Зошто луѓето се менуваат?

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Се променуваат како не. Може нешто спонтатно во живот што ке му излезе а тоа никогаш не го осетил, почувствувал или правел досега и го демантирало и башка што и да е, се менува си се прилагодува на другото нешто како што кажав што го израдувало, му дава повеќе можност за понатаму, така ке биде подобро. Болката, парите, и технологијата се другите ситни нешта што ги мењаат лугето.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Секоја животна ситуација и искуство те менува некако...растеш се развиваш...се фрустрираш , идеализираш...рационализираш...ама тоа шо си е внатре inner nature е стално присутно ..интересна ми е онаа приказна со двата волци во нас...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ова “променуваат“ ми боде очи. Само “менуваат“ не ќе да е поарно? :rolleyes:
Он: Многу зависи од ситуацијата, како и од самата индивидуа, но бесмислено е да не се менуваме со секоја лошо искусена лекција на своја кожа. Ако ништо друго, барем ги учиме тие лекции, без разлика дали го применуваме наученото или не.
Сепак, волкот само влакното го менува, не? Така ја гледам и промената кај луѓето. Не длабинска, но сепак видлива за околината. Промена не може да дојде одендаш од корен, ако до вчера сме биле нејзината тотална спротивност, но се манифестира ко таква пред останатите поради научените лекции, а со тек на време преминува во навика, што сепак не секогаш значи дека нашите размислувања околу нештото се смениле, туку се смениле само околностите поради кои сме го смениле пристапот кон истото. Замрсена работа е човековата психа, дај и’ моќ и ќе те изненади. Чист пример се парите. Дај му некому поголема сума и веднаш си ги крева акциите. Не значи дека се сменил преку ноќ, тој може секогаш бил таков, само што околностите сега му се во полза и му даваат слобода која ја немал додека бил безгласна буква.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and slb_bobo

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Никој не се менува од корен,но некои менуваат одредени особини и навики за се усогласат со одредено нешто,било тоа човек,дејство,се разбира ако од тоа имаат корист. Човекот е многу користољубиво суштество по природа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
луѓето се променуваат секој ден по малку.. ситуациите не се повторуваат, ни чуствата, секоја минута е искуство, секое искуство различно се реплицира на личноста, и она што навидум е неважно остава белег..
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Едноставно се секоја една минута ние сме веќе поинаква личност, тоа не значи дека не сме константни и дека сме "лабави" личности...тоа значи дека за една минута во нашата глава поминуваат 1000 мисли и се менуваат многу чувства.самата наша внатрешна состојба, не прави она што сме, се чуствуваме различно-различни сме.
не изнесуваме некои енормни промени, нели волкот влакното си го менува,а ам табиетот не, но сепак секоја една ситуација од нашето опкружување, секоја една личност може да не натера и да не направи да бидеме поинакви, да се прилагодиме спрема неа/него.
А ако гледаме од друг аспект, ние сме ние, и сега и после 1 мин и после 1 ден, и после 1година...да, променети ни се навиките, размислувањата, однесувањето...но во суштина ние сме тие, само времето што си тече...
Убаво баба ми вика, филмот е ист само улогите се менуваат : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Како што се менува текот на една река,
како што се менува времето,
како што се менува интензитетот на сонцето,
светлината/формата на месечината,
положбата на земјата,
така се менува и човекот.
Менувањето на нештата значи живот.
Значи дека постоиме и ја имаме способноста да се приспособиме на ситуациите,луѓето околу нас,местата кои доаѓаат и одат.
Ако не би се менувале тоа би значело дека не се развиваме.
Сме застанале на едно место и не мрдаме.
Менувањето е раснење за мене.
Внатрешно.
Спознавање на себеси.
Учење од грешките, правење нови.
Промените на самите нас(случајни или намерни)
не прават да бидеме она што сме во моментот.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Од навика секој може да се откаже...но карактер...хм...
НЕ!И цврсто стојам зад тоа...можеби моментално привидно...се за некоја цел....кога ќе се постигне..пак се по старо полека полека...
Она што ти е во крвта останува во неа....
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Луѓето се менуваат поради искуствата кои ги научиле. Нормално е тоа, мора низ секојдневниот живот да се надоградуваме себеси со нови навики, нови планови нови ставови..... Она што се менува е всушност површината на човечкиот карактер. Длабоко во психата сите остануваме исти. Можеш да ја смениш фасадата на една куќа, но никогаш и темелите.
Се согласувам...Секој човек се менува...но не многу, прилагодливо за да функционира со сите останати...
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
средината во која живее и луѓето со кои е опкружен го менуваат човекот-но не во целост
менуваат само некои навики и особини во карактерот-трпеливоста,истрајноста,социјализацијата
но сепак некој кој е предодреден да биде таков уште од раѓање таков и ќе остане,мали промени да но никогаш во целост:)