За подфорумот

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Со цел да се развие поубава, квалитетна дискусија во подфорумот Психологија, сметам дека еден мал водич/правилник, би бил доста корисен.

Психологијата е фокусирана на човековиот ум, но не секоја тема од типот „Што мислите за...“ спаѓа овде само поради тоа што вклучува размислување.
Поради тоа, околу 20ина теми беа префрлени во соодветните подфоруми.
Како и да е, не е страшно, па доколку се двоумите каде да ја отворите темата, или сметате дека треба да биде префрлена некаде, слободно консултирајте се со соодветниот модератор навремено, и така на многу лесен начин ќе придонесете во организираноста на (под)форумот.

Секој член е добредојден да отвора теми и да реплицира во темите кои го интересираат.
Но, во име на поквалитетна дискусија, пожелно е да се применуваат следниве мали правила/совети:

При отварање нова тема, задолжителен е барем краток вовед во темата, кој ќе ја објасни и долови поентата на авторот, а со самото тоа ќе даде и насока во која истата треба да се развива.
Пример како не треба да изгледа една тема:
Наслов - Психологија
Што мислите вие за психологијата и психолозите?
Крај на темата.

Доколку темата е копирана (поттикната) од статија, пожелно е да се наведе изворот и задолжително да се даде лично мислење на авторот околу истата.
Избегнувајте одговори од типот „да/не/не знам“ или пак „и јас мислам исто/се сложувам“ итн, за тоа постои опцијата „Ми се допаѓа“.
Користете македонски јазик и кирилично писмо.
Дискутирајте опуштено, но држете се до правилата, а доколку сметате дека некој ги прекршил истите со оф топик, навреди, или било каква друга непристојна содржина, пријавете го мислењето и наведете причина. Истото ќе биде разгледано и по потреба соодветно санкционирано и/или казнето.
Правете разлика помеѓу опуштена дискусија со хумористични елементи и муабети со цел да навредат некого. Сепак овде има доста сензитивни теми на кои треба да се внимава со пристапот.
При бришење на сопствено мислење, наведете ја причината за тоа.
Користете го копчето „Измени“ наместо да пишувате две или повеќе последователни мислења во краток временски рок.

Доколку имате било какви прашања, проблеми и/или недоразбирања поврзани со темите од подфорумот, обратете се кај соодветниот модератор или админите по порака или на профил.

Тоа би било тоа. Верувам дека нема да е тешко да допринесеме за пријатна и квалитетна дискусија со почитување на горенаведените потточки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.