На пребарувачот најдов тема за идентитет ама тоа беше стриктно за идентитет во врски, арно ама имаше еден пост интересен
Кој е вашиот идентитет? Во време кога оригиналнста и `инаквоста` се` на цена, што значи дека човек мора `да се продаде` на `пазарот` на животот под дадените услови, дали останува место за личен идентитет? Ако се биде сопруг/а, припадник на икс нација, религија, село или град, професија и остали идентификациски матрици колку е можен идентитет кој е изграден од самата особа и дали тоа е пожелно?
Настрана од биолошко-генетските ситуации каде идентикацјата е таа што е (млад,стар,маж,жена,кепец,дебел,слаб итн.) се наоѓа идентитетот кој е продукт на нашиот мозок кој после 200.000 години еволуција би требало да знае да се снајде во сето тоа. Или сепак не?
Со што се идентификувате и до каде оди таа идентификација? Како се перцепирате себе си?
Многу е тешко во една подолга врска да се зачува сопствениот идентитет...
Чекај малку... што е тоа сопствен идентитет?
Сопствениот идентитет е реален? ...или можеби непроменлив, постојан...???
Ако ја промениме професијата го менуваме ли со тоа сопствениот идентитет? Ако го промениме стилот на облекување...?