за да ја споделам.
     
    На Prashina, Хоуп* и Lena им се допаѓа ова.
  3. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Aristokrat
    убава приказна.Преубава.
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Ќе побараме уште некоја приказна па ќе пастираме:)
     
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Што знам,
    онака уметноста помешана со страст,
    забрани,еротика,посакувања воопшто хаос од емоции и го дава она "посебно"нешто на сликата.
    Не дека Маја била убава:)
    Туку неговите чувствата ја прават толку посебна.
     
    На Aristokrat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Vania Zouravliov

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
  7. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
  8. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Слика на Рембрант единствена насликана како морски пејсаж.Нацртана 1633 а во 1990 ја украле 12 крадци облечени како полицајци.Интересното во сликата е дека се верува дека Рембрант се вметнал сам во сликата (онон човек во центарот на сликата што се држи за јажето а со левата рака се држи за глава)


    [​IMG]
     
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Одамна вака не ме запрепастил уметник. Цел ден му ги гледам делата... Се вика Pascal Campion.

    The big wet.jpg The right spot.jpg AquaMarine.jpg Between you, me and the bedpost.jpg In Kansas.jpg Meanwhile, back in 1987.jpg Night Out.jpg Playground.jpg Rainy Monday.jpg Rom Com.jpg

    Еве нешто повеќе за неговите дела од самиот уметник:



    Доколку сакате да види се што има создадено, проверете ја неговата фб страна: Pascal Campion Art.
     
    На Luckky, Electra, Saladin и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Првите дела на некои од поголемите уметници.

    „Погледот на руел“ е првата слика на Клод Моне во која се надзира неговиот подоцнежен стил. Младиот импресионист ја насликал кога имал само 18 години, а дотогаш цртал само портрети и карикатури. Сликарството го привлекло благодарение на познанството со Јуџин Боудин, првиот сликар пленерист, а Моне за него вели како тој му го „тргнал превезот од очите“ и дека дури тогаш сфатил што е вистинска уметност. Заљубувајќи се во природата рекол дека на „Јуџин Боудин му го должам својот уметнички израз“, а денес на Моне заради неговата уметност му должи целиот свет.
    [​IMG]



    Со само 8 години Пикасо веќе сликал ремек дела. „Пикадор“ е неговата прва сериозна слика со маслени бои со кои продолжил да слика целиот живот. На уметноста го научил неговиот татко сликар, кој уште од мали нозе му допуштал да ги довршува неговите платна. Потоа Пикасо изучувал сликарство, прво во Барселона, а потоа и во Мадрид. Кога имал 18 години била организирана неговата прва изложба – сликите на идниот кубист биле изложени во боемското кафе „Els Quatre Gats“ во Барселона.[​IMG]



    Авторството на сликата „Мачењето на Св.Антон“ долго време е препишувано на ателјето на Доменико Гирландо, каде се школувал и самиот Микеланџело. Дури во 2008-та година е признаено како авторско дело на самиот Микеланџело Буонароти. Работата на сликата била завршена кога тој имал само 12-13 години, а денес се смета за една од најскапите слики во историјата која е насликана од дете. Во 2009-тата година е продадена за 6 милиони долари.

    [​IMG]



    Кога имал 16 години, Жан Мишел Баскијат заедно со пријателите цртале графити во долен Менхетен и биле потполно непознати. Работеле под псевдонимот САМО и со него ги потпишувале своите дела. Кога во 1979-тата година престанале да работат заедно, на ѕидовите низ градот се појавил само натписот „SAMO is dead“. Својата прва слика Баскијат ја продал кога имал 21 година. За неговиот успех е заслужен и ликовниот критичар Рене Рикард, кој бил во потрага за сензација. Тој ја пронашол во обликот на Баскијат и неговиот неповторлив стил. По статијата „The Radiant Child“ во списанието „Artforum“, светските очи на јавноста биле насочени кон Жан Мишел.
    [​IMG]


    Во раното творештво Марсел Дишан експериментирал како со класичните техники, така и со кубизмот или фовизмот. Кога после многу години го прашале кој имал влијание врз неговата уметност, Дишан го навел токму симболистот Одилон Редон, чие творештво се истакнувало меѓу останатите со својот карактер, иако формално припаѓало на класичниот симболизам. Кога имал 14 години тој го насликал „Портретот на Ивон Дишан“.
    [​IMG]


    Пред морските прасиња и кравата во формалин, калеидоскопот, дијамантните черепи, учеството во колективот на „Младите британски артисти“ и статусот на еден од најбогатите современи уметници, Демијан Херст ја започнал својата кариера со академско сликање. Така настанала „Студија за Делакроа (Бедница на гробишта)“ во 1981-та кога имал 16 години.
    [​IMG]


    Џон Еверет Мил станал најмладиот студент на Кралската академија на уметности воопшто. Иако друштвото на идниот предрафаелист истапувало од академските канони и создавало своја нетрадиционална уметност, Мил сепак во почетоците создавал класика – акварелот „Борачи“ од почетокот на 1840-тите е вистински пример од тој период.
    [​IMG]
     
    На MoonFairy и Lena им се допаѓа ова.

Сподели: