Извадоци од книги

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
И само за неколку мигови го достигнав она ниво на екстаза кон кое отсекогаш сум се стремел, а тоа беше целосен чекор преку хронолошкото време во безвремените сенки, зачуденост во пустелијата на смртното царство, сензација на смртта која ме удира во пети да продолжам напред, со фантомот што ја следи својата сопствена трага и јас кој брзам кон отскочната штица од каде што полетуваат сите ангели кон светиот простор на несоздадената празнина, моќни и несфатливи зрачења што сјајат во чистата суштина на Свеста, безброј лотосови цветови кои отворени паѓаат во магичниот небесен роеж од пеперуги. - Џек Керуак, На Пат

Сфатив дека безброј пати сум се умрел и повторно сум се родил, но не се сеќавам на тоа само затоа што премините од живот во смрт и пак во живот се толку сенишно лесни и мазни, една магична акција во ништо, како да заспиеш и повторно да се разбудишмилион пати, потполна случајност и длабоко незнаење. Сфатив дека овие мрешкања на раѓањето и смртта се случуваат само заради постојаноста на суштинскиот Ум, налик на дејството на ветрот врз површината на водата, чиста и мирна како огледало. Почувствував слатко, разиграно блаженство како во мигот кога ќе бапнеш голема доза хероин во вена, како голтка вино во доцно попладне што те тера да се наежиш; стапалата ми се здрвија. Мислев дека ќе умрам токму во следниот миг. - Џек Керуак, На Пат

Застанат на прозорецот, ја мирисав сета храна на Сан Франциско. Токму надвор имаше места со морска храна каде што служеа топли земички, а и кошничките беа доволно добри за јадење; каде што самите менија беа омекнати од вкусни испарувања како да беа потопени во врела чорба - и тие беа добри за јадење. Само покажими лосос на менито и ќе го изедам; дајте ми да помирисам пржен путер и штипалки од јастог. Имаше места што беа специјализирани за дебел крвав бифтег au jus или печени пилиња прелиени со вино. Имаше места каде што колбасиците црцореа на скара, а кафето кошташе само пет центи. И, ах, тие пржени гарнирани кинески шницли чиј мирис носен од ветрот ја исполнуваше мојата соба, натпреварувајќи се со мирисот на преливот за шпагети од Норт Бич, мелите ракчиња и школки од Фишерменс Ворф, ребрата од Филмор што се вртеа на ражен! Фрлете на сето тоа грав со огнено лути пиперчиња од Маркет Стрит, помфрит од винските ноќи на Ембаркадеро, пушени школки од Сосалито, од другата страна на заливот, и тоа е мојот сон за Сан Франциско. Додадете магла, сурова магла што ја буди гладта, трепкање на неонот во меката ноќ, тупкање на високите штикли на убавиците, бели гулаби во излогот на кинеската бакалница... - Џек Керуак, На Пат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Even broken in spirit as he is, no one can feel more deeply than he does the beauties of nature. The starry sky, the sea, and every sight afforded by these wonderful regions, seems still to have the power of elevating his soul from earth. Such a man has a double existence: he may suffer misery and be overwhelmed by disappointments, yet, when he has retired into himself, he will be like a celestial spirit, that has a halo around him, within whose circle no grief or folly ventures. - Mary Shelly, Frankenstein
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Глеј ги само овие напред. Имаат грижи, ги бројат милјите, мислат каде ќе преспијат вечер, колку пари им треба за бензин, какво ќе биде времето, како ќе стигнат таму - а и онака ќе стигнат таму, сфаќаш. Но тие мораат да се секираат и да го изневеруваат времето со лажна брзаница, зашто инаку нивните вознемирени и мизерни души нема да се смират освен ако не се закачат за утврдената и докажана грижа, и кога еднаш ќе ја пронајдат прават такви изрази на лицето кои покажуваат дека тоа им одговара и дека ќе продолжат да живеат со неа, а тоа е, како што гледаш, несреќа, и цело време грижите лебдеат околу нив, се повеќе и повеќе, а тие го знаат тоа, знаат дека на нивните грижи им нема крај. - Џек Керуак, На Пат

Нашите парталави куфери пак беа натрупани врз плочникот; не чекаше уште подолг пат. Но не е битно, патот е живот. - Џек Керуак, На Пат

