1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Играорна

Дискусија во форумот 'Хоби' започната од Malinna, 26 јануари 2014.

?

Играорна?

Затворена анкета 25 февруари 2014.
  1. Имате одено во минатото

    8 глас(а)
    47.1%
  2. Сеуште одите

    3 глас(а)
    17.6%
  3. Немате одено

    9 глас(а)
    52.9%
  4. Немате одено,но сакате да одите

    3 глас(а)
    17.6%
  5. Имате одено но не ви е убаво

    2 глас(а)
    11.8%
  6. ПРЕКРАСНО Е!!!

    4 глас(а)
    23.5%
Дозволени се повеќе гласови.
  1. Malinna

    Malinna Староседелец

    Зачленет на:
    20 јануари 2014
    Мислења:
    48
    Допаѓања:
    41
    Јас одам на играорна, па се инспирирав малце, ај да видиме вие што мислите за мојот избор на спорт да речеме.Па ќе видиме,според гласањето кое ќе истече за 30 дена.!!!
     
    На Prashina, MimeQueen и МиГ 21 им се допаѓа ова.
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,873
    Играорна ти е секција куде што играш досадни ора и клатиш цицке како нестегнат пудинг, а од друу страну прошеташ гу пола Европу
    : )))
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,258
    Допаѓања:
    9,100
    Немаме одено, а и не сакаме да одиме. не знаеме да играме оро. Јас сум тип што седи на маса (се гледа по мене).
     
    На Prashina и TheQueen им се допаѓа ова.
  4. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    375
    Немам одено на играорна, а и не планирам да одам.
    Како што реков, немам одено, а тоа значи дека не можам да кажам дали ми е убаво или не.
    Јас не сум многу по орото, онака, дали воопшто знам да играм, а и ми е некое задоволство. Дури и на свадби не играм. Само седам, бројам секунди, си мислам во главата драми или понекогаш онака кружам во околината на ресторанот. Вистински пекол ми се свадбите.
    Би можело да се каже дека не ме бидува за оро.
    Сум се обидела еднаш да мавам нозе на свадба, но потоа се засрамив и си седнав на столчето како и обично.
     
  5. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,830
    Допаѓања:
    6,508
    Избор на спорт:zelen
    Ви фалат коефициенти во кладилница па може и плата ќе ви даваат, па и спорска пензија ако даде господ.
    Иначе имам прочитано за тој универзален родителски муабет: Запиши се на играорна, да го видиш светот.
     
  6. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,227
    Јас идев на играорна од второ до некаде осмо при крај, па ме избркаа зошто на пауза си запалив цигарче и ги фатив сите за врат па со сила им бутав цигари во уста и им се заканував дека ќе ги убијам ако не пушат. Се шалам нормално дека не беше така, ама оди докажи им. Нема врска...

    Не играм по свадби и јас дремам на маса, ама си го сакав времето поминато во играорна. Може поради патувањата и дружбата најмногу, ама имам убави спомени од тоа време.
     
    На AnGelgirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. МиГ 21

    МиГ 21 Староседелец

    Зачленет на:
    12 ноември 2012
    Мислења:
    1,250
    Допаѓања:
    2,453
    Немам одено, но секогаш сум го гледал КУД „Мирче Ацев“ или „Танец“ и сум уживал....моите две ќерки одат и обожаваат да одат :)
     
    На AnGelgirl24 и violetmoon им се допаѓа ова.
  8. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,145
    Допаѓања:
    2,484
    Пред се играорната не е спорт туку некој друг вид уметност.
    Одев некои 6 години на играорна, од трето до 8мо одделение од прилика. Ја скршив десната рака и морав да мирувам некое време и така престанав да одам. Убаво ми беше, уживав. Музиката свири, а ти се внесуваш и даваш максимум од себе за цела кореографија да изгледа убаво... вложуваш енергија, а добиваш дупло повеќе...
    Сеуште се восхитувам кога гледам настап на некое уметничко друштво.
     
    На Аркантос, AnGelgirl24 и МиГ 21 им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,226
    Допаѓања:
    17,752
    Одев од прво оделение па се до бруцош на факултет.
    Ги обожавав часовите по играорна и екскурзиите со друштвото од играорна.
    Нај запамтено ми остана ,,патешествието,, до Турција.
     
    На AnGelgirl24, alba и МиГ 21 им се допаѓа ова.
  10. Malinna

    Malinna Староседелец

    Зачленет на:
    20 јануари 2014
    Мислења:
    48
    Допаѓања:
    41
    Да, и јас сум во КУД Мирче Ацев, следниве неколку години ќе бидам у Прилеп,од Прилеп сум родум ама заради факултето што ќе студирам морам повремно да одам таму да си го средувам станот.Сигурно и ти си од Прилеп?
     
    На AnGelgirl24, MimeQueen и МиГ 21 им се допаѓа ова.

Сподели: