Зошто плавуша е синоним за глупост?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Големо извинување до сите плавуши но навистина е интересно што бојата на косата кај жената останува показател за памет.Велат дека митот за "плавуши"започнал кон крајот на 19 век,во 1868 год.во Њујорк,кога во една театарска претстава играле четири плавуши,оскудно облечени кои ги шокирале тогашните "дежурни"моралисти.Така "Британските плавуши"станале синоним за глупачи,будалести жени,неморални. Некои велат дека од некои извршени анкети или тестирања,најмногу со слаб резултат биле блондинките. Дали знаете нешто друго со што би го потврдиле овој синоним или да го разбиеме митот,и зошто жолтата коса ја викаме плава?
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Големо извинување до сите плавуши но навистина е интересно што бојата на косата кај жената останува показател за памет.Велат дека митот за "плавуши"започнал кон крајот на 19 век,во 1868 год.во Њујорк,кога во една театарска претстава играле четири плавуши,оскудно облечени кои ги шокирале тогашните "дежурни"моралисти.Така "Британските плавуши"станале синоним за глупачи,будалести жени,неморални. Некои велат дека од некои извршени анкети или тестирања,најмногу со слаб резултат биле блондинките. Дали знаете нешто друго со што би го потврдиле овој синоним или да го разбиеме митот,и зошто жолтата коса ја викаме плава?
Не мораш да бидеш плава де .. офарбај се црвена пример и одма ке ти текне зошто се синоним за глупоќа
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зошто ја викаат жолтата коса плава? Затоа што упаљачот го викаат упаљач и новчаникот - новчаник. Немам амбиции да станам четник и србоманијата ми е идиотска категорија но мора да признам дека српско/хрватско/југословенскиот јазик е супериорен во однос на македонскиот, субјективно секако, али шта је ту је, едноставно е полесен за говорни жици, појасно и попрецизно пренесува инфо. Да не испадне дека само македонскиот е инфериорен, исто се однесува и на бугарски, словенечки и слични ужаси...

А зошто плавите се сметани за глупи не знам, сигурно е нов феномен, холивуд ова она, порано во немачка плавочата била издигната на пиедестал како најпожелна карактеристика.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ти плав си се родил,ама имала мајкати врска во породилно и одма те офарбале црн:rofl
Од што сум бил паметен ми пораснале црни влакна а плавите паднале.
Оф топик сме иначе. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Велат дека митот за "плавуши"започнал кон крајот на 19 век,во 1868 год.во Њујорк,кога во една театарска претстава играле четири плавуши,оскудно облечени кои ги шокирале тогашните "дежурни"моралисти.
тука лежи одговорот

театарската претстава во тоа време била најдоброто нешто за забава и релаксација на населението. поголема група ја гледале претставата која имала привлечителна содржина
кај некои гледачи оставила позитивни кај некои негативни мислења но главно и најзабележителни за сите гледачи било глупото однесување на плавушите
подоцна луѓето на шала или на реалност се зезале или навредувале ,,глуп си ко плавуша од претставата,, но со тек на времето новите генерации го слушале тоа што го викале постарите па затоа и они го користеле иако не знаеле што всушност тоа значи затоа што не ја гледале претставата
од генерација на генерација тоа се пренесувало и затоа се вели дека си глуп ко плавуша или плавушите се глупи
за да биде тоа така добро исмеано се направени и вицовите

плавушата го добила тоа значење од америка а ние како балкан многу лесно странското популарно мислење го прифаќаме
порано во некои земји во европа плавушата се сметала за најубава и најнежна жена
тоа дека плавушата е глупа е една голема глупост
погилема е бројката на луѓе со друго бојни коси кои зрачат од глупост
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Holla

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Повеќето глупави плавуши што ги знам, не се природни, туку оние со црна веѓа и бланширана коса. (think)
Јас сум убедена дека на денешно време, митот во живот го одржуваат овие празноглави лепотици што виделе убава русокоса и мислат дека нијансата што ја виделе, на секого (ќе) стои еднакво убаво и нежно. А тоа е неразграничување помеѓу мерак и реална слика, што е симптом. Исто важи и за оној Мира Шкорич подвид со црна, прегорена коса на ленти...мислам дека тие се и најчести избори коси кај овие т.н. старлети, џетсетерки, мачкици и куклици што го одржуваат овој феномен. Има разлика од русокоса и русокоса што е русокоса пошто некој ја излажал дека е позабавен животот кога си фатална и плава и мушкарци то воле. Во 99% случаи, за втората знаеш дека е цигла уште пред да зине.