Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ — фестивал што се одржува секоја година во Битола. Главни ѕвезди во овогодинешното издание ќе бидат Хозе Луис Алкасин, Изабел Ипер, Ањес Годар.
Покрај конкуренцијата, дел од Фестивалот и припаѓа на Програмата на краток филм, која нема натпреварувачки карактер и прикажува селекција од најдобрите остварувања на филмската продукција од последните две години. "Студентската Програма Браќа Манаки" е посветена на младите таленти – студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како пропратни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии и изложби
Овој фестивал е и најстариот филмски фестивал во светот.
Мотото на ова издание е ПУШТИ ЈА СВЕТЛИНАТА.