"Не умираш доволно за да плачеш." Се што кажував беше нож што сам си го заривав во себе. Се што потајно сум собирал против брат ми сега излегуваше од мене: колку бев згрозен, каква гнасотија откривав во длабочините на својата нечиста психа. - Џек Керуак, На Пат

Додека таксиот не возеше по мрачниот булевар Аламеда по кој пешачев многу изгубени ноќи во изминатите месеци на летото, пеев, јачев, се хранев со ѕвезди и ги цедев соковите од своето срце, капка по капка на врелиот асфалт, Дин ненадејно ни се прилепи одзади со украдениот кабриолет и почна да свири, да навалува на нас и да вреска. - Џек Керуак, На Пат
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
И ако сите ја прифаќаат лагата која Партијата ја наметнува - ако сите записи ја пишуваат истата приказна - тогаш лагата преминува во историја и станува вистина. Кој го контролира минатото, гласеше паролата на Партијата, ја контролира и иднината; кој ја контролира сегашноста, го контролира и минатото. Но сепак минатото иако по природа менливо не се измени. Се што е вистина денес, вистина е од прапочетокот до вечноста. Работата беше многу проста. Потребна беше само бескрајна низа на победи врз сопственото помнење. Тоа се викаше контрола на стварноста; на Новоговорот, двосмисла. - Џорџ Орвел, 1984

Како да се одржи паролата како што е "ропството е слобода" кога нема да постои дури ни поимот слобода? Целокупниот збир на мислења ќе биде поинаков. Мислењето во денешна смисла на зборот всушност нема да постои. Да се биде идеолошки праведен значи да не се мисли - Да се нема потреба да се мисли. Да се биде идеолошки исправен значи да се биде несвесен. - Џорџ Орвел, 1984
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Но,што е вреден животот,кога првата проба на животот самиот живот е?
Од овие причини животот е сличен на една скица.Ма ни скица не е правиот збор затоа што скица е проекција на нешто,припрема за некоја слика додека скицата на нашиот живот една скица на ништо е.Проекција без слика.
Еднаш е ниеднаш,рече Томас.Кога смееме да живееме само еднаш..тоа е како да не сме живееле воопшто.

Неподносллива леснотија на постоењето

Милан Кундера
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Париските гета се збиралишта за ексцентрични луѓе - луѓе кои што се осамени, полулудитипови коишто се откажале од идејата да бидат нормални и пристојни. Сиромаштијата нив ги ослободува од вообичаените стандарди на однесување, исто како што парите ги ослободуваат луѓето од работа. - Џорџ Орвел, На дното и отфрлен во Париз и Лондон

Кога некој искусил љубов - вистинска љубов - што има друго во светот што не изгледа како бледа сенка на радоста? - Џорџ Орвел, На дното и отфрлен во Париз и Лондон
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Толпата е само набљудувач.Тие бараат крв и солзи,и кога ќе го добијат тоа остануваат само неми набљудувачи на глетката пред себе,потајно уживајќи во претставата која можеби не ја барале но сепак ја добиле гратис.

Фото синтеза од Игор Анѓелков
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
"Религијата не беше прифатена од тогашниот режим, па множина ги избегнуваа црквите. На клупите седеа само старци и старици, бидејќи не се плашеа од режимот. Тие се плашеа само од смртта."

Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера
 
Последна промена од модератор:

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Интелектот сам по себе е еден вид претерување и ја уништува хармонијата на секое лице. - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

На грдите и глупавите им е најдобро на овој свет. Тие можат опуштено да си седат и да се џарат во играта. Ако никогаш не узнале победа, барем се поштедени од доживувањето пораз. - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

Во дивата борба за опстанок сакаме да поседуваме нешто што ќе истрае, па така си ги полниме умовите со разни глупости и факти, со будалеста надеж дека ќе си го задржиме местото. Темелно добро инфромиран човек - тоа е модерниот идеал. А умот на темелно добро информираниот човек е страшно нешто. Тој е како продавница за старудии, насекаде чудовишта и прав, и сето тоа со цени повисоки од вистинската вредност. - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

Оние што се верни можат да ја почуствуваат само тривијалната страна на љубовта: само неверните се оние што ги познаваат трагедиите во љубовта. - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

