1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Игор Џамабазов

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Hexasto, 20 февруари 2012.

  1. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,081
    Допаѓања:
    1,630
    Пол:
    Машки
    Какво мислење имате за Игор?..Според мене е еден од најталентираните Македонци некогаш родени.. му се восхитувам ради проживеаните авантури :)

    Што и да се пише, или да се каже за овој човек е малку. Игор Џамбазов е македонски актер, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови, текстописец, а има и обид да влезе во политиката. Роден е на 15 јули1963 во Скопје. На само 12 години започнува со актерството со улогата во филмот кој се базира на истоимената книга "Волшебното самарче" од Ванчо Николевски, а истата година ја оформува и својата прва група ПОП. Досега има снимено многу песни, а го има водено и популарниот квиз „Џандар Збира“. Моментално можеме да го гледаме како водител на квизот „Тркало на Среќата“ на Канал 5.
    Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов е три пати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот - „македонскиот шоумен“.
     
    На Mnogo Bitno, Anakin, parvati и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. ema09

    ema09 Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Цар е чоекот .... !!! :)
     
    На smeker, marjan и parvati им се допаѓа ова.
  3. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    Штета што не остава потомство.
     
    На Хоуп*, Trajche, Selma и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Emily023

    Emily023 Активен Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    245
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    и јас исто, ја имам читано неговата книга прирачник за анти антиалкохоличари и човекот стварно има се видено и многу е талентиран...штета шо нема баш шанса тоа да се види :)
     
    На Hexasto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,081
    Допаѓања:
    1,630
    Пол:
    Машки
    прочитај му ја гол човек уште подобра е :)
     
    На Mnogo Bitno, She и Emily023 им се допаѓа ова.
  6. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,099
    Пол:
    Женски
    Феноменален е, нема што незнае, и во која област не се разбира... браво за него :wavespin
     
    На Emily023, Marrie и Hexasto им се допаѓа ова.
  7. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Машки
    Игор е цар! Најдобриот шоумен во Македонија, а може и пошироко. Што се има преживеано и поминато секоја чест. Најдобро нешто од него е кога на гостувањето во Бугарија кај Слави Трифунов го реметеше во неговата емисија :D
     
    На Selma, Emily023, Marrie и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Avona Vi

    Avona Vi Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    491
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    доста талентиран.. штета што подлегнал на алкохолот некое време.. но сепак цар.. особа која знае да ги цени вистинските работи.. а не она површното.. личност која има доста проживеано, а сепак се држи како господин..
     
    На Hexasto и Emily023 им се допаѓа ова.
  9. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    801
    Пол:
    Женски
    Поголем шоумен ни имало, ни ќе има во нашава ни мила и мала Македонија.
    Какво што знае тој да направи шоу, никој. Се разбира во многу работи, пее, водител, глумец, пишува книги. Со еден збор, Игор е боем.
     
    На Hexasto, Emily023 и Caci им се допаѓа ова.
  10. Би Џеј

    Би Џеј Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Игор Џамбазов is the man, у секоја смисла на зборот. Ја чекаме новата негова книга која нема да биде автобиографска
     
    На Hexasto и Emily023 им се допаѓа ова.

Сподели: