Заблудата околу протеините

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Факт е дека месото содржи најмалку, ама факт е и дека највеќе се добива од производи од животинско потекло.
Ама океј тоа, тоа си е за природно, а кај нас уште никој не е ко типот од клипчето од некоја страна понапред, да си го слуша телото и само на течности да живее, а во последно време се појавија вегани за извоз, па затоа прашањето беше што со Б12 како додаток во форма на таблети?
Другаркава од погоре одбегнува да го пие, а крвта ѝ е заслабната од многуте диети пред да стане вегетаријанец и ѝ е строго препорачан, ама од нејзини убедувања, не пие. Сега прочепкав да видам дека ова што се продава ко Б12, било Цијанокобаламин што телото можело да го конвертира во активни форми на Б12...ќе пробам може со тоа ќе се убеди, ако не изнајде ново нешто.
Да не сфатиш се потсмевам или нешто, лаички си прашувам...дали вака вештачкото внесување е против она вашето дека сѐ треба природно да се лечи и да се добива од природата? Тоа ми беше муабетот околу лишувањето макар и по цена на здравјето.

И ова ми е збунувачко. Овошјата и зеленчуците се плодови од растенија...освен ако не пропуштам некаков процес...
Тоа последното не значи дека витаминот го добиваат преку соковите, но кога пијат само сокови нема потреба од лачење на желудочна киселина и не се оштетува слузокожата во цревата, туку напротив со таквиот начин на исхрана телото целосно се прочистува и регенерира. Муабетот ми е дека ако сме здрави ке си имаме б12 бидејки тие бактерии си живеат во нашите црева и во устата, не треба да го внесуваме витаминот од надвор.

Инаку за вештачкото внесување... тоа си зависи од личниот избор. Другарка ти лошо постапува што до пола ги разбира работите а од пола не. Или нека се посвети малку повеке или нека се одкаже. Лесно ке ослаби ако го прочисти организмот, а организмот не се чисти со пржена храна. Ако нешто и недостасува во организмот, а не е дисциплинирана, подобро е да зема суплементи одколку да биде болна.
Инаку сум слушала дека некој производ од спирулина или пак самата алга спирулина содржи б12. така да тоа може да го зема. Ем е природно ем е растително.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ме интересира што всушност му било на детето, мене ми личи дека дехидрирало.
Мислам дека е позитивно тоа што разменуваме лични искуства, како што кажа темава има поширок обем и мислам дека ваквите мислења не се оф топици.
Јас цел живот патам од тие лекари и некако престанав да им верувам. Во животот имав само една лекарка која навистина ми помогна. Истата ми рече итно да престанам со антибиотици и да почекам телото да се избори само. Две недели лежев болна со загноено грло, немам крајници, но ми беа подуени жлездите на вратот. Инфекцијата од грлото ми се пренесе на белите дробови и добив пневмонија. Инаку често ми се случуваше ова. Неколку години по ред го имав овој пробле. Со антибиотици ми поминуваше но за недела-две повторно се враќаше и така во круг. За тоа време лекарите ми ги извадија крајниците, секој месец бев под антибиотици, инфузии, инекции... Имунитетот ми беше очаен, крвната слика исто така. Освен овој проблем имав и многу други, но да не ги набројувам. Одкако престанав со антибиотици ми се зголеми имунитетот. Одкако престанав да јадам месо тој проблем повеке не се појави, а и се останато.
Истата грешка ја направив и со првото дете, но кога се работи за дете различно размислуваш и постапуваш, најверојатно поради самиот страв и неискуството. Имаше обична настинка проследена со кашлица и педијатарот ни даде сируп против кашлица и антибиотици. Кашлицата не престана, детето доби бронхитис, па пневмонија. Две недели лежевме во ,,Козле,,. Кога се вративме од таму за неколку дена состојбата повторно му се влоши и тогаш за прв пат се сретнав со информацијата дека млекото го предизвикува сето тоа. Одлучив да проба. Ги фрлив лековите заедно со млекото. За една недела детето беше здраво и повеке никогаш не се разболе.
Пред малку повеке од еден месец, помалото доби заушки. Пред да му се појави отокот немаше температура, немаше никаков показател за инфекција. Само му се појави отокот преку ноќ. Отидовме на лекар а лекарката рече дека дефинитивно се заушки и ме искара што детето не е вакцинирано, мислам дека ке ме затепаше таму. Беше многу испаничена се додека не му ги преслуша белите дробови и само наеднаш се сецна. Рече дека се е чисто. Ме праша дали имало температура деновиве, одговорив - не. Сигурно има јак имунитет - рече. Направивме анализи на крв и мокрача и се беше чисто. Во анализите не можеше да се види дека детето има било кака инфекција, се е во ред, детето е совршено здраво. се чудеше докторката, не и се веруваше како и зошто. Нормално не и кажав дека сме вегани. Ни даде упат за инфектологија бидејки не знаеше што да прави и ми рече да се вратам за да препише лекарства. Не отидов на инфектологија, ниту пак ги земав рецептите. Отокот траеше околу 15 дена. температура качи веднаш одкако се вративме од болница која достигна до 39,6. Не му давав никакви лекарста и освен лимонада и чаеви и по некое парче овошје, детето не јадеше ништо. Утредента температурата сама од себе се повлече и тој повторно си беше способен да си игра, да трча да вика...

Најобичен стомачен вирус беше, дехидрира се разбира, откако сѐ исповрати. Таков си беше кога беше помал, не го фаќаше често, не го држеше многу, но едно повраќање и дехидрираше одма. Го доев до година и пол, млеко кравско не сакаше многу, мислам дека многу бргу престанав да го молам да пие. Не пие ни ден денес, освен понекогаш чоколадно млеко, знам дека не е сјајно тоа, но ете, го сака и го пие. Друго од млечни производи ништо. Ни сирење ни јогурт, ни павлака, ни кашкавал. Не им поднесува ни мирис ни вкус. Овошје - лубеница, јаболко, јагоди, мандарини, лимон (и тоа така го јаде, не знам како не му е кисело, лимонада не сака воопшто), зеленчук - грашок, спанаќ, краставица, зелка, моркови, цвекло, пченка и тоа не сварени, не ни обарени, освен пченката и грашокот оти мене ми е страв да му ги давам необарени да ги јаде, инаку и нив би ги јадел така. Грав - со молење и многу многу ретко успешно, леќа, боранија, тиквички ни под разно, компири порано јадеше многу, сега само сварени и со малку сол. Чипси и грицки јаде секој ден, знам дека не е тоа во ред, па гледам барем количински да е минимално, пица, хамбургер исто си сака многу, ама и тоа во месецот јаде понекогаш еднаш или два пати, а многу често и ич. Манџи, чорби, супи, онакви традиционални демек наши јадења, минимално, повеќе не одошто да. Риба обожава. итн итн.

едит - пилешко, сардина, туна да, паштета, салама да, но не секој ден и не во секој оброк. Кечап - многу. Мајонез не. Сенф понекогаш.
 
Последна промена: