1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Заебавање по телефон

Дискусија во форумот 'Хумор' започната од Selma, 31 јули 2012.

  1. Перомикик

    Перомикик Нов член

    Зачленет на:
    19 август 2015
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    5
    Да ви раскаже чичо Перо како во минатиот век се мајтапевме со телефоните.
    По направената припрема, земаш телефон ( ако воопшто сте виделе таков - со гајтан и округол бројчаник ) земаш и часовник будилник, ги ставаш у ташна и одиш со автобус на школо. Во преполнот автобус почиња да ти звони будилникот а ти мртов ладен вадиш телефонот од ташна и почињаш разговор.
    Дааа
    Не не е сашо
    Аха важи ке прашам дали е тука
    Се раздеруваш ИМА ЛИ САШО ТУКА
    Кога Сашо ке се пријави дека е тука ти мртов ладен му подаваш телефонот
    Ај јави се баба ти те бара
    Ако КОПУКОТ ја земе слушалката цел автобус се гази од смеење, а тој кутриот, онака сонлив се уште не сваќа ништо
    :):):):):):)
     
    На Viktor k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Нај јака фора што некогаш ја практикувам е кога ќе отидам на гости или досадна слава или роденден па се брзаш да стигнеш на друго место ,а не те пуштаат да си одиш ....
    Треба да си носиш 2 тел , едниот ти стои на маса ,а со другиот од под маса си звониш , како што звони тел на маса ти правиш фаца како демек кај сега најде да звониш и еднаш спушташ , повторно си звониш и као ај да видам што е раб и тогаш стануваш од седечка положба и се чешаш со другата рака на десната веѓа и замижуваш со очите 3 секунди и изговараш добро али не многу гласно :) ,на присутните им се извинуваш и кажуваш дека нареден пат ќе дојдеш без телефони за да не се повтори истото :) ;)

    Ова е повеќе снаоѓање со телефон !
     
    #32 Mnogo Bitno, 19 октомври 2015
    Последна промена: 19 октомври 2015
  3. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112


    Се е во ред, само гледај некогаш на маса да не си со некои што имаат појма од животот и знаат што значат тие гестикулации што ги правиш.
    Чешање со рака на десна веѓа или лева без разлика, преставува дека персоната што го прави тоа видно лаже за нешто, јас да бев во тој момент да те глеав, ќе констатирав веднаш дека всушност си збориш сам со себе, а замижувањето од три секунди, значи дека сега е моментот да ги излажеш тие од масата и ти е неугодно, ама мора, си мислиш во себе шо да им кажеш, она изговарањето тивко „добро“па, кажува се, као шлаг на торта. Пробај со поголема самодоверба другпат, прво себеси да се убедиш, без да мижиш, него обидувај се да бидеш погласен и внимавај со рацете, тие многу издаваат. За да некој не ти шљапне во фаца се`и од кого правиш ти идиоти... Хахаха :D

    Подобро вистината им ја кажи, него ли вака... :rolleyes:
     
  4. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Е кој зафрканци ги теравме на мобилен на фиксен.. Најако ми беше еден другар ми кажуваше за некој што му се заканувал по телефон и слични муабети и му се јавив на фиксен и го зезам Море ако ти дојдам таму има да те искршам знаеш ја сум од волците. Па што ако си од волците ти мислиш ти се плашам...
     
  5. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Добро министерке , вашиот совет ќе си го врзам во крпче (wave):svirka
    Ти незнам што би констатирала кога би седела , се можеш да констатираш ама сигурно нема тоа да констатираш дека си зборам сам , вака некако многу убедливо делуваш (bravo):cool:
     
  6. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112
    Многу добар проценувач сум во живо, без разлика тука како ти делувам... :svirka
    Дури и си патам од тоа. Седам на маса со луѓе, си муабетиме, пред да ми го изнесат својот став, ја веќе знам што е тоа. Што сакаат да ми кажат. :trca
    И кога зборат по телефон, си проценувам од фаците нивни дали зборуваат со домашните нивни или со девојките/дечковците... Од далеку познавам.
    Инаку не, не е тоа поради фактот дека се дружиме, туку и обични луѓе онака на поминување :rolleyes: Колку кладби паднаа така у центар со друштво, ехејј...
     
  7. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Абе тарот од картите си цела :D светот на дланка го имаш ..
    ај кажи ми мене нешто ,ќе си платам де ако треба ;)(wave)
     
  8. Thrashbt

    Thrashbt Староседелец

    Зачленет на:
    6 октомври 2012
    Мислења:
    233
    Допаѓања:
    86


     
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Да сум се јавувала па дека добиле на лото,дека барам некого,дека сум го погрешила бројот
     

Сподели: