Oва е нешто помодерна верзија, јас имав црно кинеско нинтендо и милион дискети:
Додека го имав ова како мал, и ми беше интересно,мислев оти најубавата работа во животот се видео игрите. Бев толку голем фан на видео игрите, што по цели денови сум играл игри од типот на “филмовани“ така ги викаа, се што ќе најдев дома пари, ќе ми даваа мојте или сум штедел ги давав на дискети, па и скапи беа, 250 денари една беше, имав колекција, од ич малце 300 дискети и еден тон позајмени. Имаше во центарот еден дуќан со електронски апарати кинески и дискети и нинтенда продаваа, ќе имаше неколку игри убави ќе ги земев, е сеа најдов финта во дискетата, со жлеб беше и само ќе ја отпаковав и плочката ќе ја извадев, и ќе ставев внатре друга плочка, така на 4 дискети за кои сум дал 1000 денари, ќе појдев ќе му ги вратев демек не чинат не ме бендисале за други, овој ќе ми ги заменеше и добивав 8 дискети
))
Еднаш за мене најсерќниот ден како мал,кога еден роднина мој баеѓи поголем рече ќе ми даел некоја игра за нинтендото. Цело време бев под притисок кога ќе ми ги дај кога..му се јавував на телефон, и по една недела ми стигна дома пакет со преку 30 дискети, поголема среќа, немав видено во животот
))))
Освен видео игрите овие ми беа фаворити:
Имам мала колекција од разни шахови...
Карти, додатокот со голема важност од секој годишен одмор...
Обожавам друштвени игри...