Закон на атракција

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Нема ама апсолутно ништо, но јас не коментирам(во тој коментар) за темата туку го коментирам коментарот на мојот коментар. :)
А ако не се лажам темата е во врска со еден документарец што го гледав неодамна "Secret". А јас се потрудив во мојот прв коментар да дадам друга перспектива на темава. Перспектива оформена преку евулуцијата, математиката и логиката и пред се одговор на поставените прашања.
Па не само тој, има уште еден куп како него.
 

Saturnia

Нов член
31 август 2012
27
24
3
Законот за атракција не се однесува само на пронаоѓање на сродната душа. Тој се однесува на се!
Буквално на се! Дознав за ова и се просветлив пред година дена и одтогаш многу работи ми станаа јасни.
И уште толку повеќе желби ми се остварија. Се изненадив кога увидов дека начинот на кој што делува веќе сум го применувала, несвесно без да знам. Законот на атракција (иако малце спротивно од физичките закони) би го дефинирала како: позитивата привлекува позитива и обратно негативата- негатива. Среќата сами си ја креираме и дефинитвно има големо влијание на тоа како гледаме на одредени работи. Најбитно е сите да научиме дека нема негативни работи во нашите животи, во се има нешто позитивно и кога ќе научиме да го гледаме позитивното, стануваме помудри, а на среќата ќе и нема крај.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Закон на атракција е универзален закон кој може да ви помогне да ја најдете вашата сродна душа (soul mate). Законот вели дека ве привлекуваат оние луѓе, настани и искуства кои се во сродност на вашата состојба. На пример, доколку се фокусирате кон љубов и дружење, ќе привлечете повеќе од тоа во вашиот живот. Позитивни и инегативни мисли носат позитивни и негативни настани соодветно.
Едноставно кажано за да добиете љубов од другите треба да покажете љубов, а истовремено и да ја имате во себе. А тоа едноставно се постигнува со тоа што ќе се сакате себеси прво.

- Дали сметате дека законот е магнет за привлекување исти или слични луѓе со размислувања и вкусови на нашите?
- Дали со примена на законот можно е менување на таргет група на луѓе кои ги привлекуваме?
- Дали сметате дека личната среќа не зависи од тоа што ни се случува, туку од тоа како ги доживуваме и прифаќаме работите?

Си го гледала The Secret? Мене ми е филмче на столетието! Што би му дошло дека одговорите на сите прашања се ДА!
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Слепо верувам во законот на атракција. Одамна се имам запознаено со истиот.. но дури сега почнувам да го употребувам т.е. да го сметам за мој начин на живот.
Верувам дека сето она што ни се случило - било свесно или несвесно привлечено со нашите мисли.
Секој човек го привлекува она за што размислува.
Мислите се магнет и имаат своја фрекфенција. Ние, нашите мисли ги испраќаме во Космосот а со самото тоа се привлекуваат слични работи на иста фрекфенција со нашите мисли - во облик на животни искуства. :)