Заведување

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Во Србија има сега нова професија,професор за заведување т.с.специјални инструктори кои ќе ги обучуваат момчињата како да им пријдат на девојките со стил,без да окркаат некој шамар или да бидат некултурно одбиени.Мислам дека и кај нас треба да дојдат вакви професори со оглед на се поголем број на посрамежливи и не толку храбри и сигурни во себе млади момчиња.Дали е стравот од неуспех или да не бидат исмеани навистина незнам, но женскиов пол се жали дека веќе нема асални мажи!!Што мислите вие?
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Треба едукација на тоа поле, да се научат машките да бидат малку посамоуверени но треба да се научат и женските дека треба да се спуштат и да сфатат дека љубовта не е бмв, пари, сепаре и глумење недостижност
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Богами и да знаеш дека треба, младите заборавија како да се пријде на девојка на културен, убав и духовит начин, се некако им се сведува на шалабајзерско однесување.Инаку тренингот за заведување траел три месеци,има теоретски дел со посебна литература,практичен дел со вежбање на модел и одење во некои кафичи на пр.со обид во живо на дело.Интересно е , само нашиов менталитет одма со потсмев ги гледа овие професори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: belabelina

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Од секогаш имало и посамоуверени и поповлечени, и покултурни и понекултурни, и онакви момчиња кои знаат како да пријдат на девојка, но и онакви кои не знаат. Од секогаш постоеле и секогаш ќе постојат, зошто сето тоа е нормално. Не може на сите да им иде на љубовно поле подеднакво добро, особено во помладите години, односно кога се понеискусни. Мене сето тоа ми е природно, така да, не знам колку е потребно да постои некаков си професор за заведување. Мислам, во ред е да се разговара, советува, дава идеи, тоа како и да е постои, но тоа се случува помеѓу пријатели и луѓе кои ти се блиски. Или пак, се читало од списанија, сега од интернет портали, ова - она, и тоа е нормално, да се бара совет некаде. Но, искуството е најдобриот начин да се научи што и како е најдобро. Додуше, доста индивидуално е, има секакви девојки со секакви карактери и потреби и вкусови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: belabelina

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Во секој случај мислам дека е потребна таква едукација и кај нас,од причина што во секојдневјето се гледа се поголем број на стари ергени(Беќари) којшто цел негов живот не бил во можност или незнаел да си пронајде девојка или жена како негов сопатник.Има секви мажи,на некои со жените многу лесно им иде,а некои пак незнаат,а и немаат храброст да пријдат на девојка,и така остануваат,можеби чекаат некоја самата да им пријде!?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: belabelina

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Озбилни сте?
Тоа ти е како да постојат професори кои ќе те учат како да дишеш...
Зар ми треба некој да ми каже како да ѝ приидам на девојката која ми се допаѓа?
Па уште во курсот првично спаѓала некоја теорија...
Како се насловени лекциите?
1. Истражувања за освојувачката практика.
2. Што е освојувачка практика?
3. Како не треба да освојувате?
3.1. Џебното чешле и намигнувањето веќе не се привлечни;
3.2. Не ѝ нуди прстен и златни ланац;
...
Не ме дупете во мозок живи сѐ :)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Озбилни сте?
Тоа ти е како да постојат професори кои ќе те учат како да дишеш...
Зар ми треба некој да ми каже како да ѝ приидам на девојката која ми се допаѓа?
Па уште во курсот првично спаѓала некоја теорија...
Како се насловени лекциите?
1. Истражувања за освојувачката практика.
2. Што е освојувачка практика?
3. Како не треба да освојувате?
3.1. Џебното чешле и намигнувањето веќе не се привлечни;
3.2. Не ѝ нуди прстен и златни ланац;
...
Не ме дупете во мозок живи сѐ :)
Мислам дека треба да има вакви професори, тоа ти е исто како што има сексолози, психолози...само колку гниги имаш од тие области, на пр.од како до го подобри животот,како да бидеш среќен,како до квалитетен сексуален живот...па читај на порталите, совет до совет....како до подобар оргазам...техники за ова она....ете ти теории еден куп...но кој ќе чита толку..со инструктор можеби ќе се разбие срамежливоста, однапред ке се спреми како треба и што треба пред "настап"да не заборави или да се доведе во ситуација да остане без текст.Нека има и вакви професии, за секого си има работа, разни луѓе разни карактери.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Колку што се машките по срамежливи и понекултурни толку и женските се повеќе се од големото добрутро... и за крај ова може е за по телефон ама има исто значење и за прв контакт во реалност. Ако нешто те интересира одиш и пробуваш да искомуницираш...

11076174_630971293714535_7781627970496050500_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: belabelina and violetmoon

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Во помалите градови е "битно" батката да биде познат badass момак, па да му обрни колку-толку внимание девојката, ако ништо друго да врати лајк на фејсбук. Во спротивно ќе си поразговараат девојките меѓусебе и ќе заклучат дека е coward.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo