Засраменост

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Мислам дека нема ваква тема.

Муабетот ми е следен. Од каде потекнува нашето чувство на срам?
Срам ми е да им кажам на пријателите дека...
Срам ми е да одам на тоа место затоа што...
Срам ми е да дишам затоа што...
Срам ми е, срам ми е, срам ми е....
Ама зошто?
Која е причината?
Не мислите дека срамот секогаш потекнува од она чувство кога самите себе не си прифаќаме некој дел од себе, некоја мисла, нешто, нешто?
Не верувам дека тоа чувство е во нашиот ИД. Не може да биде. Ако било во нашиот ИД, тогаш на козата ќе ѝ било срам да си игра со храната низ уста до бескрај. Ако било во нашиот ИД, тогаш мачките не би имале односи на тераса кај мене во моментов.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Срам ми е да кажам дека сум направил нешто затоа што на другите не сум се претставил како таква личност, а човекот е суштество кое што го вреднува мислењето на комуната, а комуната има норми и правила на функционирање и со тоа ќе наидам на осудување кај комуната и ќе треба на секој еден да давам образложение зошто сум направил нешто.
Отприлика така некако.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and MoonFairy

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мене син ми ме праша пред некој ден, зошто е срамота да оди гол кога е толку топло. Сметаше дека нема ништо срамно во тоа гол да се шета на овие горештини. Му објаснував за тоа дека луѓето ке реагираат на неговата голотија и дека ке го избегаваат ако се шета гол, дека ке му се смеат... ме болеше душата што тоа му го зборам. Не му беше јасно зошто е тоа така и велеше дека луѓето полуделе, ме убедуваше дека тој е во право и за пример ги даваше мачињата кои ги чуваме.
Го прашав што ке биде ако јас се шетам гола, дали тоа ке биде во ред? Ми рече дека ке биде во ред, ама ако сум дома, бидејки и самата сум кажала дека надвор ке ми се смеат и ке мислат дека не сум нормална.
Не знаев како да продолжам со муабетот. Се договоривме дека дома може да си оди на гакички (изговор беше хигиената), а за надвор да се облекува за да не остава лош впечаток на лугето (тоа ретко се почитува, најчесто е на гакички и надвор) .
Искрено мене не ми е гајле каков впечаток тој ке им остави на другите, ама кога ке се случи такво нешто сите си земаат за право да ми солат памет. Се трудам само да избегнам такви ситуации.
Од друга страна пак... јас многу се срамам. Понекогаш мислам дека мојата анксиозност има врска со тоа што сум претерано срамежлива. Не ми е важно многу што мислат останатите, незнам зошто е така... Можеби има врска со воспитувањето. Мене ме учеа дека срамота е да бидеш тоа што си, дека секогаш треба да земам некаква улога според ситуацијата, а верувам дека сите сме на тој начин воспитувани. Дома пред родителите не смееш да зборуваш сешто и да правиш нешта кои не би требало да ги правиш пред нив. Нема простор за искреност и спонтаност. На училиште други правила, на улица трети, во црква четврти и така натаму.
Најверојатно се срамиме кога сме свесни дека не ја играме улогата како што треба или не сме сигурни која улога треба да ја одиграме.
Гласовите на нашите авторитети постојано ни зујат во мозокот... така сме програмирани уште од мали... затоа.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Чувството на срам се јавува обично кога ќе направиш нешто негативно што вообичаено не би го направил. Детето не знае за срам затоа што се уште нема воспоставени патерни на однесување, тоа се уште го испитува и изучува светот околу него. Тоа се уште се раководи од внатрешниот инстинкт, ако му е топло за него најприродна работа е да се соблече, зошто би си го измачувало организмот? :) Ние возразните сме навикнати да ги контролираме инстинктите и наместо да го правиме она што ни се прави, го правиме она што околината од нас го очекува. @malo, мое мислење е ти да најдеш поинаков пример од „што ќе речат луѓето“. Сите ние сме жртви на „што ќе речат луѓето“. Можеш на пример да му кажеш дека сонцето може да биде штетно за здравјето кога е многу топло надвор и облеката го штити да не се разболи.
 
