1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Зошто многу луѓе не веруваат во Библијата како Божји збор?

Дискусија во форумот 'Религија' започната од balerina, 18 април 2014.

  1. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Многу луѓе си мислат дека Библијата е само книга со човечка мудрост. Некои велат дека е историски неточна. Други сметаат дека она што го пишува во неа не е практично и дека е застарено. Што мислите вие???
     
  2. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Затоа што имаат право на тоа.
     
    На Y1K991, Abraxas, BlackTulip и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Мислам дека секој има свое право да одлучи во што да верува.
    Оние аргументи кои ти ги имаш за да ја величаш и да се поклонуваш пред Библијата, некој ги има како контра аргументи.
     
  4. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    Околу 40 мажи ја пишувале Библијата во период од 1.610 години — од 1513 год. пр.н.е до 98 год. од н.е. Некои од нив биле пророци кои ‚ги водел светиот дух‘.Пророците и писателите на Библијата ‚биле водени од светиот дух‘ во таа смисла што Бог ја користел својата сила за да комуницира со нив, да ги мотивира и да им дава водство. Според тоа, тие не ги запишувале своите мисли, туку Божјите. Понекогаш пророците и писателите дури и не го разбирале она што го претскажувале или пишувале (Дан. 12:8, 9). „Целото Писмо е вдахновено од Бог“ и не содржи човечки размислувања (2. Тим. 3:16).

    Во повеќето религиозни книги не се зборува многу за Бог, а во некои од нив тој воопшто и не се спомнува. Само од Библијатаможе да учиме за Бог, и за неговите намери и постапки. Таа ни помага да се запознаеме со неговите прекрасни особини. Од Библијата дознаваме дека Бог е семоќен, мудар, праведен и дека многу нѐ сака. Но, учиме и дека „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35). Еден доказ дека Бог навистина е непристрасен е тоа штоБиблијата им е достапна на речиси сите луѓе. Според лингвистите, денес во светот се зборуваат околу 6.700 јазици, а 90 отсто од светското население зборува на околу 100 од тие јазици. Но, Библијата е преведена — цела или некои нејзини делови — на повеќе од 2.400 јазици! Речиси секој човек во светот може да чита барем дел од неа на својот мајчин јазик.

    Човек никогаш нема да најде лош совет во Библијата. Од друга страна, луѓето не се толку мудри за да даваат совети што секогаш ќе имаат добри резултати (Ерем. 10:23). Тие постојано ги менуваат и ги преправаат кога ќе сфатат дека она што го препорачувале пред тоа не било доволно добро. Библијата со право вели: „Мислите на луѓето... се како здив“ библиските совети за брак, деца, забава, дружење, трудољубивост, чесност и морал, тоа секогаш ќе биде за наше добро.

    Има и други докази дека Библијата е вдахновена од Бог: нејзиниот внатрешен склад, научната точност, исполнетите пророштва, невообичаената искреност на писателите, нејзината моќ да го менува животот на луѓето, Библијата е научно точна. Таа содржи дури и информации што биле далеку пред нејзиното време.Во време кога постоеле погрешни сфаќања во врска со обликот на Земјата, воБиблијата пишувало дека таа е круг, односно топка (Исаија 40:22). Во неа било точно кажано дека Земјата е „обесена на ништо“Освен тоа, Библијата е и историски точна и веродостојна. Нејзините извештаи се детални. Во нив не се наведени само имиња на луѓе туку се дадени и нивните семејни лози.За разлика од световните историчари, кои честопати не ги спомнуваат поразите на својот народ, библиските писатели биле искрени и ги запишале дури и сопствените грешки, како и грешките на својот народ.Таква искреност ретко се сретнува во други историски извештаи, но ја наоѓаме во Библијата затоа што таа е книга од Бог.

