1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Иднината на форумот

Дискусија во форумот 'За форумот' започната од diva orhideja, 5 февруари 2015.

  1. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Знам дека не е мое да размислувам за иднината на форумов,тоа би требало сопственикот да си се запраша ако воопшто го засега ова прашање,но мене ме интересира како го гледате опстанокот на форумите и на овој ЦБ форум?Пред неколку години работата на форумите била многу подобра од денешната состојба во која се наоѓаат.На голема жалост сега сме учесници и гледачи на низок степен на толеранција меѓу членовите и модераторите,ликови кои минираат теми,провоцираат,со лошо расположение,исфрустрирани,а сето тоа ги растерува квалитетните и интелигентните форумаши.За темава ми текна поттикната од еден коментар дека форумската популација била морална нула,манијаци,педофили,промискуитетни особи,денгубитници,безработници,и тн..За да има квалитетни теми треба прво и такви модератори,за да задржиш едно ниво на култура и знаење најмногу зависи од акалот и умеењето за проценка на еден лик со кого ќе влезеш во дискусија.Морам да дадам забелешка дека овде има или имаше(незнам каде отидоа)интелигентни модератори,незнам од кои причини им отстапија место на недоквакани,саркастични,неуки или сеуште непотковани за таа работа.Замира ли форумот,се губи интересот меѓу луѓево и ни останува уште да му одредиме рок на употреба.Како тргнало вака,форумов да го користиме само за навреди и борба за своето кажано,не предвидувам уште многу време.Што мислите вие уште колку вака може да фумкционира форумов?
     
    На Pica pica, melpomena и -•Lil Lamb•- им се допаѓа ова.
  2. -•Lil Lamb•-

    -•Lil Lamb•- Баниран

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    74
    Допаѓања:
    48
    Дива орхидеја, ти навистина прекрасно размислуваш и си многу интелигентна личност. И преубави теми отвараш. Ти не си модератор овдека? Админ нешто?
    Чудно навистина, би требало да бидеш. А инаку, јас иако не го следев баш овој форум, сега дојдов, мислам дека нема да опстане. Го споредувам со Кајгана форумот, но кајгана форумот е каде - каде подалеку од овој. Не се споредува. Башка ми се чини и слабо луѓе овде има, во споредба со други. :) Во секоја тема ептен слабо се пишува. И ако се пишува тоа е од едните исти личности. Нови баш и не гледам. Не би дотуркал далеку,ако продолжи вака. ОЖИВЕЈТЕ ГО!
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Не сум член на други форуми затоа ќе пишувам конкретно за форумов.

    Јас случајно налетав на форумов и се зачленив затоа што прочитав многу дискусии и ја почувствував онаа друштвена енергија. Кога се зачленив видов дека всушност форумот е многу пасивен памтам дека и покрај тоа што пишав во многу теми не добив известување дека некој друг вратил, во табелата за последни мислења се наоѓаа мислења од пред неколку дена. Во тој момент си реков дај нешто да направам да помогнам да биде активен, ја пронајдов идеата на @Sarah и повторно ја оживеав го вратив ЦБ весникот во живот.
    Да не биде јас сум херојот спасувач но и самата може да согледаш дека ЦБ весникот ја разви активноста дискусијата на форумов стари членови се вратија а и нови се зачленија. Сега имам многу известувања за разлика од порано што значи дека активноста се зголемила.
    Кога дојдов на форумов само ти @ipopovski и @Saladin бевте активни потоа стана и @Electra и јас и @Altair и @Notice и други членови.
    Тогаш во месецот се отвараа по четири пет теми, сега по дваесет. Некој праша зошто правам такви статистики и ги објавувам во весникот. Сега ќе одговарам тоа го правам за да воочите дека активноста на форумов од ден на ден се зголемува.
    За празните теми не се криви модераторите туку членовите. Зошто се срамат да дадат свое мислење на една тема, а не се срамат да играат во играчница?
    За строгоста на модераторите морам да признаам дека си во право но и тоа од ден на ден се поправа. Тие што се модератори знаат за што зборувам. Зар не приметувате поопуштена атмосфера и послободна дискусија на форумов? Зар не приметувате дека и најстрогите модератори се приземија на форумов и дискутираат како било кој друг член.
    Иднината на форумов ја гледам многу позитивно и светло затоа што приметувам дека секој нареден ден се поактивен е форумов и ние како членови и модератори работиме на тоа.
     
    На BlackTulip и -•Lil Lamb•- им се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Јас бев активен и пред ти да дојдеш, едноставно јас во последно време сум најактивен и заслужувам титула, најфраер, најубав, најсекси итн...
     
  5. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Ти да не си - пропаднавме :D
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  6. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    И оваа титула само да ја имаш ќе ти биде доволна :D
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,603
    Допаѓања:
    5,674
    И јас стварно не знам зошто после ги разбркуваш девојчињата,па како да ти одолеат покрај волку титули:D
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Можеби ако започнеш од самата себе си да не си дозволуваш да навредуваш други членови, тогаш можеби другите членови гледајќи те тебе како прав пример нема да навредуваат исто така.

    Иначе, од каде знаеш ти како било на форумов (конретно) порано и какви членови имало, кога си зачленета неполна година дена?


    Мое мислење е дека форумот ќе опстане многу подолго оттколку што повеќето мислат. Иако уште од самиот почеток сме многу помалкубројни за разлика од некој си друг форум, сепак си останавме еден вид на своја мала заедница. Тоа e тоа што ми се допаѓа, колку и да плукаат некои луѓе за овој форум, сепак не има еден куп членови што сме си останати тука од разни причини. [​IMG]
     
    #8 MissChievous, 5 февруари 2015
    Последна промена: 5 февруари 2015
    На Saladin, BlackTulip, malo и уште 11 други им се допаѓа ова.
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Без навреда,но немаш попаметна тема за размислување?
    Опстанокот на форумот?
    Со иднината на форумот се замараат ликови кои немаат ништо друго да прават во животот,па се оптоваруваат со администрацијата,со модераторите и нормално членовите и нивните грешки,наместо да си ги угледаат сопствените дефицити.
    Иначе форумот ќе си функционира како и последниве неколку години.
    Одамна се предвидува неговата смрт ама како така си функционира.
    Паметните се извинувам интелегентните членови се грижат за успехот во приватниот живот и чинам не висат по форуми ден и ноќ барајќи игла во сено од грешки.
     
    На melpomena, Saladin, BlackTulip и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. -•Lil Lamb•-

    -•Lil Lamb•- Баниран

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    74
    Допаѓања:
    48
    Јас мислам дека некои модератори, премногу си дозволуваат овдека,но нејсе. :)
    Зошто упорно се трудат темата да ја однесат во некаков си друг правец,јас не знам. И не сфаќам. Можеби глупа сум.
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: