Идеална корпа (идеално одебување)

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Не сум чоек шо има искуство со спротивниот пол. Досега, сум бил постојано одбиван, а сега некако - чудно, ама некако дојде времето јас да одбивам.. Имам случај каде постојано, преку други ми се пушта една особа шо е постара од мене неколку години, не ми се допаѓа, пуши цигари, прилично живеј не здраво, а истовремено се наоѓаме на исто работно место. Уште полошо, а и посмешно сите колеги работат за неа/ на нејзина страна.. Сум гледал вакви случаи и сум ги разбирал. Полесно е кога нештата им се случуваат на другите, ама кога нештото е со тебе директно поврзано (зборам за претходно напишаното), те стресва. Најверојатно е неискуството?

Па, зато сакам да добијам одговор од некој/а поискусен/а од мене - како да ја направам ситуацијава да биди за мој ќар, а не зијан? Не сакам ништо и нема ни да сакам.

А, и споделете ваши случки, истовремено да не биди вака празно.. И онака то е и форумов.. Празен
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Уште еднаш размисли дали би сакал да бидеш во врска со една таква личност. Ако не би сакал тргни ја некаде на страна и отворено кажи и дека ти е драга ко колешка но дека не е твој тип. Ако мислиш дека може да ги сврти останатите против тебе на работа тогаш не знам брат може и треба да ја излажеш да и кажеш дека веќе имаш девојка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ranta

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Идеално одебување ми е , кога им кажувам како тоа во мене е проблемот , а не во нив ... :rolleyes:
А, мене ми е само незгодно за да они не се почувствуваат така и правам се за да избегаат од мене самите.
Ама уште повеќе се зближуваат и напорни се. :eek Е тогаш веќе се нервирам и директно им кажувам се што мислам у фаца. :)
Тоа ми се покажало како најубаво решение досега.

Вистината луѓе и само ВИСТИНАТА! :) Не си прајте лавиринти, не си создавајте потешкотии од кои покасно ќе ве боли глава и нема да знаете како да излезете од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ranta

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Идеална корпа би било “Извини женска супер си, ама мислам дека карактерно не си одговараме. Дај да си останеме пријатели, помалку ќе се караме.“ :giggle

Што и да правиш немој на груб начин да ја откачуваш, освен ако не биде премногу нападна и упорна и да не го разбирање значењето на зборот “НЕ!“. Секој кој е човек треба да се разбере од зборови.

Мене еднаш на факултет ми се пушташе една што имаше поприлично вишок килограми. Едноставно не ме привлекуваше не само заради тежината туку и карактерно, па си останавме само пријатели. Не покажав знаци дека сакам нешто повеќе. На фин, културен начин можеш се да постигнеш.

@Ranta таа што ти се пушта те привлекува ли физички? Можеш one night stand да имаш со неа или multiple night stands ако двајцата сте согласни. :) Не знам што да ти кажам. Од тебе зависи. Битно не прифаќај и не угодувај на некоја женска само за да ја направиш среќна, а ти да бидеш несреќен. Мора и двајцата да сте среќни.

Во секој случај не си стварај непријатели. Имаш колку сакаш изговори од тип “не ми се влегува во врска во моментов“, “имам поважни работи во животот моментално од љубовта“, “супер девојка си, дај да останеме пријатели за сега па ќе видиме натаму.“

Во секој случај добро е што си пребирлив и што имаш критериуми - сметај го тоа за зрелост! (y)
 
не сакам физички, бато, никако со неа..
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сврти и филм.
Речи и ко у поверење дека имаш девојка и смисли некој проблем што наводно го имаш со девојката па прашај ја за совет.
На неутрален начин ќе ја откачиш и притоа ќе и дадеш чувство дека и веруваш и го цениш нејзиното мислење.
 
Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Сврти и филм.
Речи и ко у поверење дека имаш девојка и смисли некој проблем што наводно го имаш со девојката па прашај ја за совет.
На неутрален начин ќе ја откачиш и притоа ќе и дадеш чувство дека и веруваш и го цениш нејзиното мислење.
најдов друга работа и дадов отказ. нека замарат друг
 
Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зашто одебување, грев е, ќе се напиеш неколку пијачки дозирани по потреба, ем нема да одебуваш ем ќе ебуваш ем ќе те памти по добро.