Единствен начин да се ослободиш од искушението е да му се предадеш. Доколку му се противиш, душата ќе ти се разболи од копнеење по нештата што си ги забранила, по желбата што нејзините страшни закони ја направиле чудовишна и незаконска. - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

Но младоста никогаш не се враќа. Пулсот на радоста што бие во нас на дваесет години почнува да заостанува. Дегенерираме во грозни марионети, прогонувани од сеќавањата на страстите од кои премногу сме се плашеле да им се предадеме. Младост! Младост! Ништо друго на светот не вреди како младоста! - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

За да се испита реалноста ние мораме да ја поставиме на затегната жица. Тогаш вистините стануваат акробати што можеме да ги оценуваме. Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

"Можам да сочуствувам со се, освен со страдањето", рече лод Хенри, кревајќи ги рамената. "Не можам да сочуствувам со него. Премногу е грдо, грозно, вознемирувачки. Има нешто страшно нездраво во современото сочуствување со болката. Човек треба да сочуствува со бојата, со убавината и со радоста на животот. Колку помалку се зборува за раните на животот, толку подобро." - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј

"Ах! Лорд Хенри посакувам да ми кажевте како повторно да станам млада." Тој се замисли за миг. "Можете ли да се пристетите на некоја голема грешка што сте ја направиле во раните денови, војвотке?" праша тој, гледајќи во неа преку масата. "Ги има премногу, се плашам", извика таа. "Тогаш сторете ги сите повторно", рече тој сериозно. "За да се вратите во младоста треба само да ги повторите своите лудории." - Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Ghtalpo

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
По многу години, Мерлин исчезна од Артуровиот живот, а потоа еден ден ненадејно се појави, качувајќи се од шумата кон Камелот. Бескрајно весел заради повторната средба со својот учител, кралот Артур нареди во чест на Мерлин да се приготви гозба. Меѓутоа, Мерлин се однесуваше чудно, гледајќи го својот поранешен ученик како никогаш да не го видел.
"Можеби би можел да дојдам на таа гозба, ако си ти оној за кој мислам дека си", рече Мерлин. "Ама кажи ми искрено, кој си ти?" Артур се скамени, но пред и да може да протестира, Мерлин им се обрати на насобраните, гласно велејќи:
"На оној што ќе ми каже која е оваа личност, ќе му ја подарам оваа вреќичка со златен прав". Во тој момент, во неговата рака се појави кожено снопче полно со чисто злато.
Збунети и нерасположени, витезите на Округлата маса не одговорија. Тогаш истапи младиот паж: "Сите знаеме дека ова е кралот". На ова Мерлин одмавна со главата и пажот мораше да ја напушти салата.
"Зар никој не знае кој е овој?", повтори.
"Ова е Артур", се јави уште еден глас. "Дури и будалиот го знае тоа". Мерлин со погледот ја најде личноста која го кажа тоа - старата слугинка во аголот - па ја отстрани и неа од салата. Целиот дворец беше збунет, но волшебниковиот предизвик сега се претцори во игра.
Имаше различни одговори: син на Атер пендрагон, владетел на Камелот, суверен на Англија. Мерлин не прифати ниеден, дури ни подобрите одговори како Адамов син, цветот на Албион, човек меѓу луѓето итн. На крајот и Гиневера беше вовлечена во играта и промрмори: "Ова е мојот сакан маж". Мерлин само одмавна со главата. Еден по еден, сите ја напуштаа салата се додека не останаа само волшебникот и кралот.
"Мерлине сите не збуни", му призна Артур. "Ама јас сум сигурен кој сум. Затоа ова е мојот одговор: јас сум твојот стар пријател и ученик". По кратко двоумење, Мерлин го отфрли и тој одговор како што направи и со предходните, па кралот немаше друг избор освен да си оди. Од љубопитство од вратата гледаше што се случува во салата. На негово изненадување, Мерлин пријде до прозорецот, ја отвори вреќичката и го истури златниот прав.
"Зошто го фрли скапоценото злато?", извика Артур, неможејќи да се совлада.
Мерлин се обѕрна. "Морав", рече. "Ветерот ми кажа кој си".
"Ветерот? Но ветерот не рече ништо".
"Токму така".

Патот на волшебникот - Дипак Чопра.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Outrider