Последна промена:

Сонцето нема да го изгори ако се намачка со крема. Што значи, доколку @malo ја употреби таа реченица, почнува да го воспитува своето дете со лажење. Тоа не е правилно.
Толку многу сме опсипани со норми... што навистина забораваме дека строгото почитување на истите, многумина ги довеле во состојба на избезуменост, и благодарение на тоа, отворени се тие центри за хоспитализација(Бардовци, Демир Хисар).
Проблемот што мало го има со синчето. Јас го имам со ќерка ми. Само што ќерка ми го прави она што го прави татко ѝ. Мене ми е жешко и во двор излагам само по шорц. Таа го прави истото. Мене ми доаѓа на ум дека нема да може уште некоја година тоа да го прави. Сакав да ѝ објаснам. Таа ме сфати од типот„сега си мала, можеш, после ќе бидеш голема, нема да можеш“. Ми рече „па и ти си голем и одиш гол“. Како да ѝ објаснам дека можеби, да се родела во некое индијанско племе, и ќе можела да се спаси од горештината одејќи гола нагоре, ама тука, нема да може. Не знаев како. Ама сѐ уште е мала, можев да ѝ го свртам муабетот. Кога ќе порасне... ќе инсистира на одговор кој не сакам да ѝ го дадам. Не сакам да ја учам ќерка ми дека треба да прифати да има помалку дозволи од оние што ќе ги има нејзиниот брат само затоа што е женско, и срамота е да прави некои работи.
Малку ја отеравме на друг правец темата, ама во ред.
Она што сакав да го постигнам е следното: што би требало да се случи, за ова чувство(според мене негативно) да исчезне од планетава?
Да се прифатиме себе си?
Да ти прифатиме другите онакви какви што се?
Да пробаме да ја гледаме вистината во очи?
Да не се обидуваме толку силно да ја оспориме нашата природа?
Сѐ што кажав погоре, и на кое што ставив прашалник, замислете дека стои точка запирка.
Набројување беше, и тоа е она што мислам дека треба да се случи за светов да го искорени тоа чувство.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Сонцето нема да го изгори ако се намачка со крема. Што значи, доколку @malo ја употреби таа реченица, почнува да го воспитува своето дете со лажење. Тоа не е правилно.
Во ред.
И кажа на ќерка ти дека не постои Дедо Мраз?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Во ред.
И кажа на ќерка ти дека не постои Дедо Мраз?
:) Кога веќе бараш искреност. Не ни ѝ зборувам дека постои Дедо Мраз. Кога гледаме такви филмови, ѝ кажувам дека сите татковци се Дедо Мразовци. И син ми го знае тоа.
Не треба да создаваме мали идиоти, сликајќи им хармоничен свет. Потоа тие идиоти да се обидеме да ги направиме луѓе.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Ахам... во ред.

Кога те прашува како дошла на светов, и ја објаснуваш постапката? Дека мене штркот ме донесе па пак пораснав здрав и прав. Сега сум малку збунет од твоево резонирање. И читаш на ќерка ти пред спиење приказни за самовили, или и кажуваш отворено дека такви работи не постојат и дека тоа се глупости? Кога ќе те праша како настанал светот и објаснуваш за сингуларитетот?

Друга работа за постот погоре: ако излезе на сонце може да изгори. Тоа не е никаква лага. Да, може да се заштити со крема, може да се заштити со чадор за сонце, а може дури и да се заштити со облека. Тоа каква заштита ќе примени не го менува фактот дека може да изгори гола на сонце.

Но тоа нема врска затоа што на децата им се објаснува она што им е потребно да го знаат во дадениот момент. Со време тие ќе си научат се што треба да знаат. Но ако се плашиш дека детето ќе го направиш "идиот", тогаш седни и разбиј му ги сите илузии и детски фантазии и види што ќе се случи. Немој да и сликаш хармоничен свет, насликај и реален свет, пушти и документарци нека види војни, страдања, убивања... така ќе стане вистинска личност.

Така?
 
Не, не ме прашала како дошла на свет. Кога ќе ме праша, ќе кажам дека дошла од љубовта на мама и тато. Нема да ѝ речам дека ја донел штркот.
Самовилите ни се веќе разјаснета тема. Знаеме дека самовилата секој си ја гледа како што сака да ја види. Знаеме дека самовилата во Пепелашка е нејзината мајка, оти мајката никогаш не си ја остава ќерката во важни моменти, дури и да не е присутна, ќе биде во мислите.

Да, ако излезе на сонце може да изгори. Ако излезе облечена по маичка со кратки ракави може да излезе на рацете исто како што може да изгори на грбот. Можам да ѝ го кажам тоа, ама нема да ѝ забранам да се шета без маичка во двор, бидејќи јас умирам на жештинава со платно на мене... зошто да ѝ забранам да си направи да ѝ биде убаво на душичката? Како и да е, нема да изгори. Седи со мене, на трева, под летниковец... од никаде не ја пече сонце.

Јас не реков дека детето ќе си го трупам со приказни за војни, ама нема да му кажам дека го донел штрк. Ниту пак ќе чекам да се сврти за да ја гушнам и бакнам мајка му. Ако ме праша што е смрт, ќе му кажам. Кога ме праша зошто не му давам да игра со пиштол, му кажав.