    Практични совети за наше време-
    Размисли пред да кажеш нешто. „Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е лек“ (Изреки 12:18).
    Не биди љубоморен од себични причини. „Мирното срце е живот за телото, а љубомората е гнилеж за коските“ (Изреки 14:30).
    Воспитувај си ги децата. „Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари.“ „Дете распуштено ја срамоти мајка си“ (Изреки 22:6; 29:15).
    Простувај. Исус рекол: „Среќни се милосрдните, зашто ќе им биде покажано милосрдие“ (Матеј 5:7). Мудриот цар Соломон напишал: „Љубовта ги покрива сите престапи“ (Изреки 10:12). Ако некој толку многу ти згреши што не можеш да простиш и да преминеш преку тоа, Библијата советува: „Оди и насамо укажи му на неговиот престап“ (Матеј 18:15).
    Немој да ги сакаш парите. „Љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои... си нанесоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:10). Забележи декаБиблијата ја осудува „љубовта кон парите“, а не парите.

    Мудроста изразена во Библијата има моќ да го обликува нашето размислување, ни помага да ги решаваме проблемите, го подобрува квалитетот на нашиот живот и нѐ опремува со вештини да излеземе на крај со ситуациите кои не можеме да ги промениме. Што е најважно, Библијата ни овозможува да го запознаеме и да го љубиме Бог.

    ИсусХристос дал исправен пример со тоа што ги темелел своите учења на Божјата реч. Кога во една прилика му се молел на својот небесен Татко, тој рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Исус верувал во Божјата реч, и сѐ што поучувал било во склад со Писмото. Тој честопати велел: „Напишано е“, а потоа цитирал некој стих (Матеј 4:4, 7, 10). Исто како Исус, Божјите слуги денес не ги поучуваат другите за свои лични идеи. Тие веруваат дека Библијата е Божја реч и своите учења ги темелат само на она што го вели таа.
     
    #4 balerina, 19 април 2014
    Последна промена од модератор: 19 април 2014
    На Marijaaa, Pica pica, Coci8 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Извини на прашањево, ама ти од овие нововерциве да не си? :D
     
    На Outrider и МалиСашко им се допаѓа ова.
  6. МалиСашко

    МалиСашко Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јануари 2014
    Мислења:
    466
    Допаѓања:
    347
    Дали само имате претстава колку е изобличена низ времето и низ преводите? А вистинската верзија, којзнае, некаде е кај масоните...
    Само колку различно ќе се протумачат скриените пораки и цитати на англиски и на македонски...
    Таа поминала низ среден век, време кога црквата смеела без никаква контрола да изврши промена на се што посакувала....
    Само замислете дека се потребни 2 букви за потполно да се обезличи суштината на една реченица. Замислете дека можеби цело време се провлекуваат грешки од такви букви кои ја прават да изгледа недоверлива!

    И сега, нели ќе ти биде конфузно да читаш преправено четиво според потребите низ вековите...

    Со времето планини се сменија, а не пак книга кој сигурно била под 1000 притисоци и влијанија...
     
  7. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    Одговорот е едноставен и нема потреба од филозофирање. Ја напишал човек. Сите знаеме каков е човечкиот дух и какви биле нашите размислувања во тоа време.
     
  8. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    го рзбирам вашето размислуванје но ако е божја реч зар бог би го дозволил тоа? Кога до ден денес за соцувал од многуте сто сакале да ја уништат библијата,таа е негова и преку неговиот свети дух мозе да влијаае на многумина да пак биде по бошја волја.
     
    На МалиСашко му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    ^ Не е божја реч, туку е човечка реч. Доколку би била божја реч зарем би дозволил човек да ја пишува? Целата вистина е, луѓето во тоа време имале многу необјаснети работи и единствен начин на кој можеле да ги објаснат е преку некое битие со натприродна моќ. Точно е дека за многумина има добро влијание, но човештвото е дојдено до тој степен на свест каде што не се потребни вакви измислени приказни за да знаеме дека треба да правиме добро. Господ и неговата РЕЧ ја губат репутацијата кај човештвото веќе неколку децении па види до каде стаса светот, се помалку војни и се поголема свест. И ако гледаме статистички, повеќе војни се воделе околу религија одколку за било која друга причина. Trust me, we are totally fine without made up stories about god, we are rocking this world.
     
  10. balerina

    balerina Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2014
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    96
    Не не сум нооверка, ова јас што го проповедам не е нешто ново, тоа и исус го проповедал за бог, за божјето царство,и за многу други работи, ние само ги следиме стапките негови,
     

Сподели: