1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Заштита на интернет

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од важна, 17 февруари 2012.

  1. важна

    важна Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    552
    Допаѓања:
    694
    За заштитата на интернет се дискутира многу, а повеќе се дискутира отколку што се практикува. Добро е да знаете како да се заштититe, иако никој неможе да биде 100% заштитен на интернет.

    Што ви е потребно за да се заштитите?

    Основна интернет заштита:

    1. Антивирус
    Многу луѓе го занемаруваат антивирусот поради неинформираност, незаинтересираност или пак премногу доверба во себе. Но сепак антивирусот игра многу важна улога во заштитата на компјутерот.
    Не си го поставувајте веднаш прашањето кој антивирус е најдобар. Антивирусот е онолку добар колку што е добар неговиот корисник. Ако вие ги занемарувате неговите известувања, во тој случај попусто ќе го инсталирате. Факт е дека многу малициозни содржини можат да се провлечат незабележани од антивирусот, но затоа ќе употребите дополнителна заштита.

    2. Firewall (огнен sид)
    Не чекајте да почнат проблемите за да инсталирате огнен sид, направете го тоа веднаш. Што значи firewall и каква функција врши? Тоа наједноставно може да се објасни со следнава слика:

    [​IMG]

    Firewall е уред чија функција е да оневозможи влегување во вашата мрежа и пренос на информации без ваша дозвола.

    3. Додатни безбедносни софтвери

    Неможе да се посочи најдобар додатен безбедносен софтвер, но јас ги користам malwarebytes и hitman pro и засега добро си ја вршат својата работа. Се чувствувам побезбедно на интернет откако ги инсталирав.

    Додатна интернет заштита:

    1. Добра лозинка

    За лозинка не е паметно да го ставите датумот на раѓање, родното место, името на вашето милениче итн и покрај тоа што лесно се паметат. Најдобра лозинка е онаа која содржи минимум 12 карактери и е составена од измешани букви, бројки и знаци.

    2. Внимателност на интернет

    Како што реков, иако неможете 100% да се заштитите на интернет, сепак можете многу да влијаете на тоа. Не прифаќајте фајлови од лица во кои немате доверба, не симнувајте сомнителни фајлови и најважното: Немојте да се лажете со лажните апликации што ги нудат фејсбук страниците од типот: "симни апликација и дознај кој ти го гледа профилот". Тие всушност и не се апликации туку вируси/кејлогери кои се инсталираат во вашиот компјутер (вие ги инсталирате со тоа што ги прифаќате/симнувате) и крадат се што вие пишувате на тастатурата и потоа вирусот/кејлогерот тие информации ги препраќа до креаторот на вирусот/кејлогерот.
    Потоа, не се логирајте на страници кои што содржат поинаков линк во адрес барот бидејќи тоа значи дека сакаат да ве наседнат со фишер. Фишер во буквален превод на македонски значи рибарење и креаторот на фишерот има за цел да го украде вашиот пасворд. Кога вие ќе се логирате на лажната страница која навидум изгледа исто како и оригиналот, вашиот пасворд ќе се испрати до креаторот на фишерот.

    Добро е да се тестирате овде за тоа колку можете да препознаете фишер. Тестот иако е стар, многу е корисен. Ако не знаете сепак не се откажувајте, направете го тестот до крај и видете го резултатот, па проверете каде сте згрешиле (има детално објаснување за тоа како да препознаете фишер).
    Еве го мојот резултат:

    [​IMG]

    Од вас зависи дали ќе бидете заштитени или не :)
     
    На КрисТина К., Maks, Abe CreP и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ice_Man

    Ice_Man Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    439
    Допаѓања:
    236
    досега само еднаш имав проблем .... едно 2-3 месеца немав антивирус ,заборавав да инстал. па почна да ми однемува простор на ХДД,,, ја бришам оно пак исто ... напраив скен и се си дојде на место :D
     
  3. Maloto

    Maloto Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    31
    Допаѓања:
    5
    наједноставно ... use Linux, its for human beings :)
     
    На 990Freak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. важна

    важна Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    552
    Допаѓања:
    694
    Се лажеш ако мислиш дека нема вируси за линукс :)
     
    На alekjov1234, Kiko* и emzzy им се допаѓа ова.
  5. Coyote

    Coyote Истакнат Член

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    37
    Темата е супер ! :)
    Си ги заборавила KeyScrambler и SandBoxie. ;)
     
    На важна му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    добар антивирус? ЕСЕТ-ов не ме бендисува.....имам фобија од него .) ако го пуштам да скенира ми бриши фајлови
     
  7. Ace_18

    Ace_18 Нов член

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    12
    најдобра интернет заштита е ова xD

    [​IMG]
     

Сподели: