1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Игор Џамабазов

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Hexasto, 20 февруари 2012.

  1. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977


    сериозно??? Малку чудно ми е ....јас мислев на Гол Човек инаку
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    За Гол човек и Прирачник за анти анти алкохоличари рака на срце немам многу негативни коментари, жанрот многу многу не ми се допаѓа ама добро склопени реченици и сѐ си е на место.
    Ама... оваа новата... јас не знам зошто воопшто ја има издадено.
     
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Да го читам Игорче и неговите приказни за таксистот од Зрзе или за влакната на носот на чичко Трпе од Кушкундалево? Не, благодарам. Единствено ми беше малку интересен кога правеше нешто што наликува на стенд-ап комедии. Имам тапа мислење за него. Па и музиката му е штадатипричамбебратеблузерневиџен, успеа да и` стави текст на Хотел Калифорнија. Мислам WOW човече, каков мастерпис.


    Едит: Заборавив бе. Приказните на Игорче кога се криеше со Тијана и со Тонка по малите гратчиња за да уживаат во дрогите и алкохолите (можда и друго нешто, не знам). Плус гратис процесот на стрижење и бричење. Маестрално.
     
  4. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,624
    Комерцијалата почна уште од голиот човек кога ја напиша. Таков бум доживеа. За втората со алкохолот највеќе се продаде бидејќи направи камбек преку себепромоција на Идол со мама Опи. Книгата му е најдобра од сите три. Мјаукедонија не ми се допадна бидејќи по толкавата слава собрана од камбекот, не ја научи грешката колку лесно може да се падне од врвот.

    existence иако во многу погледи се сложувам со твоето мислење, не би идел толку строго кон оноа што тој го промовира. Бидејќи според мене, се` додека не ме тангира лично мене, додека не ми прави лично препреки, не го осудувам. Право на избор на крај на краева.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Saladin

    Не го осудувам јас воопшто. Негов живот негов избор. Само велам дека не би читал такво нешто нити пак би го слушал (ако може да се нарече блуз). Гол човек почнав да ја читам и после 30 страници ја избришав од компјутер. Не би давал ни пари за такво нешто.
     
  6. Мудата Партнерови

    Зачленет на:
    23 јануари 2014
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    4
    Игор Џамбазов е богохулник. Нека не ве лаже неговото творештво и неговите изјави дека помагал по манастири. Тој можеби го прави тоа, но неговиот живот е едно огромно негирање на Господа и животот.
     
  7. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    352
  8. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    Порано ми беше интересен Игор ама во последно време почна да ме нервира доста затоа што се лигави, ми ги отече со тоа книгине, дека живее во Слепче а и фори излитени има кога гостува по емисии.

    Како музичар е доста добар.
     
  9. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,624
    Жити мене нека не вади книги веќе. Ја оплеска со мачката, уште една извади, па сеа се шушка дека пак ќе пишува уште една. Доста му беа двете.
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Нели има три издадени?
     

Сподели: