Зоната на тишината (Zone of silence)

girly girl

Староседелец
21 март 2012
34
29
1,018
28
Storybrooke,Maine
Ова чудно место со неверојатно широко и силно магнетно поле, се наоѓа на границата на три мексикански држави: Дуранго, Чивава и Коауила. Најблиску до пустината е градот Себалос, односно на растојание од околу 50 километри. Меѓу другото, на иста географска широчина се наоѓаат Бермудскиот триаголник, египетските пирамиди, будистичките храмови во Тибет, а според некои научници, длабоко под водата спие и таинствената Атлантида. Метеорските дождови се секојдневие, а поради ултравиолетовото зрачење може да наидете на двоглави гуштери, малформирани пустински желки и отровни змии, кои ги има во изобилие. Можат да се видат дури и пурпурни кактуси. Очевидци тврдат дека во зоната на тишината од небото паѓаат метеорити, кои содржат древни кристали, постари и од самиот сончев систем. Пронајден е метеорит со кристална структура, кој е седум милијарди години постар од сончевиот систем.
Изненадувачки е тоа што луѓето ја населувале долината уште од праисторијата, градејќи мали населени места околу малкуте оази. Уште во древните текстови се опишани бројни случаи на паѓање жешки камења и ѕвездиод небото, но внимание на сето тоа се обрнува дури во 30-тите години на 20-от век, кога пилотот Франциско Сарабиjа прелетувал над областа. Во тој момент, радиото престанало да свири, а инструментите во авионот почнале неконтролирано да работат… Областа станува извор и на други проблеми, кога во 70-тите години Американците ги истрелуваат првите ракети „Атина“, кои драстично го менуваат курсот, се упатуваат кон мексиканската пустина и се забиваат во песокот.
Жителите тврдат и дека чести посетители на ова место се НЛО. Д-р Сантјаго Гарсија кој го посветил својот живот на проучувањето на „Зоната на тишината“, претпоставува дека светлечките чинии се всушност роботи-разузнавачи кои тука ги тестира американската војска. Постои мислење дека во оваа област има огромни резерви на железна руда и дека таа е причина за потиснување на електромагнетните бранови. Докажано е и дека планинските карпи околу пустината, содржат значително количество ураниум. За да го проучуваат мистериозното место, неговите необични форми на живот и паранормални феномени, Мексиканците изградиле цело научно гратче со лабораторија…

Најдов и документарец
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi and parvati

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
интересна тема
ме интересираат мистерии :)
оваа не сум ја знаел го гледам домунетарецов и има доста интересни факти
се слагам со магнетното поле
а дека има вонземјани тоа никој не го знае не го негирам ама дека сега има....мислам дека не
ради тоа шо има голема технологија и мислам дека ке биде откриено
можеби имало порано живот во ова поле и биле поврзани со египјаните како шо сватив според документарецот :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Обожаам мистерие и паранормални стфари, особено ме напали муабет сс пурпурни кактуси, мислу дека се викаф пејоте кактуси
..али мрзу тишину : )
ипак сакам да посету такфи места, да осету на сфоју кожу нешто несекојдневно, пјур плежр,анфоргиввв'бллл
да прау ритуали сс стари шамани, едноставно да избегам од реалан сфет