Зошто е добро да се правиш noob за компјутери?

Bloody Jesus

Нов член
28 февруари 2012
17
14
3
Keyboard.png

Вакви случки сигурен сум дека на многу од вас ви се имаат случено, пошто 21 век сме, ние младината поискусни со технологијата знаеме повеќе од другите.​
На денешницава компјутер пред себе има скоро секој: баби, дедовци, стрини и се што е над 50 и кусур години, сепак треба и тие да се софистицираат, доста беше читање весник пред трафика, сега си читаат весник на компјутер или мобилен. Нормално како и со секоја технологија се дешаваат кварови, нешто не работи се расипало. И тука за да не се потроши некој денар за да се однесе на сервис идат помладите како поискусни во тоа поле. И да не должиме многу, случкава иде вака:​
Ти се јавува некој од постарите роднини другар бивш комшија и те поканува на кафе да се видите и покрај тоа што немаш слушнато од нив долги години. Во прв момент ти иде чудно али сепак се облекуваш и идеш кај него, седите пиете кафе и во еден момент онака „случајно“ му текнува: „Еј, абе компјутерот нешто не ми се вклучува, ќе сакаш ли да го ѕирнеш на 5 мин, ти се разбираш многу“ и у наредните 5 мин те уценува у стилот „па долго време се знаеме, сме си помогнале и во добро и во лошо … али ако не можеш ќе те разберам“ со други зборови напрај ми го компјутерот или никогаш во живот нема да ти проговорам. И ти фатен во тесно се решаваш да му помогнеш и се пикаш под биро-то кај што стои куќиштето и у старт налетуваш на пајажини доволно дебели за да се обесиш на нив, пајаците гимнастика вежбаат, прашина 2 прста врз куќиштето и позади тебе слушаш „извини за нередот, компјутерот ми е од 2001, го земав кога се вратив од војната од тогаш тој ќош усисивач нема видено и плус мачорот за инат ми моча таму, никако да го одвикнам“, а ти гледаш почнало флора и фауна да се создава позади и си помислуваш „како не дојдов овде у 5-то одделение, ќе соберев материјал за хербариум и инсектариум“. Го средуваш и во истиот момент ти стануваш експерт за компјутери.​
Се исправуваш, чишстиш прашината од тебе и кога помислуваш дека најлошото е поминато ти вели „па кога си веќе тука, ќе сакаш ли да провериш зашто толку бавно ми работи и дали ќе можеш да го убрзаш малце, тој Гејтс е крив оти ми е бавен компјутерот“. Го палиш компјутерот, чекаш 10 мин да ти се појави се што треба и прочачкуваш низ него .. има шо да видиш 20 гига порно и тоа античко, на времето Џена Џејмсон кога немаше силикони, од кога е купен ниеден програм нема избришано и се што се нашло на интернет се симнало .. а се чуди зошто бавно му работи. Му бришеш едно порно од 5 гига, бришеш неколку програмчиња и го „убрзуваш“ како нов. Му кажуваш и одма ти „закачува“ медал на гради за гениј за компјутери. Од овој момент па натаму започнува твојот кошмар.​
Си идеш дома и после неколку дена само што си помислил дека најлошото поминало, ѕвони телефон и погоди кој е ? Слушаш од другата страна „најдов едно нешто на интернет sexy_striper_screensaver.exe и нормално го инсталирав, беше премногу добро да се пропушти и од кога го инсталирав цело време ми се појавува едно прозорче за бесплатни порничи и јас си симнувам од таму, дојди среди ми го компјутерот, ама тие не смееш да ми ги избришеш“. И така изнервиран идеш форматираш на брза рака ставаш неколку програмчиња (плеерчиња, фотошоп и слично) и си одиш дома.Набрзо потоа ти стануваш личен дилер на бесплатни песни, програми и филмови.​
Не дај боже од некаде да ти дознае маил адреса или фејсбук. Стануваш на сабајле и читаш маил: „пробав на фотошоп да направам една слика од мачорот, сакам да има ….(листа од миљон работи што сака да и ги направи на сликата), еве ти ја сликата направи ми ја до вечер и прати ми ја обавезно, знам дека тебе ти е лесно, за 5 мин ќе ја направиш, сепак блиски сме“. Приметувате како ова „блиски сме“ се повторува … ова се вика уцена !​
Порано или подоцна ќе побара да му направиш веб страна: „горе насловот ќе го направиш анимиран да биде, да се мрда по малце, а тоа за да влезеш на страната ќе го направиш со планемчиња да биде и да бега низ екранот, за да мораш да го стасаш со курсорот за да го кликнеш, за ова можам да ти платам, али пошто сме блиски мислам дека нема да ти биде проблем, ќе ми ја направиш за беспари нели ? блиски сме …“. Во тој момент си помислуваш „у курац више, кај се нафатив да ти дојдам на кафе, кај се запустив .. али од друга страна, полошо од ова не може да биде“. Не може ? Се лажеш … Со самото тоа што ти се разбираш у компјутери, значи дека се разбираш у било каква технологија.​
Добиваш повик у 12 саат навечер: „абе мачорот ми го изеде далечинското, кога ќе ги посере деловите, ќе сакаш ли да ги составиш ? тебе лесно ти е тоа, се разбираш … се надевам дека ќе сакаш, ние сме блиски“. Пробуваш да му објасниш дека не можеш, не те бива толку за електроника, со надеж дека ќе се откачиш и како гром од ведро небо ти пука прашање: „аха епа чим така ќе сакаш ли утре од сабајле да дојдеш кај мене на куќа ќе го реновирам покривот, ми треба некој шо знае да реди керамиди“ …​
Понатаму мислам дека нема целисходност да пишувам, пошто на поголем дел од вас ви се има случено вакво нешто. Не искористуваат за се, како поттрчковци сме, кога ќе им текне нив тогаш треба да отидеме да поправиме … мислат дека сме магионирачи и со магичново стапче ќе го направам. Наместо да се јави во сервис и да му го направат за одредена сума, не искористуваат за беспари и дури ни едно кафе нема да им текне да частат, али за жал таа е суровата вистина и затоа нареден пат кога ќе ве праша некој дали се разбирате од компјутери преправајте се дека сте морон .. ќе ве спаси од мноогу лоши ситуации.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alekjov1234

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
жива истина ова,го читав однекаде пред некој ден ... највише се нервирам кога ме викаат комшии да инсталирам игри чоече или да ја симнам претходно истата...се дешава и да форматирам комп али ако ми кога неможам да одбијам никој xD